Archive by Author

Трета жртва од корона вирус во Македонија

Починала жената заболена од коронавирус која на 7 март годинава од Дебар беше трансферирана на Инфективната клиника. Хоспитализиран е и нејзиниот сопруг. Сопружниците беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија. Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца припадници на Армијата позитивни на коронавирусот

Подофицер и војник во Армијата на Република Македонија се позитивни на коронавирусот Ковид-19, соопшти денеска Генералштабот на Армијата. Двајцата извршувале работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал. -Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на истиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Пет лица од Клиниката за кожни болести се позитивни на коронавирус

Пет од 29-те нови регистрирани случаи позитивни на коронавирусот се лица поврзани со заболената поранешна директорка на Клиника за кожни болести. Тие се асимтоматски, без симптоми на заболување, но нивните тестови за коронавирусот се позитивни. Лицата биле и ќе останат во домашна изолација, и ќе бидат во контакт со лекари од Инфективната клиника. Како што […]

______________________________________________________________________________________________________

29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 177 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти. […]

______________________________________________________________________________________________________

Објавен јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски

Владата денеска објави јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (COVID 19) за време на вонредната состојба. Јавниот повик ќе трае 24 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да бидат доставени најдоцна до 26 март 2020 година до […]

______________________________________________________________________________________________________

Во пожар изгоре локалната ТВ Вис во Струмица

Рано утрово избил пожар во зградата на поранешната касарна во Струмица каде се сместени просториите на регионалната телевизија ТВ Канал Вис. Како што објавија од телевизијата, во пожарот кој избувнал во 2 часот утрово зафатени биле телевизиското студио и техниката, но и другите простории во старата касарна. Против пожарните екипи се уште се на терен. […]

______________________________________________________________________________________________________

Принцот Чарлс заразен со коронавирус

Британскиот Принц Чарлс бил тестиран на коронавирус, тестот бил позитивен. Принцот од Велс кој е на возраст од 71 година има многу благи симптоми на коронавирусот и се чувствува добро, пренесува ББЦ. „Војвотката од Корнвол е исто така тестирана на коронавирус, но нејзиниот тест е негативен.Во склад со препораките од Владата и докторите, принцот и […]

______________________________________________________________________________________________________

Лекарка што била во контакт со починатата жена од Куманово, има коронавирус

Двајца доктори и две сестри од кумановската болница се позитивни на коронавирусот, но се во стабилна здравствена состојба и се во домашна самоизолација, информира директорката на кумановската општа болница, Снежана Захариева. – Тие се во домашна самоизолација, бидејќи немаат потреба од болничко лекување. Засега немаат покачена телесна температура, ниту други симпотми и поради тоа не […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче во моментов одржува прес-конференција на која ке изнесе податоци за новозаболените лица заразени со коронавирус.

______________________________________________________________________________________________________

ЕУ одлучи да почне преговори со Македонија и Албанија

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. – Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог. Министрите […]

______________________________________________________________________________________________________

Делчевски фирми во акција за изработка на заштитни маски

Делчевски фирми експресно одговорија на повикот на општина Делчево и се вклучија во набавката и изработката на платнени маски за лице за потребите на граѓаните во насока на заштита од заразата од КОВИД-19. Како што информираа од општината фирмата Алпин-ком донираше материјал за изработка на 4.000 маски, а во акцијата се вклучуваат и други конфекции. […]

______________________________________________________________________________________________________

Црвен крст на град Скопје дистрибуира хигиенски средства за граѓаните од трето доба

Црвен крст на град Скопје соопшти дека со финансиска поддршка од Државна Лотарија од денеска ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита за себе и домот за ранливите категории на немоќни лица од најзагрозената категорија граѓани од трето доба. Преку активностите, како што се посочува, ќе бидат опфатени лица од најранливата група граѓани, на […]

______________________________________________________________________________________________________

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

„Алкалоид АД Скопје“, денес донираше износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза. Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но […]

______________________________________________________________________________________________________

Зоран Дамчески, графички дизајнер од Прилеп изработи заштитни маски на 3 Д принтер за лекарите

Кој долго време работел и живеел во странство а, гледајќи што се случува со корона вирусот во Милано преку светската група на дизајнери од неговите колеги од Италија добил насоки како на 3Д принтери да изработи штитници и со помош на вработени од прилепската фирма „И Принт“ и скопската „Арчер“ од специјална пластика без надомест […]

______________________________________________________________________________________________________

Марти Ахтисари е позитивен на коронавирусот

Поранешниот претседател на Финска и некогаш специјалниот пратеник на Обединетите нации за преговори со статусот на Косово Марти Ахтисари е позитивен на коронавирусот. Според соопштението на кабинетот на претседателот на Финска, инфекцијата кај Ахтисари е потврдена вчера. Марти Ахтисари има 82 години и спаѓа во ризичната група на заболени.

______________________________________________________________________________________________________

Карпош почнува со вонредна дезинфекција на згради

Општина Карпош, од денеска започнува со вонредна дезинфекција на колективните станбени единици – згради, кои имаат повеќе од осум домаќинства. Дел од комуналните служби на Општината ќе вршат дезинфекција на влезните врати и влезните делови од зграда, гелендери, сандачиња и лифтови. Дезинфекцијата ќе се изврши со дезинфекциско средство за јавни површини и домаќинства. Оваа мерка […]

______________________________________________________________________________________________________

Упатство за граѓаните за закажување на тестирање за коронавирус кај матичен лекар

Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Матичниот лекар […]

______________________________________________________________________________________________________

Регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти. Според местото на живеење, досега случаи […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1