14/07/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Острите реакции на Македонците од Општина Пустец ги прекинаа дивите ископувања почнати деновиве на островот Мал Град, во Преспанското Езеро. Според Спасе Мазенковски, историчар, без дозвола албанско-грчка група археолози, како и пред две години, почнала археолошки ископувања без да ја информира локалната власт, а за дозвола не ни станува збор. – И пред две години […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 10:08
•
Posted by: MK News
Предлогот за уставни измени во вторник ќе го разгледува собраниската Комисија за уставни прашања, чиј претседател е првиот парламентарец, Трајко Вељаноски. Предлагач на уставните измени е Владата на Република Македонија. Процедурата за носење на уставните измени треба да заврши за 3,5 месеци, односно според очекувањата, до средината на октомври. Дефинирање на бракот како заедница меѓу […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 10:00
•
Posted by: MK News
1. Со името Македонија се гордеат три континенти, и затоа Македонија е наречена земја излеана од злато. Името Македонија односно Македон се сретнува на три континенти. Африка, Азија и Европа. Сите тие имаат свои објаснувања за настанувањето на името. Европската митологија смета дека името е настанато од синот на Зевс и Тиа кој се викал […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Двете црни кутии што беа пронајдени на местото каде што во минатата недела се урна полицискиот хеликоптер „МИ-17“, откако удри во предавател висок 120 метри во Струмица, при што загинаа четворица искусни пилоти, ќе се преслушуваат најверојатно во Русија, во градот каде што се произведува леталото. Македонското Министерство за внатрешни работи, кое е сопственик на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 09:36
•
Posted by: MK News
Параглајдерист од Унгарија загинал вчера попладне додека се спуштал со своето летало на брегот од Охридското Езеро, кај автокампот Љубаништа. Неофицијално параглајдеристот бил на возраст од околу 30 години. Тој полетал со параглајдерот од Галичица, но имал несреќа при слетувањето на плажата кај автокампот. Според првичните информации, немало други повредени туристи при несреќата. Од СВР […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Македонија е мртва, следна е Србија вели за српски курир историчарот и поборник за Голема Албанија, Кочо Данај. Лидерот на листата за природна Албанија тврди дека протестите во Скопје не се поради незадоволство од домашното судство туку за создавање на новата Албанска држава која ќе завземе поголем дел од Македонија како и половина од јужна […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Сосем нова, четврта албанска герилска формација и се заканува на македонската полиција.Доколку до понеделник не бидат ослободени шестемина Албанци осудени во случајот „Монструм“, Ослободителна војска на Скопје ќе почне да ја напаѓа полицијата – објавија вечерње новости. – Доколку албанските затвореници не бидат ослободени од 14 јули, Ослободителната војска ќе превземе озбилни чекори и масовни […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Аргентинецот Лионел Меси не успеа да го освои Светско првенство, но ФИФА му ја додели наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот. Но општото мислење на фудбалската јавност е дека на првенството барем неколку играчи имаа повпечатливо светското првенство од него. Златната ракавица за најдобар голман на турнирот му припадна на Мануел Нојер. На чело на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Израелските морнарски команданти вчера почнаа копнена операција на северот на Појасот Газа, прва откако почна офанзивата против Хамас. Израел ноќта меѓу саботата и неделата изведе воздушни напади над безбедносните штабови и полициските станици на Газа, што беше најтешкото бомбардирање од почнувањето на операциите на 8 јули, пренесе Би-би-си. Пристигнаа вести и дека е изведен напад […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 09:05
•
Posted by: MK News
Жителите на Златоуст, во Челјабинската област во Русија, беа сведоци на досега невидена појава во овој период од годината, во нивното место заврна снег среде лето. Вчера, според очевидци, поројниот дожд преминал во снежна бура. – Тоа дури не беше дожд, измешан со снег, туку вистински снег, како во зима. Снегот брзо стопи, изјави жител […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Владата го прогласи за ден на жалост во Македонија овој понеделник, по трагичната хеликоптерска несреќа кај Струмица. Вчера во Домот на АРМ во Скопје се одржа комеморативна седница, на која роднините, пријателите, колегите и високи полициски и државни функционери се простија од четворицата загинати. – Имињата на Драги, Иљо, Маријан и Тоде ќе бидат дел […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2014 00:01
•
Posted by: MK News
Фудбалскиот свет доби нов шампион. Репрезентацијата на Германија се здоби со титулата Светски Шампион откако славеше минимално со 1-0 со гол постигнат во продолженијата од мечот во кој по регуларните 90-минути игра резултатот гласеше 0-0. Марио Геце, „џокерот“ на селекторот на Германија, Јоаким Лев, во 113-тата минута од мечот, за време на второто продолжение го […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2014 21:33
•
Posted by: MK News
Интересна јавна понуда до нејзиниот сопруг упати сопругата на голманот на Аргентина Серхио Ромеро. Покрај Меси, херој на Аргентинците е и голманот Серхио Ромеро кој имаше одлична вечер при изведувањето на пеналите против Холандија во полуфиналето. Тој одбрани два удари од 11 метри и е најзаслужен за пласманот во финалето. Вечерва Ромеро има шанса со […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2014 21:05
•
Posted by: MK News
Автомобил излета попладнево од магистралниот пат што води кон туристичките места на охридското источно крајбрежје и удри во зградата каде е сместена дирекцијата на МЈП „Проаква“. Според првичните информации од СВР Охрид, се работи за автомобил марка „Сеат“, кој се движел од десната страна на патот во правец кон плажите. Во автомобилот бил само возачот, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2014 21:03
•
Posted by: MK News
И жителите на Преспа се вознемирени од силниот земјотрес кој денеска во 13 часот и 18 минути го стресе јужниот дел од земјава, објави МИА. Земјотресот предизвикал напукнување на некои куќи. „Вакво тресење на земјата со силна бучава не се случила од поодамна. Помисливме дека куќите ќе се урнат врз нас“, коментирале жителите на селата […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2014 19:00
•
Posted by: MK News
Расмус Нилсен од Универзитетот Беркли и неговите соработници од лабораторијата за истражување на ДНК во Кина, тврдат дека Тибетанците припаѓаат на мистериозната група “Денисоновци”. Научниците тврдат дека Тибетанците немаат проблеми со разредениот воздух и екстремните студови – затоа што не се луѓе?! Расмус Нилсен од Универзитетот Беркли и неговите соработници од лабораторијата за истражување на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2014 18:30
•
Posted by: MK News
Веројатно најголемиот кошмар на работниците во паркингот на хотел е да го оштети автомобилот на клиентот кога го паркира. Ова најцрно сценарио стана реалност за Арун Кумар, работник на „Ле Меридијан” хотел со пет ѕвездички во Њу Делхи, Индија, во моментот кога тој се обидел да го препаркира скапиот автомобил “Lamborghini Gallardo кој му припаѓал на локалниот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2014 18:00
•
Posted by: MK News
Лоренцо Маџиоро од Санта Моника во Калифорнија ја измислил оваа генијална пушка, која е предвидена за ефикасно и делотворно разбивање на штетните инсекти. Батерии и струја не се потребни, бидејќи пушката работи на механички принцип и потребна ви е само кујнска сол, која се лансира под голем притисок на оддалеченост од еден метар. За разлика […]
______________________________________________________________________________________________________