08/04/2020 14:41
•
Posted by: MK News
Министерот за економија Kрешник Бектеши денеска изјави дека не се вистинити информациите што вчера ги изнесе Туристичко угостителската комора на Македонија дека правните субјекти од угостителските дејности нема да ги користат мерките за поддршка, бидејќи поради големиот интерес фондот за средства преку Банката за развој бил дополнет со 8 милиони евра. Сега, рече Бектеши, не […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2020 14:36
•
Posted by: MK News
Од скопската полиција потврдија дека претпладнево имале интервенција на три локации каде било пријавено дека се најдени три починати лица од машки пол. На скопскиот кеј покрај Вардар утрово околу 9:50 човек што трчал на патеката се струполил и паднал. Повикана е итна помош и полиција, но откако е констатирана смрт на човекот отворена е […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2020 09:28
•
Posted by: MK News
Запрашан да се обрати до нацијата, министерот за здравство Венко Филипче, во “Топ тема” на Телма телевизија, вечерва ја пренесе сликата од болниците и упати силна порака до граѓаните: “Сите имаме многу голема одговорност. Мора да сме сите свесни дека ако не се почитуваат мерките нема да имаат никаков ефект. Имаме работа со болест која, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 17:56
•
Posted by: MK News
Во Скопје на Клиниката за дигестивна хирургија, едно лице од техничкиот персонал, кажал дека има заболени во неговото семејство, се уште не потврдени за коронавирусот. Утре сите ќе бидат тестирани и неговите колеги- рече Филипче. Министерот за здравство, Венко Филипче одржа редовна прес-конференција во Владата, каде ги изнесе најновите податоци за новозаболените пациенти од коронавирусот. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:55
•
Posted by: MK News
Употребата на медицински маски може да ја намали брзината на ширење на смртоносниот коронавирус, тврди меѓународна група научници, пренесува списанието „Натурал медицин“. Во лабораториски услови, маските значително ја намалиле количината на честички на разни вируси што се шират кај пациентите. Нивниот број е регистриран преку специјалниот апарат „Гезундхајт 2“, кој го симулира човечкото дишење и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:46
•
Posted by: MK News
Град Скопје напоменува дека во времетраење на вонредната состојба, нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови. Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за висината […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:43
•
Posted by: MK News
Регулирање на превозот во СВР Охрид и Регионалниот центар Запад за полициските службеници и евидентирање на работните часови на инспекторите во МВР кои се ангажиирани на пунктовите во Куманово, побара денеска на прес-конференција претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев. Според неговите информации кои, како што рече, што секојдневно му пристигнуваат од терен, многу […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:40
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:38
•
Posted by: MK News
Српското Министерството за здравство и институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ проследија до локалните самоуправи инструкции, со кои се наложува дека сите заразени лица со коронавирус мора да се да се лекуваат во ковид болниците или во импровизираните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има лекување […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:37
•
Posted by: MK News
Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни и селективни и ќе придонесат за нивно дополнително задолжување. – Ние овде од сектор угостителство од сите градови сакаме да дадеме до знаење дека сме свесни […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:36
•
Posted by: MK News
По повод, Меѓународниот ден на здравјето, 7 април, со обраќање до здравствените работници, Министерот за здравство, Венко Филипче им оддава признание за клучната улога која ја имаат тие во здравствената нега и грижата за нашето здравје: „Драги колеги, Ова обраќање ви го посветувам на вас, здравствените работници. Во овие моменти, исправени пред најголемиот светски здравствен […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:34
•
Posted by: MK News
Државниот инспекторат за труд апелира до вработените да не потпишуваат договори или отказни решенија ако не се сигурни што тие значат. Препорака е да се внимава што се потпишува или да се направи консултација со стручни лица. Директорот на Трудовиот инспекторат Аљадин Хавзиу денеска на прес-конференција во Владата потврди дека до нив се стигнати претставки […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 15:33
•
Posted by: MK News
Студентите кои имаат потреба да ги посетат студентските домови за да подигнат оставени лични работи ќе може да го направат тоа во следните четири дена почнувајќи од денеска, во одредени периоди од деновите согласно со вонредниот полициски час и дополнителните ограничувања во слободата на движење. Директорот на Државниот студентски дом „Скопје“ Дарио Николовски на својот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 09:38
•
Posted by: MK News
Лицата позитивни на КОВИД-19 без здравствено осигурување, ќе се лекуваатна товар на Фондот. Во рамки на 36-тата седница, денеска, беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба според која на осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонес […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2020 09:01
•
Posted by: MK News
Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне… Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2020 21:30
•
Posted by: MK News
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е пренесен во одделот за интензивна нега откако се влоши неговата состојба, соопшти Даунинг стрит. Портпаролот изјави: Од неделата навечер, премиерот беше под грижа на лекарите во болницата „Свети Томас“, Лондон, откако беше примен со постојани симптоми на коронавирус. Во текот на ова попладне, состојбата на премиерот се влоши […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2020 17:31
•
Posted by: MK News
Постојат претпоставки дека лицата кои што ја примиле БСЖ вакцината се поотпорни на корона вирусот. Ова денеска ги истакна доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на прес-конференцијата во Владата, нагласувајќи дека посебно во нашиот регион, односно на Балканот и нашата држава, се уште се дава доза од оваа вакцина. -Претпоставката е дека како […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2020 17:26
•
Posted by: MK News
Утрово на Клиниката за инфективни болсети се примени десет пациенти, истакна министерот, хоспитализирани се вкупо 70 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика, другите се со среднотешка клиничка слика. Министерот за здравство Венко Филипче одржа заедничка прес-конференција во Владата заедно со премиерот Оливер Спасовски и д-р Владимир […]
______________________________________________________________________________________________________