Еквадор го замоли Форин Офисот да обезбеди документ со кој ќе му се дозволи на Асанж да биде хоспитализиран, доколку тоа е потребно, а потоа да се врати во амбасадата без да биде уапсен.
Еквадор е загрижен за здравствената состојба на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж и ги замоли властите во Велика Британија да му гарантираат безбедно префрлање од еквадорската амбасада во болница, изјави еквадорскиот заменик министер за надворешни работи Марко Албуха Мартинес.