Ако децата штрајкуваат казна 2.000 евра за родителите?


Иако беше постигната целта математиката да не се полага задолжително, решение кое беше постигнато меѓу МОН и Средношколската унија, сепак се најавува бојкот на наставата од Средношколски пленумpari

Според законот, во случај на бојкот Членот 109 пропишува глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече за прекршок на родителот, односно старателот на малолетниот ученик ако нередовно го посетува училиштето.

Член 44 од законот утврдува дека статусот на редовен ученик во јавното училиште престанува ако ученикот неоправдано не ја посетува наставата континуирано 25 наставни дена во текот на наставната година.

Член 53 од законот вели доколку ученикот кој во текот на наставната година направил вкупно најмалку една третина оправдани и неоправдани изостаноци од фондот наставни часови од одредени предмети утврдени со наставниот план, полага испит на годината по тие предмети.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1