Archive by Author

По видеото за „шмркање бело”, разрешен директорот на Клиниката за неврологија

На социјалната мрежа Икс денеска се појави видео на кое се гледа директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, како зборува за консумација на дрога. Инаку, Кузмановски на директорската позиција беше поставен во авгсут годинава. На видеото, Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго […]

______________________________________________________________________________________________________

Се апси во Ѓорче, Хром и Нерези – голема акција, се апсат дилери на кокаин

Серија претреси од претпладнево се одвиваат на повеќе локации во Скопје против мрежа поврзана со трговија со дрога. Според се уште неофицијални информации, екипи на МВР упаднале на неколку локации во населбите Ѓорче Петров, Хром и Нерези барајќи докази за апсење на лица кои се поврзуваат со трговија со кокаин. Според првичните информации станува збор […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсена сопругата на нападнатиот кандидат на ДУИ поради вмешаност во обидот за убиство

Полициски службеници ја лишиле од слобода 43-годишната А.А. од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг, докторот Зекирија Шаини (43) од селото Слупчане, липковско. Според информациите од МВР, обидот за убиство се случил во центарот на Куманово, каде што познатиот лекар бил погоден со огнено оружје и […]

______________________________________________________________________________________________________

Празен куфер го евакуираше цел плоштад „ВМРО“

Сомнителен куфер бил забележан попладнево пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, по што веднаш беа евакуирани сите вработени. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 12:55 часот лице од обезбедувањето на ЈПДП пријавило дека на видео надзор биле забележани две лица кои го разгледувале просторот пред канцелариите, а едно од нив оставило куфер. […]

______________________________________________________________________________________________________

Гутереш ги повика Хамас и Израел да го прекинат страдањето на сите

„Ставете крај на непријателствата во Газа, Израел и регионот веднаш“, рече Гутереш во денешното соопштение. Тој рече дека најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп нуди можност за ставање крај на конфликтот.  „По две години траума, мора да избереме надеж. Сега“, додаде тој. Медијаторите од вчера се на средби со претставниците на исламистичкото движење Хамас […]

______________________________________________________________________________________________________

ФАТЕН КАКО КРАДЕ НАФТА ОД училиште – Приведен скопјанец 

Лишено од слобода е лице од скопско Мирковци, кое било фатено како краде нафта од училиште, соопшти полицијата. На 06.10.2025 година во 21:25 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Ш. (41) од Скопје. Тој бил затекнат во дворно место од основно училиште во селото Сандево, Скопско, како од резервоарот за нафта одзема нафта. Нафтата […]

______________________________________________________________________________________________________

ОД ЃУБРЕТО ЌЕ ПРОИЗВЕДУВАМЕ СТРУЈА Проект на ЗНАМ за реализација по изборите

Време е во Македонија да никне и првата фабрика за преработка на ѓубрето од кое ќе се произведува електрична енергија. Движењето ЗНАМ за тоа веќе разработува конкретен план, кој по изборите веднаш ќе го понуди да се реализира – изјави генералот Горанчо Котески, носител на советничката листа на ЗНАМ во Советот на Град Скопје. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Шукова се откажа од градски изборен штаб – ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДОНИРАМЕ ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар соопшти дека таа и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и тие пари да ги насочат во хуманитарни цели. – Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски […]

______________________________________________________________________________________________________

„ШТО ЌЕ МУ Е ЗАЈАС АКО НАРОДОТ МУ Е ГЛАДЕН“ – Мицкоски кон Ахмети 

На денешниот народен митинг во Кичево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја изрази својата целосна поддршка за кандидатот за градоначалник Александар, нагласувајќи дека тој е најдобриот избор за сите кичевчани, без разлика на нивната […]

______________________________________________________________________________________________________

Судија застрелан среде судско рочиште во Тирана

Непознат напаѓач влегол во судницата и го застрелал Каљаја, кој бил однесен во болница во Тирана каде што му била пружена медицинска помош, објавува „Албанијан пост“. На местото на настанот се бројни полициски сили, кои веднаш го уапсиле осомничениот сторител, а како што е наведено, идентитетот на напаѓачот и мотивите за нападот врз судијата сè […]

______________________________________________________________________________________________________

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по неполн месец од стапување на функцијата

Лекорну ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати. Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорну дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот кабинет и свика кризен состанок за денеска, пренесува германската агенција ДПА. Како резултат […]

______________________________________________________________________________________________________

Карпош ќе добие мега парк кај Лепенец – ново зелено срце на Скопје

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и кандидатот за Карпош, Сотир Лукровски најавија голем урбанистички и еколошки проект – изградба на мега парк покрај реката Лепенец, кој треба да стане нов симбол на зеленото и современо Скопје. Од запоставен простор до урбана оаза Просторот долж реката Лепенец, кој со години беше запоставен, ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Алпинист загина на Монт Еверест, стотици се исчезнати во снежно невреме

Алпинист на 41 година, починал од хипотермија и акутна висинска болест, објави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на локалните власти. Досега, 137 алпинисти заробени од континуирани снежни врнежи во северозападната покраина Квингај се преместени и се во стабилна состојба. Државната телевизија CCTV соопшти дека 350 лица се спасени, додека 200 сè уште се водат […]

______________________________________________________________________________________________________

30 УЛИЦИ И 1.000 НОВИ ПАРКИНГ МЕСТА Герасимовски вети голема трансформација на Центар

Кандидатот за Градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, вечерва пред центарци истакна дека во изминатите четири години постигнато е многу за развој на општината. По четири години Центар е нова приказна, нова општина. Тој, информираше дека е изградена најдобрата градинка во Македонија, и подготвена е изградба на уште една нова. – Ги реновиравме […]

______________________________________________________________________________________________________

Лукровски: локалната власт мора да обезбеди подобар живот за карпошани

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски во поткаст организиран на една од социјалните мрежи, ја претстави својата визија за иднината на општината. Лукровски нагласи дека проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Карпош не се соодветни на современото време и дека локалната власт мора да обезбеди подобар живот за […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИГИТАЛНА РЕВОЛУЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска го отвори Западнобалканскиот дигитален самит 2025 во Скопје, каде што покрај него присуствуваа претставници на Европската Унија, министри од регионот и бројни експерти од областа на технологијата. Самитот има за цел да ги промовира дигиталните иновации и да ја истакне важноста на дигитализацијата како мотор за економски развој и подобрување на […]

______________________________________________________________________________________________________

МЕЏИТИ ВЕТИ НОВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕНЕЌЕ МААЛО за 1.300 ученици

Во Чаир ќе се гради ново модерно училиште во населбата Тенеќе Маало, најави кандидатот за градоначалник од Вреди, Изет Меџити. Според него, објектот ќе го носи името „Викторија“ и ќе обезбеди достоинствени услови за околу 1.300 ученици. Училиштето ќе има површина од 4.700 квадратни метри со 54 училници, осум кабинети и две современо опремени лаборатории. […]

______________________________________________________________________________________________________

РАКОТ НА ДОЈКА НЕ ПОЗНАВА ВОЗРАСТ

Бројот на жени погодени од рак на дојка во Албанија бележи постојан раст, но болеста ги напаѓа и мажите. За 2024 година, кај жените се дијагностицирани 805 нови случаи на рак на дојка, но регистрирани се и 10 мажи. — Ракот на дојка не познава возраст, не познава пол. Ги погодува жените, но ги погодува […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1