21/04/2020 14:57
•
Posted by: MK News
Пациентка на возраст од 40 години рано изутринава почина на Универзитетската клиника во Косово. Жената со иницијали В.П. живеела во Ѓаковица и била бремена. На интензивна нега се лекувала од 15 април. Со ова бројот на смртни случаи во Косово достигна 16 лица.
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2020 14:56
•
Posted by: MK News
При пушење цигара прстите се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вируси од рака на уста. Ова ги прави пушачите поранливи на COVID -19 и затоа треба да бидат особено внимателни, предупредува министерот Венко Филипче на фејсбук. -Пушачите исто така може да имаат веќе заболувања на белите дробови или намален […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2020 13:53
•
Posted by: MK News
Уште од средно училиште, Габриел Вортман (51), стоматолог со повеќе сопствени клиники во Нова Шкотска, бил опседнат со полициско работење, полициски „сувенири“ и фалење со своето хоби – обновување на стари полициски автомобили. Стоматологот почина во изминатата ноќ во престрелка со полицијата, откако усмрти 17 жртви на повеќе локации низ покраината Нова Шкотска. Ова е […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2020 13:48
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека деновиве до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани преку електронска пошта во врска со наводна тековна истрага. „Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2020 13:45
•
Posted by: MK News
Најмалку 16 лица се убиени во напад што траеше 12 часа во канадската провинција Нова Шкотска. Габриел Вортман (51) пукал кон луѓе во неколку места во таа провинција. Властите се уште не утврдиле точен број на жртви и нивниот број може да се зголеми. Ова е најтешкиот масакр во историјата на Канада . Во 1989 […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2020 13:40
•
Posted by: MK News
Премиерот Оливер Спасовски најави почеток на враќање на процесот во нормала по првомајските празници. – Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала.Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил. Премиерот Спасовски пред два дена на онлајн прес – видеосесијата Ковид-19 „Ретроспектива: коронавирус МК“, информираше […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2020 13:36
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200. Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2020 13:33
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил упати честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. -Драги пријатели, Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Оваа година прославуваме различно, без големи собири и дружења. Но, празникот е време да се потсетиме кои работи […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2020 09:30
•
Posted by: MK News
ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСE! Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2020 09:00
•
Posted by: MK News
Во домашна атмосфера, а следејќи ги преку интернет воскресенските литургии, православните верници го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваа воскресенски литургии. Во живо […]
______________________________________________________________________________________________________
18/04/2020 14:55
•
Posted by: MK News
Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/04/2020 14:53
•
Posted by: MK News
Сите превентивни мерки кои ги преземавме на почетокот и сите мерки што ги носевме како надградба, во смисла на рестрикација на движењето, препораки за организација и обезбедување доволна физичка дистанца сега даваат резултат. Сето тоа доведе да имаме линеарен пораст на пацинети и да имаме број на пациенти што може да биде примен во болниците […]
______________________________________________________________________________________________________
18/04/2020 14:52
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови. Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2020 14:49
•
Posted by: MK News
Од денеска се воведува забрана за движење во шуми и шумско земјиште поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор. Забраната ќе важи од 06 до 20 часот, а ваквата одлука е донесена по барање на јавното претпријатие „Национални шуми“. Забраната не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите кои […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2020 14:46
•
Posted by: MK News
Попладне во 16 часот почнува 85 часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава. Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2020 14:43
•
Posted by: MK News
Владата на вчерашната седница донесе две уредби со законска сила по предлог на Министерството за економија, а се однесуваат за работата на трговците и концесионерите на минерални суровини. Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информира дека е донесена уредба за примена на Законот за трговија со која се поставува ред и дисциплина при […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2020 09:03
•
Posted by: MK News
Пендаровски донесе одлука за нови 30 дена вонредна состојба. Свесен дека Уставот не предвидува продолжување на оваа мерка, ниту надлежен орган за донесување на оваа одлука, шефот на државата вели дека ја превзема одговорноста бидејќи во ово момент заштитата на здравјето на граѓаните е најважно. Јас денеска врз основа на нов образложен предлог од Владата, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2020 15:18
•
Posted by: MK News
Бискупот Џералд Глен, пастор и основач на Евангелистичката црква „Ново Спасение“ во Вирџинија, починал во саботата од компликации од заразата со коронавирус, соопшти во неделата неговата црква, пренесува CNN. И покрај предупредувањата од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во кои се препорачува избегнување масовни собири и одржување социјална дистанца, Глен за […]
______________________________________________________________________________________________________