Асанж: САД потроши милијарди долари да ја “украде” Украина од Русија


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ги обвинил САД дека потрошиле милијарди долари за да ја оттргнат Украина од влијанието на Русија и да ја стават на своја страна.

-Доколку тоа не може да се направи со членство во НАТО, тогаш треба да стане независна од влијанието на Москва,да се намали рускиот воено-индустриски комплекс и руските поморски бази на Крим, рекол Асанж од еквадорската амбасада во Лондон, во интервјуто за аргентински медиум.dzulijan-asanz-1338371354-168714

Во интервјуто кое го пренесува Русија денес, Асанж, оценил дека Исламската држава е “резултат на авантуризмот на Западот“.

Како што додал тој, последица од сето тоа е дека Вашингтон повеќе не е “единствен играч на Блискиот исток”, бидејќи Турција, Катар и Саудиска Арабија ја зголемиле својата моќ.

Асанж навел дека меѓу документите на Викиликс има и такви кои докажуваат дека Израел на почетокот го поддржувал Хамас, за да направи раздор меѓу Палестинците

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1