Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ги обвинил САД дека потрошиле милијарди долари за да ја оттргнат Украина од влијанието на Русија и да ја стават на своја страна.
-Доколку тоа не може да се направи со членство во НАТО, тогаш треба да стане независна од влијанието на Москва,да се намали рускиот воено-индустриски комплекс и руските поморски бази на Крим, рекол Асанж од еквадорската амбасада во Лондон, во интервјуто за аргентински медиум.
Во интервјуто кое го пренесува Русија денес, Асанж, оценил дека Исламската држава е “резултат на авантуризмот на Западот“.
Како што додал тој, последица од сето тоа е дека Вашингтон повеќе не е “единствен играч на Блискиот исток”, бидејќи Турција, Катар и Саудиска Арабија ја зголемиле својата моќ.
Асанж навел дека меѓу документите на Викиликс има и такви кои докажуваат дека Израел на почетокот го поддржувал Хамас, за да направи раздор меѓу Палестинците