19/10/2025 21:22
•
Posted by: MK News
51 кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е во водство во првиот круг од локалните избори, според првите официјални резултати што ги објави Државната изборна комисија. Вреди води во 9 општини, ДУИ води во 6, СДСМ во 9 општини, Демократска патија на Турците во 1 општина.Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, а Максим Димитриевски води во Куманово. […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 21:19
•
Posted by: MK News
Од прес центарот на СДСМ во живо на прес конференцијата, на која се очекува да се соопштат првите впечатоци и извештаи од изборниот ден.
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 21:08
•
Posted by: MK News
Стигнаа и првите резултати од Државната изборна комисија за градоначалник на Скопје, Од деосега преброените гласови, процентите на освоена доверба на глсачите за градоначалник на главниот град се следниве.Првични резултати за градоначалник на Скопје.Извор ДИК:ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ) 42,22%;АМАР МЕЦИНОВИЌ (ЛЕВИЦА) 11,00%;КАЈА ШУКОВА (СДСМ) 8,73% Обработени 23,56% од избирачите – Во моментов, водечка позиција во трката […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:57
•
Posted by: MK News
Актуелниот градоначалник на Штип и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Иван Јорданов прогласи победа. – Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:55
•
Posted by: MK News
Демократската унија за интеграција прогласи победа уште во првиот круг во две Општини. Арбер Адеми соопшти дека Липково и Пласница добиле градоначалници од редовите на ДУИ. Со победа во првиот круг избори во Липково е завршен изборниот процес и без втор круг Еркан Арифи победи со сооднос 3:1. Исто така изборите завршија во Пласница, каде […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:52
•
Posted by: MK News
Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, најави голема двојна победа на партијата и коалицијата уште во првиот изборен круг. „Ова е победа на делата, на чесноста и на вистинските луѓе. Прилепчани покажаа дека ја препознаваат вистинската работа и вистинскиот човек. Ова не е само победа, ова е порака дека заедно ја […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:50
•
Posted by: MK News
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, веќе прогласи победа во првиот круг. Историска победа!!! објави Скопје1.мк
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:46
•
Posted by: MK News
Кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата Вреди, Изет Меџити, според неофицијални резултати, е во убедливо водство пред противкандидатот Бујар Османи од ДУИ, јавуваат медиуми на албански јазик во Македонија. Како што пренесуваат извори блиски до коалицијата Вреди, Меџити е на пат да ја обезбеди победата уште во првиот изборен круг. Во општина Чаир […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:45
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги оцени локалните избори како најмирни во поновата историја на државата, иако во текот на денот се пријавени 91 настан и приведени 11 лица поради различни нерегуларности. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денешните локални избори поминале во исклучително мирна и безбедна атмосфера, оценувајќи ги како „најмирните […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:41
•
Posted by: MK News
Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите. Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување. На подрачјето на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:39
•
Posted by: MK News
Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално прогласија победа. Нивните податоци од аналитичкиот центар покажуваат дека извојувале победа. Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ 1543 СДСМ 527 ЛЕВИЦА 307 Бутел ВМРО-ДПМНЕ Дарко 1422 СДСМ 276 ДУИ 740 Ѓорче Александар ВМРО-ДПМНЕ 1356 СДСМ 529 Левица 426 Аеродром ВМРО-ДПМНЕ 338 СДСМ 142 Левица 165 Охрид Пецаков ВМРО-ДПМНЕ Пецаков 2561 Шајн 952 Битола ВМРО-ДПМНЕ 941 […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:37
•
Posted by: MK News
Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предмалку изјави дека, според податоците со кои располага партијата, ќе победат во трката за градоначалнк уште во првиот круг во повеќе општини. Притоа, тој ги спомена Гази Баба, Штип, Прилеп и повеќе други општини, меѓу кои и Струмица, која дваесетина година е под локална власт на СДСМ. […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2025 20:28
•
Posted by: MK News
Во 19 часот се затворија избирачките места на кои граѓаните денеска гласаа на осмите локални избори од осамостојувањето на државата, четврти по ред на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Партиите почнаа да ги бројат гласовите. Ова се првичните резултати за градоначалници според податоците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ: Гази […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2025 10:42
•
Posted by: MK News
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола почна дистрибуцијата на доверливиот материјал до Општинските изборни комисии за гласањето на Локалните избори 2025 в недела. ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС Најголемата приватна пошта е задолжена да го дистрибуира доверливиот материјал за локалните избори Од компанијата информира дека дистрибуцијата започна навремено, со посебен фокус на безбедност, брзина и сигурност во […]
______________________________________________________________________________________________________
12/10/2025 09:17
•
Posted by: MK News
ЕУ воведе нов систем за контрола на граничните премини за граѓаните на земјите надвор од Шенген зоната,. Тоа значи дека по Балканот би можело да предизвика застој на границите со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Бугарија, Грција Италија. Ова го означува почетокот на Системот за влез/излез (EES) на Европската Унија, кој дигитално ги евидентира податоците […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2025 22:57
•
Posted by: MK News
Повеќе од 700.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас. – Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа Сити од вчера – изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2025 17:18
•
Posted by: MK News
Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15:15 до 16:15 часот, се додека не започне судењето Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2025 15:07
•
Posted by: MK News
Лекарската комора на Македонија со загриженост ги следи информациите поврзани со докторот Игор Кузмановски и укажува дека докторската професија има специфична дименизија која налага високо етичко и морално однесување. Ова е ставот што Лекарската комора денеска го сподели со медиумите, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа како Кузмановски меша […]
______________________________________________________________________________________________________