Archive by Author

Денеска е Цветници

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Цветници секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Католиците го празнуваат Велигден

Верниците на Римокатоличката црква денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. По повод празникот, бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати велигденска честитка. – Драги браќа и сестри, преку Великиот пост имавме можност да почувствуваме дека и покрај сите технички достигнувања, некако сме изложени на опасност и страдања, дека во нашиот живот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава за објавување списоци со наслов Корона вирус – КОВИД 19 со лични податоци на социјалните мрежи

Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) денеска поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство врз основа на член 149 од Кривичниот законик за злоупотреба на лични податоци, заради неовластено објавување на списоци со наслов Корона вирус -КОВИД 19 за граѓани на РМ на кои се објавени имиња, датум на раѓање и адреса на живеење. Согласно […]

______________________________________________________________________________________________________

Владини членови биле во контакт со Заев, чекаат насоки од Филипче дали ќе се тестираат

Членови на Владата имале контакт со претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е тестиран за Ковид19, откако имал контакт со заболено лице. Неговите резултати се чекаат, а дали ќе бидат тестирани ќе добијат информација од министерот за здравство. Ова го истакна минисерката за финансии Нина Ангеловка одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфренција по средбата […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Во самоизолација сум и покрај негативниот тест, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил потврди дека е во самоизилација, иако резултатите на тестот што бил направен се негативни. -Почитувани сограѓани, поврзано со информациите кои произлегоа за мојата здравствена состојба сакам да информирам дека до овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција. Во текот на вчерашниот ден, по […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Во самоизолација сум во мојот дом во Струмица, немам симптоми

Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку неговиот фејсбук профил потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирусот, се чувствува добро и го чека резултот од тестот кој му е направен денеска. -Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев и Мицкоски во задолжителна домашна изолација по контакт со заразен новинар

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека по добиената информација дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на корона вирусот и дека лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имале контакт со истиот тие се ставени во задолжителна домашна изолација. Истиот новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите […]

______________________________________________________________________________________________________

Четиримесечно бебе болно од Ковид-19 се лекува на Инфективната клиника

Според информациите на Канал5 бебето е хоспитализирано на Инфективната клиника, во стабилна состојба е и дише нормално, но има осипи, во склоп на инфекцијата, а послаба му е и крвната слика. За него се грижат педијатри и му е одреден специфичен начин на исхрана. Инаку, од вкупниот број заболени од корона во Македонија, неполни 7% […]

______________________________________________________________________________________________________

Позитивен случај на корона во старски дом во Битола, 8 лица во изолација

Негативни се резултатите на Ковид 19 на лицата кои биле во иста соба со заболениот 85-годишен пациент кој бил сместен во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ од Битола. Од Центарот за јавно здравје информираат дека првите пристигнати три резултати се негативни, а се очекуваат резултатите од земените брисеви на уште околу 20-тина лица од […]

______________________________________________________________________________________________________

46 новозаразени од коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува […]

______________________________________________________________________________________________________

Ангеловска: Забуна е што мерката 14.500 денари плата се пресметува како нето

Со мерката целосно се покриваат платите за вработените во угостителскиот сектор, вели Министерката за финансии Нина Ангеловска. Миистерката за финансии, Нина Ангеловска, во гостување во „Економски магазин“ ги појаснува сите забуни околу мерката 14.500 денари плата. Таа вели дека не станува за нето износ, а оваа мерка ќе може да ја искористат сите компании кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Синот на српскиот претседател Вучиќ заразен од коронавирус

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е примен на Инфективна клиника поради коронавирус. Дека Данило е болен, соопшти лично српскиот претседател преку Инстаграм. Тој истакна дека предавањето не е опција и порача: „Сине, ќе го победиш ти тоа!“

______________________________________________________________________________________________________

Во САД втор ден по ред околу 2.000 смртни случаи

Втор ден по ред, во САД се пријавени околу 2.000 смртни случаи поврзани од новиот коронавирус, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс. Починатите вчера беа 1.973 година, нешто повеќе од смртните случаи претходниот ден – 1939 година. Вкупно смртните случаи во САД се 14.695. Така, САД ја надминуваат Шпанија, каде има 14.555 починати, но останува […]

______________________________________________________________________________________________________

МЗ: Почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово

„Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато […]

______________________________________________________________________________________________________

Потврдени 18 нови случаи на Ковид-19, вкупно 617 – 5 излечени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Од Клиниката за инфективни […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Франција најтежок ден до сега – над 1.400 луѓе ги загубија животите од коронавирус

Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден. Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица. Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 […]

______________________________________________________________________________________________________

Јавен повик за онлајн работа – достава на прехранбени продукти од маркети, аптеки, ресторани во Општина Карпош

Како резултат на пандемијата со коронавирус и воведениот полициски час, Општина Карпош објавува Јавен повик и пријава за онлајн работа и достава на продукти од храна од маркети, ресторани, производи од аптеки и слично на територијата на општината. Работното тело за координација на состојбата со коронавирусот во Општина Карпош ги повикува сите заинтересирани правни субјекти […]

______________________________________________________________________________________________________

Дозволи за движење за лицата со попреченост, со придружник, за време на полицискиот час

Владата на Република Македонија на денешната 38-ма седница на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост. За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1