04/08/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Почетокот на изградбата на елитната населба „Сончев град“ на јужните падини на Водно е најавен за идната пролет, но државата веќе планира изградба на уште три слични населби во непосредната околина. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во изјава за порталот „Фактор“ прецизира дека се работи за земјиште во државна сопственост кое се граничи со […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Секое лето се заканува опасност од отровни риби, јавуваат хравстките медиуми. Нивните убоди можат да предизвикаат црвенило, оток и чешање и можат да бидат сериозни. Една од најопасните риби на Јадранот е „морски пајак’ која има отровни боцки. По убодот, ќе почувствувате болка која се шири до неподносливост. Рибата „шкарпина” исто така има отровни боцки […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Милка, филтер, решето, коридор , агент, диригент… За некого ова се само професии, имиња на животни, предмети, но за полицијата се успешно спроведени акции. Името е шифра со која инспекторите ги поврзуваат на едно место доказите, сомнителните лица кои се следени и кривичното дело. Тоа е синоним на одредена оперативна обработка, но не открива целосно, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Во борбите меѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал-Асад, како што јавува порталот Алмакос, бил убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху. Алмакос дознава дека тој бил убиен од курдската заедница во Сирија. Абдулаху бил оџа и во Бремен, Германија, учествувал во конфликтот во 2001 година во Матејче, како и во војната во Косово и во Босна […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Официјална Атина излезе со најновата статистика за годинава, според која, Македонци воопшто не летувале во Грција, пренесува Канал 5. За 4,6% е зголемен бројот на туристи во Грција во првото тримесечје од годината, во споредба со лани истиот период. Во официјалната статистика повторно Македонија не фигурира како посебна држава туку е ставена во графата останати […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 09:30
•
Posted by: MK News
„На сите ни беше јасно дека ќе избие скандал, само не знаевме кога тоа ќе се случи и колку луѓе ќе бидат вмешани. Сигурни сме дека овие деветмина уапсени полицајци не се единствените кои ќе се најдат зад решетки,“ изјави за „Јутарњи“ извор близок на полицијата во Вуковар, чии што први луѓе Блаж Топаловиќ и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Властите на Нов Зеланд издадоа наредба за повлекување од продажба на 1.000 тони новозеландски млечни производи од пазарите во седум земји, откако во продукти на најголемата домашна млекопреработувачка индустрија „Фонтера“ беше откриена бактерија која може да предизвика ботулизам. Бактеријата е откриена во млеко за бебиња, како и во стимулативни, протеински и неколку други млечни напитоци. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 19:00
•
Posted by: MK News
Линг Су од Кина успеала да го спречи својот сопруг Ванг Ли да се убие скокајќи од зграда, така што во последен миг го фатила за гаќите. Ванг депресивен бидејќи немал работа скокнал од прозорецот на спалната соба носејќи само гаќи, жената успеала да изреагира навреме и да го дофати за боксерките. Очевидците велат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 18:30
•
Posted by: MK News
Единицата за компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното Јавно обвинителство Скопје на 01.08.2013 година поднесе кривична пријава против лицето Г. В.(43) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Како што денеска соопшти МВР, пријавениот неовластено пристапил кон компјутерскиот систем за електронска пошта […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 15:30
•
Posted by: MK News
Во Петропавловск на Камчатка одбиено е барањето за тужба против писателот Фјодор Достоевски. Тужба сакал да покрене маж кој тврдел дека писателот го натерал да користи пцости, пренесува весникот „Камчатское время“. Сета приказна започна во 2011 година, кога локалниот жител Евгениј Фјодорко го нарекол својот опонент во судот „идиот“. Судијата тогаш само му дала забелешка […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 15:00
•
Posted by: MK News
Повеќето од нас несвесно цртаме нешто додека разговараме на телефон или седиме на состанок. Тие шкртаници откриваат многу, тврдат психолозите. Дали сме арогантни, повлечени, исплашени, нервозни или самоуверени? На тоа и уште пет илјади прашања може да ни одговори графологијата, псевдонаука за ракописот. Во истражувањето, што го спроведе фирмата „Нешанл Пен Комапни“, се наведува дека големината […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 14:30
•
Posted by: MK News
За нешто повеќе од 20 години, Сана во Јемен може да стане прв светски главен град кој ќе остане без вода. Лошата управа и не водењето сметка за животната средина до некаде се виновници за пресушувањето на чешмите во градот. Меѓутоа, постои еден виновник кој предизвикува најголемо изненадување: националната зависност од растението кат, наркотик за […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 14:00
•
Posted by: MK News
Mеѓуетничките односи се крајно влошени и јас мислам дека од септември може да очекуваме уште повеќе влошувања – вели Џабир Дерала, претседател на Центарот за слобода – Цивил во интервју за радио Слободна Европа Како што објаснува, го споменува септември бидејќи тоа е период кога се наближува и годишниот извештај на Европската Комисија за прогресот на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 13:45
•
Posted by: MK News
Повеќе шанси за руско државјанство по кратка постапка ќе имаат бизнисмените, младите кои дипломирале на руските универзитети, како и квалифицираните специјалисти и членови на семејства. Поголеми шанси да стана руски државјани ќе имаат и доселените работници, изјави шефот на Федералната служба за миграција (ФМС), Константин Ромодановски после средбата со претставниците на Асоцијацијата на европскиот бизнис. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 13:30
•
Posted by: MK News
Рузмаринот е добро позната медитеранска билка. Одсекогаш била ценета поради тоа што ја зголемува концентрацијата и ја подобрува мозочната активност. Во кинеската народна медицина, рузмаринот со илјадници години се користи како тоник за мозокот. Велат дека старогрчките студенти, пред испит, триеле гранчиња рузмарин меѓу дланките за да го подобрат памтењето. Новите истражувања покажале дека луѓето […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 13:15
•
Posted by: MK News
Селото Јузкар, во близина на Малага во шпанската провинција Андалузија има околу 220 жители и површина од 33 километри квадратни, денес е една од главните шпански атракции. До пред две години, ова место било обично село, а денес живеат од туризмот благодарение на продуцентите од “Sony Pictures” студиото. За потребите на премиерата на филмот штрумфови продуцентите […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Членовите на парламентот во Тајван, се степаа на седниците за гласање за референдум околу изградбата на четврта нуклеарна електрана. Членови на опозицијата во четвртокот ја заземале парламентарната сала и се противат на распишување на референдум. Денеска дошло до физичка пресметка меѓу пратениците. Двајца пратеници се истепале на подот. Во салата биле присутни и активисти во […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2013 12:45
•
Posted by: MK News
Најчувствителните делови на телото се вратот, стомакот, препоните, пазувите и стапалата, а непријатноста произлегува од чувството на очекување на болката, поради што не можеме сами себе да се скокотнеме. Хистеричното смеење се јавува како последица од скокоткањето не поради пријатноста која ја чувствуваме, туку поради активирање на деловите на мозокот наречени Rolandic Operculum, покажала студијата […]
______________________________________________________________________________________________________