Archive by Author

Родители внимавајте: Овчи сипаници и вошки се шират во градинките во Македонија

Од Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека во септември кај нив биле пријавени 88 случаи на болни од варичела. Во октомври бројот на заболени пораснал на 196. Обично во овој период на годината има повеќе болни зашто децата се мешаат во градинките и во училиштата пишува Нова Македонија Овчи сипаници или варичела се […]

______________________________________________________________________________________________________

Со кои професии може да најдете работа во Македонија – а со кои можете само да се сликате

Најголем број меѓу невработените лица во Македонија се по професија економисти, правници, одделенски наставници, социјални работници, психолози… Иако се меѓу најбројните, тие и натаму се најпривлечни за младите кои ја избираат својата идна професија. И годинава завршените матуранти најмногу интерес пројавија за запишување токму во овие струки. Од друга страна, најбарани струки се програмери, информатичари, […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени Албанци кои имале врски со Ал Каеда?!

Уапсена е шестчлена група косовски Албанци, осомничена дека подготвувала терористички напади. Полицијата верува дека се поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда, пишува Sky. Уапсените, како што јавува РТС, планирале напади на Гњилан и Приштина, а еден од уапсените војувал во Сирија. Исто така, за време на апсењето, во нивните домови пронајден е арсенал оружје. Како што […]

______________________________________________________________________________________________________

Новинарка снимајќи прилог за мамографија – во живо и откриле рак на дојка

Репортерката на телевизискиот канала АВС Ејми Робах, по повод октомври – месецот на борба против рак на дојка отишла да направи прилог за мамографија и други прегледи поврзани со оваа болест. Последно што очекувала додека ја извршувала работната задача е дека лице место ќе и биде утврден карцином на дојка. „Мамографот ти го спаси животот“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопска автобуска станица убиец

Ав­то­бус­ка­та станица под мостот Влајко е опасна за живот на скопјани. Тие се жа­лат дека постојката од неодамна е преселена точно под мостот каде што има улица да се врти десно, пишува Вест. Патниците се симнуваат и се качуваат, а ди­рек­тно на нив налетуваат колите кои сакаат да влезат во уличката, која во­ди во населбата. […]

______________________________________________________________________________________________________

Музичар убил тројца членови на својот бенд, а потоа се самоубил

Музичар со иранско потекло во Њујорк убил тројца членови на својата алтернативна рок група, а потоа се самоубил, соопшти полицијата и локалните медиуми. „Мажот пукал во трите лица и ги застрелал. Се чини дека напаѓачот подоцна се убил на покривот на зградата во Бруклин, каде што се случил инцидентот”, рече портпаролот на њујоршката полиција. Како […]

______________________________________________________________________________________________________

14 годишно дете претепано во центарот на Скопје

Уште еден малолетник од Скопје синоќа бил нападнат среде улица во центарот на градот.  Според информациите од полицијата, се работи за 14-годишниот В.А. кој бил претепан околу 17 часот кај хотелот Холидеј Ин, од страна на група од 6-7 насилници. Момчето завршило со раскрварен нос и модринки по телото. Полицијата трага по сторителите, а случајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Од петок задолжително зимска опрема – ќе летаат казни

Законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата почнува од 15 ноември. Обврската да се носи опрема ќе биде задолжителна без оглед на временската состојба. Ваквата обврска за сите возачи ќе трае до 15 март 2014 година.

______________________________________________________________________________________________________

Жена пронајдена мртва во стан во Скопје

Жена била пронајдена мртва во понеделникот околу пладне во нејзиниот стан на улица „Методија Митев“ во Скопје, соопшти МВР. Шеесет и едногодишната жена живеела сама и најверојатно починала од природна смрт, на нејзиното телото првично немало траги на насилство. Телото кое било во поодмината фаза на распаѓање го пронашла сестрата на жената која што отишла […]

______________________________________________________________________________________________________

Инспекторите го запоседнаа Музејот на Македонија – колку македонски артефакти се украдени?

Дали од музејската колекција исчезнале само 60  артефакти од непроценлива вредност, или бројката е поголема, надлежните треба да утврдат до утре и  извештајот со информации да го предадат во МВР. Иако Музејот има  рок од полицијата,  неизвесно е дека за толку кратко време  ќе се утврди кој е виновен за кражбата и колкава е штетата.  […]

______________________________________________________________________________________________________

Чудото во скопско Бањани: Трудно дрво ги лекува неплодните жени! (ФОТО)

Кога ниту вештачкото оплодување не успева, многу жени спасот го бараат во вербата. Дел од жителите на Скопска Црна Гора раскажуваат за неверојатната приказна за трудното дрво кај манастирот “Св. Богородица”, кое на многу жени им помогнало да забременат, пренесува Вечер во својата репортажа. На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Со „расцепени“ аркади кратовчани се вратија од Драчево

Убедливиот пораз од 5-2, колку грубиот однос на противничките играчи и лошото судење, велат од таборот на кратовскиот третолигаш Силкрат. Кратовци вчера загубија од Драчево на гости, но затоа нивниот играч Драган Тодоровски заработи силен удар со лакт по десното око, по што му беше извршена лекарска интервенција на скопските клиники. Стрелец на двата погодоци […]

______________________________________________________________________________________________________

Бебе плаче, дух на девојка на прозорот – Куќа на духови во Хрватска (Видео/Фото)

Во Шкрињари во близина на Бјеловар, една голема куќа е празна со децении и внесува немир и паника. Никој не сака да ја купи бидејќи локалните жители велат дека духовите ја прогонуваат куќата. Жителите на малото село велат дека тие што влегле во куќата во текот на ноќта чуле чудни звуци. Оние кои имале храброст […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Подводната тајна што ја криело езерото Матка – еве што најдоа нуркачите

  Одвај забележлив натпис „Света Недела“ (односно Света Недеља) на остатоци од ѕидови забележале нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ и од клубот „Акватек“ кои вчера се нурнаа на 15 метри длабочина во водите на езерото Матка кај Скопје, пишува Телеграф.мк. Матната и студена вода на езерото не им била сојузник при вчерашното нуркање. Единствено што забележале на таа […]

______________________________________________________________________________________________________

Жртва на невремето во Хрватска – отишол да помогне, паднало дрво врз него

Неверемето кое ја зафати Хрватска ја зеде првата жртва. Кај Вараждин стебло од дрво усмрти маж, а 20 лица се повредени во Риека, од кои двајца работници се во животна опасност. Како што пишува Jutarnji list, загинал 46-годишeн маж врз кого се урнало дрво по силниот налет на ветрот. Загинатиот бил вработен на фарма. Тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонците биле глупи, исто и србите – а Американците се паметни – тврди нивна анкета

Според резултатите кои што добила група американски психолози од Вашингтон, Њујорк и Детроит најглупав народ на светот е српскиот а веднаш до него  турскиот. Македонците според ова истражување се на трето место. Истражувањето било спроведено на интернет во 190 земји од јануари до октомври. На листата 10 најнеинелигентни народи на светот се и жителите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонците висат на Фејс – истражување вели најмалку по 3 часа на ден

Четириесет и четири проценти од корисниците на Фејсбук од Македонија поминуваат три и повеќе часа дневно на таа социјална мрежа, покажуваат резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на Фејсбук, што го спроведе агенцијата „Рејтинг“ во соработка со Њумедиа.мк. Според истражувањето, 60 проценти од корисниците сметаат дека поминуваат премногу време […]

______________________________________________________________________________________________________

Субрата Рој ја купи куќата на “Дракула”

Луксузниот дворец во готски стил Окли Корт во која се снимаше култниот хорор филм „Дракула“ доби нов сопственик. Индискиот милјардер односно неговата компанија стана сопственик на оваа куќа за 27 милиони фунти, јавува Сител. Во интервју за „Times of India“ бизнисменот Рој појаснува дека замокот поседува 120 соби, вклучувајќи 11 луксузни апартмани, како и дополнителни објекти […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1