31/01/2019 19:15
•
Posted by: MK News
Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, Зоран Караџов денеска преку соопштение изрази жалење за случајот со оперираната пациентка која почина на КАРИЛ. – Одговорно тврдам дека нашиот тим презеде се што беше неопходно и го вложивме целиот наш потенцијал со цел пружање соодветен третман за оваа пациентка. Ние како хирурзи секојдневно се бориме […]
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2019 19:09
•
Posted by: MK News
Вчера жена од кумановско село пријавила дека била повикана од страна на класната раководителка и директор на основно училиште каде учи нејзината ќерка, при што и биле покажани слики на мобилен телфон со вулгарна содржина во врска со нејзината малолетна ќерка, кои биле препраќани меѓу учениците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2019 19:08
•
Posted by: MK News
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава од Министерството за внатрешни работи во врска со настанот во Шуто Оризари од 28.01.2019 година, донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица. Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека за двете лица вработени во […]
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2019 19:06
•
Posted by: MK News
Има ли медицински пропуст во третманот на 61 годишната пациентка која пред 4 дена починала на Карил? Имала инфекција на стомачната празнина која ги зафатила сите органи и лекарите од Клиниката за анестерзија и реанимација не успеале да ја спасат. Претходно била пациентка на Нефрологија а од таму завршила на Дигестивна каде и направиле операција […]
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2019 19:03
•
Posted by: MK News
Пукање во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.До инцидентот дошло за време на училишниот одмор ,кога ученик од трета година извадил пиштол плашливец и пукал во соученик од прва година во раката а потоа и самиот се повредил во пределот на главата. Ученикот е пренесен во општата болница во Охрид и е во стабилна сстојба.До инцидентот дошло […]
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2019 15:18
•
Posted by: MK News
Се подготвува менувањето на таблите со новото име на државата. Државните институции, граничните премини и дипломатско-конзуларните претставништва ќе имаат рок од седум дена по ратификацијата во Грција на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО да почнат со замена на таблите. Владата најави и формирање на Интерресорска група која ќе почне со работа веднаш по […]
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2019 15:15
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска од собраниската говорница порача дека мора да се спроведе ветинг систем во полицијата. Се планира донесување на посебен закон за ветинг и формирање на комисии на три нивоа, а ќе се анализираат три аспекти на вработените – професионалното досие, имотната состојба и интегритетот. – Постојат сериозни индиции дека […]
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2019 15:14
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против седум лица инволвирани во случајот во Шуто Оризари каде беа нападнати три лица од кои двајца полицајци. Поднесени се две кривични пријави и тоа едната до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против Ѓ. Д. (44), Е.З. (31), У. Ќ (30), С. Ј. (40) и А. И. (25), сите […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 18:37
•
Posted by: MK News
Приведени се седум лица за нападот над двајца полициски службеници во скопската населба Шуто Оризари. Министерот на внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека истрагата е при крај и оти ќе бидат поднесени кривични пријави за овие седум лица. – Се работи на препознавање на уште неколку лица што треба да бидат обезбедени и да се […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 18:30
•
Posted by: MK News
Собранието ја отфрли како неуредна иницијативата на Тодор Петров за нов задолжителен референдум за името. Образложението е дека не може за исто прашање да се оджува референдум во рок од две години. На ова бурно реагираа опозициските партеници од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив претседателот Талат Џафери своеволно го суспендира правото на граѓански иницијативи да покренуваат референдум […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 18:26
•
Posted by: MK News
Не постои никаква опасност за ниту еден пациент кој бил во претходниот период или ќе биде пациент во Универзитскиот Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје, затоа што во заботехничките работилници каде работел вработениот, кој е забен техничар и кај кого во отпечаток од рацете во Институтот за микробиологија е најдена бактеријата МРСА, се работи […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 18:23
•
Posted by: MK News
Врховните судии на денешната општа седница донеле начелно правно мислење во кое наведуваат дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не може да покрене обвинение или да запре истрага по истекот на рокот од 18 месеци откако ги презело „бомбите“, рок кој истече на 1 јули 2017 година. „СЈО може да покрене обвинение или да нареди запирање […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 18:18
•
Posted by: MK News
По двомесечните масовни граѓански непартиски протести во Белград и другите градови во Србија и завчерашниот бојкот на собраниската седница на говорот на словенечкиот претседател Борут Пахор, денеска поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), Борис Тадиќ на Твитер објави дека оваа партија ќе ги бојотира сите наредни седници на српското Собрание. Тој […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 18:14
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека нема опасност од зараза со бактеријата МРСА, откако таа е пронајдена кај еден од вработените на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје. – Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на бактеријата е изолиран и не доаѓа […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 18:06
•
Posted by: MK News
Делови од САД се зафатени со многу ниски температури. Во Северна Минесота ветерот ја спуштил температурата на дури -51 степени Целзиусови. Температурите под нулата ќе оштетат најмалку 55 милиони луѓе, навеле од Би-Би-Си и додале дека вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредиле граѓаните да не […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 18:01
•
Posted by: MK News
Членот на Судскиот совет на РМ, Селим Адеми на почетокот на денешната седница побара од претседателот на СС, Зоран Караџовски да се почитува Законот за употреба на јазиците. – Имајќи предвид дека е донесен Законот, барам поканите за седниците на Судскиот совет да бидат и на албански јазик, а воедно да се обезбеди и преведувач, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 17:57
•
Posted by: MK News
Откако се рашири веста за Македонецот болен од рак кој се лекуваше кај надрилекарот од Србија, Мирољуб Петровиќ, по што почина, сега полицијата го чешла случајот, како и сите случаи на надрилекарот како што сам се нарекува. – Се работи за голема и детална истрага која ќе испита се што правел надрилекарот, пренесуваат извори за […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2019 17:56
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откри дека се уапсени седуммина осомничени за нападот над двајца полицајци во скопската населба Шуро Оризари, пренесе Фактор. Двајца од тројцата претепани биле полицајци од полициската станица Чаир облечени во цивил. Едниот од нив е во сериозна здравствена состојба.
______________________________________________________________________________________________________