03/04/2020 17:10
•
Posted by: MK News
Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник. Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2020 17:08
•
Posted by: MK News
Пренос во живо од прес-конференција на министерот за здравство
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2020 15:20
•
Posted by: MK News
Вработен во службата на Итна помош заразен од корона вирусот, потврди Директорот на Здравствен дом, Виктор Исјановски. Според информации на Канал 5, возачот пред неколку недели превозувал лице заразено со вирусот, а поради тоа, самиот закажал тестирање во еден од пунктовите во Скопје. Утрово добил известување дека е позитивен на КОВИД 19. До денеска возачот […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2020 15:18
•
Posted by: MK News
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип донесе одлука за осумдневен притвор за двајцата штипјани, на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда. Видеото кое го снимале вчера беше објавено на социјалните мрежи. Двајцата штипјани по одлуката на судијата на претходна […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2020 15:16
•
Posted by: MK News
Во кумановската болница има 11 здравствени работници позитивни на коронавирусот. Директорката на болницата Снежана Захариева изјави дека од вкупно заболените двајца се доктори, тројца се ренген техничари, три се сестри на Одделението за хирургија, две се сестри на Инфективното одделение и една медицинска сестра од Одделот за неонатологија. – Министерството е информирано за оваа ситуација […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2020 15:12
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2020 14:38
•
Posted by: MK News
Со вториот пакет мерки на Владата насочени кон надминување и ублажување на последиците од здравствено-економската криза, покрај заштита на работните места, една од клучните мерки е и паричната помош на лицата и семејствата на кои таа им е потребна, изјави денеска заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар на заедничката прес-конференција во Владата […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 18:37
•
Posted by: MK News
Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите. -Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е koronavirus.gov.mk на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 18:35
•
Posted by: MK News
Сите јавно-здравствени установи се придржуваат до препораките за третман на итни и неодложни пациенти, вклучувајќи ги и оние со малигни заболувања. Во болниците има наредба според која, мора да постојат делови (амбуланти, патеки на движење) за овие пацинети. Притоа, на ниту еден пациент не му е скратена услугата, во ниту една здравствена установа, рече попладнево […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 17:04
•
Posted by: MK News
За најновата ситуација со коронавирусот во земјава министерот за здравство Венко Филипче во 17 часот, ќе одржи прес-конференција.
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 16:54
•
Posted by: MK News
Лицата со лесна форма на болеста и без ризик за компликации се лекуваат во домашни услови. Матичниот/семеен лекар треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку дневни телефонски повици и доколку е можно, преку посети во домот на пациентот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 16:53
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство во Штип, како што соопштија, отворило предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавени видео записи во кои се гледа насилство извршено над едно лице. Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично правниот предмет преку прибирање на материјални и вербални […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 16:46
•
Posted by: MK News
Резултатите на две лица кај кои по смртта е земен брис за тест на Ковид – 19, маж од Битола и родилката од Охрид, која почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се негативни на Ковид – 19, соопшти МЗ. Резултатите на две лица кај кои по смртта е земен брис за тест […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 16:38
•
Posted by: MK News
„ЕВН Македонија” соопшти дека донирала 200.000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем за справување со Ковид 19, а исто така го донирала приклучокот за електрична енергија во вредност од 10.000 евра за мобилната (полска) болница, што е подигната во рамки на Клиничкиот центар […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 16:30
•
Posted by: MK News
Нови 30 случаи на корона вирусот во земјава за изминативе 24 часа. Вкупната бројка на заболени се искачи на 384. Новите бројки од Министерството за здравство покажуваат дека најмногу од новозаболените се од Скопје – вкупно 12. Следува Прилеп со 9 случаи, во Куманово има 8 а во Крива Паланка е регистриран еден случај изминатово […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 16:29
•
Posted by: MK News
Вознемирувачко видео утринава се појави на социјалните мрежи. Двајца штипјани со клоци и тупаници брутално тепаат девојка.. На видеото може да се забележи како едниот од насилниците држи тест за бременост во раката, додека беспомошната девојка очајно моли да престанат да се иживуваат врз неа. Чинот на екстремно насилство паралелно го вршат и двајцата, додека […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 10:49
•
Posted by: MK News
Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба ќе може да останат дома цело време додека трае вонредната состојба. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека се подготвува законската измена која ќе овозможи продолжување на породилното отсуство. „За породилното отсуство дискутиравме со Фондот за здравство но се дискутираше и на Централниот […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2020 09:45
•
Posted by: MK News
Четири вработени во штипската болница ќе бидат во самоизолација, бидејќи биле во контакт со пациентка на возраст од 80 години, која е позитивна на коронавирус. Во Куманово, пак, медицинска сестра вработена на Клиниката за пулмологија дошла на работа без симптоми, за вчера, да има зголемена температура и да биде позитивна на коронавирусот, рече на прес […]
______________________________________________________________________________________________________