Archive by Author

Во Италија заразени пет деца од коронавирус , италијанска туристка починала во Австрија

Пет малолетни лица биле заразени со коронавирус во Италија. Во Ломбардија има четири и едно во Венето. Во Ломбардија, двајца се хоспитализирани. Весникот Кориере дела Сера не кажува кои две деца се во болницата, само наведуваат дека во болницата е девојче на 4 годишна возраст и дека се заразени уште две 10-годишници и едно на […]

______________________________________________________________________________________________________

Матија е првиот кој се зарази од коронавирусот во Италија – заразена и неговата бремена сопруга

Во Италија прв кој се зарази од коронавирусот е мажот на кој му е познато само името, станува збор за 38-годишниот Матија, кој поради респираторните проблеми бил хоспитализиран на одделението на интензивна нега во Кодоња, а во моментов се наоѓа во болницата Сан Матео, 35 килоемтри јужно од Милано. Тоа го соопштил портпаролот на италијанската […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: „Блажени се тие што градат мир“- натписот на надгробната плоча на Трајковски аманет за сите политичари

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната несреќа во Мостар, БиХ во која загина поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својот профил на Фејсбук порача дека продолжуваат да го следат неговиот пример. „Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

16-години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Денес се навршуваат 16 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина на 26-ти февруари 2004 година во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. По повод одбележувањето на 16-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа крај Мостар, Босна и Херцеговина, делегации од […]

______________________________________________________________________________________________________

Корона вирус во Грција – Жена во Солун

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор за 38-годишна државјанка на Грција која допатувала од Италија, изјави претставникот на грчкото министерство, Сотирис Циодрас, пренесе „Ројтерс“. Грчката агенција „АНА“ навде дека случајот е потврден во Солун.

______________________________________________________________________________________________________

Ако имате симптоми на коронавирус, јавете се на овие телефонски броеви

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил повторно ги посочи телефонските броеви на кои граѓаните може да пријават доколку имаат сомнителни симптоми налик корона вирусот.

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ маршираше против неправдата

Над 19.000 граѓани присуствуваа на денешниот протест за правда што го предводеше партијата ВМРО-ДПМНЕ, тврдат организаторите. Протестот започна пред зградата на Основното јавно обвинителство, а заврши пред Врховниот суд. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски праша кој одговараше овие три години додека Зоран Заев е на власт, на денешниот протест од Јавното обвинителство до судскиот комплекс […]

______________________________________________________________________________________________________

Информативен мрак: операторите ќе прекинат со реемитување на домашни и странски ТВ канали освен на МТВ

Здружението на информатичко-комуникациски технологии соопшти дека едногласно имаат одлучено да го прекинат реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори, за што се обединети сите оператори. Тие ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Ваквата одлука на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се должи на новите измени на […]

______________________________________________________________________________________________________

Патникот од Италија примен на Инфективна нема коронавирус – уште едно лице се тестира

Лицето кое ноќеска беше примено на Инфективната клиника во Скопје, е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ . Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не […]

______________________________________________________________________________________________________

Коронавирусот стигна во регионот: Потврден првиот случај во Хрватска

Хрватските власти предмалку го потврдија првиот случај на заразен со коронавирус. Станува збор за младо лице кое е сместено на Клиниката за инфективни болести во Загреб. Веста ја соопшти хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вонредна прес-конференција. Тој рече дека момчето се чувствува добро, а вирусот е во поплага форма. Заразеното момче престојувало во Милано помеѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

Три деца загинаа во експлозија во Романовце, на повредите им подлегна и 58-годишен маж

На Клиниката за неврохирургија во Скопје, синоќа починал и четвртиот тешко повреден во експлозијата во кумановското село Романовце. Станува збор за 58-годишен маж. Уште три лица се во тешка состојба и се наоѓаат на лекување во Скопските клиники. Несреќата се случи вчера во 10 часот, кога при експлозија на плинска боца загинаа три деца, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина легендарниот пејач на народна музика Ѓорѓи Желчески

Почина македонскиот печај Ѓорѓи Желчески, кој зад себе остави бројни хитови. Прилепскиот пејач почина на 82-годишна возраст. Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година. Желчески беше оженет со пејачката Кевсер Селимова со која живееше во Белград, а летните месеци ги минуваа во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска. Селимова и Желчески имаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Граѓаните да ги откажат патувањата во Италија доколку немаат итна потреба

Граѓаните доколку немаат итна потреба, да ги одложат патувањата за регионот на Северна Италија, апелираше попладнево министерот за здравство Венко Филипче по најновите случаи на заболени и починати од коронавирус во Италија. – Денеска бевме во интензивен контакт со нашиот конзул во Венеција. Во овој момент нема податоци дека имаме заболени или под опсервација наши […]

______________________________________________________________________________________________________

Откажани спортски натпревари и знамиња на пола копје: Утре ден на жалост во Куманово

Утре е ден на жалост во Куманово, едногласно одлучија советниците на денешната вонредна седница на Советот, закажана по повод вчерашниот трагичен настан во Романовце каде што во семејна куќа по експлозија на плинска боца и пожар на место загинаа три дечиња, подоцна и 58 годишен маж го загуби животот, а вкупно седумина беа повредени. Знамињата […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети, Османи и Бајрами сведочат за „Монструм“

Ахмети пред судот кажа дека за петкратното убиство кај Смилковското езеро дознал следниот ден од медумите. Како лидер на партија бил загрижен дека по настанот ситуацијата може да ескалира, а за случајот разговарал со високи претставници од САД и Европската унија. Тој во изјава за медиумите кажа дека не може да суди дали обвинетите се […]

______________________________________________________________________________________________________

Донесени 4 ослободителни и четириесетина условни пресуди за ,,Змиско око“

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврати Кривичниот суд донесе пресуди, но Апелациониот суд ги укинуваше, по што судењето по трет пат почна од почеток. Се пресудија четири ослободителни и четириесетина условни пресуди. Процесот кој датира од пред тринаесет години неколку обвинети […]

______________________________________________________________________________________________________

ВНИМАВАЈТЕ: Повици од неидентификувани броеви од странство

Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците. Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пасошка криза: 16.000 барања, a само 3.000 обрасци за нови пасоши

МВР очекува во март да добие 100.000 обрасци за патни исправи. Во моментов се преостанати 3.700 обрасци, од нив 650 ќе бидат за издавање патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет. До пристигнување на новата пратка обрасци системот за издавање патни исправи се размислува да биде ставен вон функција, информира […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1