Archive by Author

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го исклучи од партијата Петар Богојески

Најголемата опозициска партија се соочува со огромен земјотрес по гласањето за уставни измени од страна на нивни досегашни пратеници. Како реакција, по исклучувањето на седумтемината пратеници, вечерва Централниот комитет ги разреши и исклучи од партијата Костадин Богданов, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и ’реформаторот’ Петар Богојевски. Според партиски извори, на Централниот комитет биле исклучени како […]

______________________________________________________________________________________________________

Сашо Мијалков исклучен од партијата – Мицкоски во борба против „мијалковистите“

Екс директорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков е исклучен од партијата. Вечерва на ЦО на партијата покрај исклучуваето на Јанчев и Богданов од партијата е исклучен и Сашо Мијалков, доскорешен член на ИК на партијата и еден од најмоќните функционери во изминатите години во времето на лидерувањето на братучед му […]

______________________________________________________________________________________________________

Исмајлоска Старова најави формирање на посебна пратеничка група

Пратеничката Нола Исмајлоска Старова најави дека е возможно формирање на посебна пратеничка група која ќе делува независно од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ на која таа до неодамна припаѓаше, но беше исклучена од партијата откако гласаше за промена на Уставовот. Старова во емисија на ТВ 24 рече дека пратениците кои се исклучени од ВМРО ДПМНЕ […]

______________________________________________________________________________________________________

Канческа Милевска: Сама ја донесов одлука да гласам ЗА и гордо стојам зад тоа

Сама ја донесов одлуката да гласам ЗА и да го поддржам процесот за придвижување кон ЕУ и НАТО, заради Македонија-рече пратеничката Елизабета Канческа Милевска во емисијата 360 на Алсат М. Таа негираше дека претходно имала некаков договор со некого, била дел од организирано гласање или дека некој вршел притисок како да гласа.Елизабета Канческа Милевска рече […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски добил доверба, нема нов конгрес во ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва му дал целосна поддршка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, објави порталот курир.мк. На вечерашната седница на ЦК, едногласно е отфрлена потребата од вонреден конгрес, брифираат од партијата за порталот кој важи за близок на опозицијата. Со тоа паѓаат во вода шпекулациите кои беа пласирани од провладини медиуми дека на […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична против Миленко поради „Фејсбук“ статус за премиерот Заев

Од Министерството за внатрешни работи вечерва информираа дека ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Миленко Неделковски. Поради објава на коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на претседателот на Владата на Република Македонија, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 144 […]

______________________________________________________________________________________________________

Богданов: Имаме спротивставени визии со Мицкоски

И членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов во изјава за „Фокус” потврди дека вечерва е разрешен од партиската функција. – Јас не сум присутен на седницата на Централниот комитет, но претставници кои се таму ме инфомираа дека сум разрешен. Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи […]

______________________________________________________________________________________________________

Митко Јанчев потврди: Разрешен сум, вечерва нема да коментирам

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот состанок ги разреши потпретседателот Митко Јанчев и членот на извршниот комитет Костадин Богданов кој доаѓа од редот на реформаторите. Како што објавува Вечер Пресс Како што официјално дознаваме се разгледувала можноста и за вонреден конгрес, но скоро сите делегати му дале поддршка на лидерот Христијан Мицкоски да ја води […]

______________________________________________________________________________________________________

Христијан Мицкоски го престројува ВМРО ДПМНЕ, со силна поддршка Централниот комитет

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, добил силна и безрезервна поддршка вечерва на состанокот на Централниот комитет на партијата, дознава НетПрес од партиски извори. Според напите информации, неговите предлози за икслучување од редовите на партијата на сите оние кои правеле раздор меѓу членството биле прифатени едногласно. Па, така градоначалник0т на Кавадарци и потпретсадател на ВМРО-ДПМНЕ, […]

______________________________________________________________________________________________________

Митко Јанчев: Господ нека им е нив на помош

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вечерва за Либертас во телефонска изјава кусо го искоментира потегот да биде исклучен од органите на партијата. „Господ нека им е нив на помош, а јас бев и останувам ВМРО ДПМНЕ. Толку имам само да искоментирам, друго нема потреба“ – изјави тој. Вечерва се одржува Централен комитет на партијата.

______________________________________________________________________________________________________

Панчо Минов излегува од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ГРОМ кој е во коалиција во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во неговото вечерашно гостување во емисијата Тренд анализа на ТВ 24 Вести најави дека ќе го прекине неговото членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ако е точна информацијата дека од партијата на вечерашната седница на Централниот комитетет разрешени се потпретседателот Митко Јанчев и […]

______________________________________________________________________________________________________

ТВ 21 дознава: Полицијата врши претрес во куќата на Миленко Неделковски

Полициски екипи вршат претрес во куќата на Миленко Неделковски во скопското село Ржаничино, ексклузивно дознава ТВ 21. Од извори од истрагата денеска ТВ21 објави дека новинарот Миленко Неделковски е приведен и донесен во ПС во Велес. Неделковски е приведен поради закани и ширење омраза на социјалните мрежи. Приведувањето го најави самиот Неделковски кој што на […]

______________________________________________________________________________________________________

Палмер намерно не се сретнал со Мицкоски и Иванов

Вечерва во просториите на Владата на Република Македонија, заедничка прес-конференција одржаа заменик државниот секретар за европски прашање во САД, Метју Палмер и Премиерот на Република Македонија Зоран Заев. Прв на новинарите им се обрати Премиерот на Македонија. „Држаниот секретар за европски прашања во САД Метју Палмер дојде во еден исклучително важен момент за Македонија, само […]

______________________________________________________________________________________________________

Амандманите до петок во Собрание, албанската опозиција со свои барања

Формирањето на Комисијата за помирување која беше најавено за денеска е одложено за во среда. Собранискиот спикер Талат Џафери е во официјална посета на Чешка. Бидејќи утре е неработен ден, собраниски извори најавија дека формирањето на оваа комисијата може да се очекува во среда. Засега не се откриваат детали за процесот. Нејасно е кој сè […]

______________________________________________________________________________________________________

Арнаудов и Василевски немале никаков притисок да гласаат за уставните измени

Тројцата пратеници обвинети за собраниските настани од 27 април прв пат по гласањето за уставни измени присуствуваат на судење.. Велат дека легално ќе ја докажат својата невиност.. Според Арнаудов, Прогласот на обвинетите во случајот 27 април испратен до опозициската ВМРО-ДПМНЕ бил во интерес на државата.. Вели дека неточни се информациите оти му биле понудени пари […]

______________________________________________________________________________________________________

Миленко Неделковски приведен во полициска станица

Новинарот Миленко Неделковски во моментов се наоѓа на разговор во полициската станица во Велес. Неделковски, пред неколку часа, самиот на Фејсбук најави дека полицијата е дојдена на вратата од неговиот дом за да го уапсат. Според извори на истрагата, Неделковски е повикан поради промовирање на омраза кон одредена етничка група-Грци, во коментар што летово го […]

______________________________________________________________________________________________________

Каменос партиската конвенција ја почна со „Калашников“ на Бреговиќ (ВИДЕО)

Со позната песна на Горан Бреговиќ „Калашников“ лидерот на независни Грци (АНЕЛ), Панос Каменос вчера ја почна партиската конвенција во Солун. Иако партиската конвенција помина во атмосфера на внатрешни недоразбирања и каги, пред се затоа што неколку партиски членови застанаа зад договор за името, кај новинарите интерес предизвика и изборот на песната. Зошто „Калашников“? Затоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Миленко Неделковски: На врата ми е дојдена полиција да ме уапси

„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат “покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога… Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена. Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: “ovie stvarno se reseni da ne i dadat […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1