Archive by Author

Продолжува истрагата за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова

Телото на брутално претепаната и силувана новинарка беше пронајдено вчера, а бугарските медиуми пренесуваат дека се уште нема притворени ни осомничени. -Ги истражуваме сите можни верзии, вклучително и таквите поврзани со нејзината работа. Нема да навлегуваме во детали поврзани интимната сфера, но ќе ви ги кажеме информациите кои ги имаме во моментов. Ја утврдивме патеката […]

______________________________________________________________________________________________________

Столтенберг: не постои план Б за влез во НАТО без Договорот за името

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за референдумот во Македонија денеска изјави дека доколку земјата одлучи да го имплементира Договорот за името со Грција, тие се подготвени да ја примат како земја членка на Алијансата. „Тоа можеме да го сториме брзо, бидејќи веќе ги започнавме пристапните преговори и многу наскоро можеме да го потпишеме протоколот […]

______________________________________________________________________________________________________

Пекинг: Исчезнатиот шеф на Интерпол примал поткуп

Властите во Пекинг соопштија денеска дека кинескиот чиновник Менг Хонгвеи, кој поднесе оставка на чело на Интерпол, е под истрага дека примал мито. Менг „примал поткуп и е осомничен дека го прекршил законот“, се наведува во соопштението на Министерството за јавна безбедност. Деталите за случајот не се наведуваат, а соопштението е издадено неколку часа откако […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонредна владина седница за уставни измени

Владата пред малку потврди дека денеска ќе ја одржи 92-та вонредна седница со единствена точка на дневниот ред -Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија. Владиниот предлог ќе биде доставен до Собранието, каде што е потребно двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници […]

______________________________________________________________________________________________________

Наместо притвор Фетаи побара мерка на претпазливост за Јанкуловска: Бебето не е криво

Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, побара мерка на претпазливост за екс министерката Гордана Јанкуловска, откако судот и пресуди затворска казна од шест години за злоупотреба на службената положба во предметот „Тенк“, за набавка на мерцедесот. Со ова на Јанкуловска би и се забранило да го напушти Скопје.Како што рече Фетиа, бебето не е виновно за […]

______________________________________________________________________________________________________

Сопругот на Тина Тарнер и донирал бубрег

Американската пејачка Тина Тарнер откри дека и била извршена трансплантација на бубрег, кој го донирал нејзиниот сопруг Ервин Бах. Таа за случајот детали изнесува во нејзината нова автобиографска книга, која наскоро треба да се појави во продажба. Пејачката посочува дека во 2016 година имала сериозни проблеми со бубрезите кои и биле само 20 отсто функционални. […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО – ДПМНЕ нуди нова избор на ново СЈО по изборите како можност за учество

Избори со Пржинска влада и нов јавен обвинител предложен од опозицијата или ново специјално обвинителство по изборите кое ќе треба да ја истражи работата на актуелната власт. Опозицискиот лидер денеска на прес конференција со нов предлог до власта. ОТфрлете го Договорот со Грција и ајде на избори Во врска со информациите дека се водат преговори […]

______________________________________________________________________________________________________

Епидемија на агресивен очен грип во Австрија: Заразната инфекција брзо се шири

Во Австрија се појави епидемија на многу заразен конјуктивитис. Лекарите предупредуваат дека се зголемил бројот на инфекции на око и дека има се повеќе случаи на таканаречен „очен грип“. Инфекцијата е предизвикана од аденовирус. Типични симптоми се конјуктивитис со промени на рожницата. Многу е заразен, а болеста се пренесува со директен контакт, на пример по […]

______________________________________________________________________________________________________

Езерата во Алјаска и Сибир му се закануваат на човештвото: Во воздухот испуштаат опасен гас

Езерата ширум Алјаска и Сибир почнале да испуштаат балончиња од метан, а ова испуштање на гасови кои создаваат ефект на стаклена градена ги загрижило научниците. Глобалното затоплување го топи арктичкиот пермафрост, штетните гасови се испуштаат во атмосферата, но лошата вест е тоа што овој процес се случува побрзо од очекуваното. Минатиот месец американската вселенска агенција […]

______________________________________________________________________________________________________

Силувана, претепана, задавена: Брутално убиена позната новинарка во Бугарија

Бугарската новинарка Викторија Маринова беше брутално убиена во саботата, околу пладне, во градот Русе, во северниот дел на земјата. Според извештаите на локалните медиуми, нејзиното тело е пронајдено во близина на реката Дунав на тешко достапен терен. Жртвата била наводно силувана, претепана и потоа задавена. Таа била претепана со такво насилство што лицето и било […]

______________________________________________________________________________________________________

Сончево и во наредните денови, со постудени утра

Утре и во наредните денови ќе преовладува сончево време со малку постудени утра, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено ќе биде в четврток со утринска температура од минус еден степен до девет Целсиусови степени. Дневните температури ќе се движат од 18 до 26 Целсиусови […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев за „Еуроњуз” на грчки: На Македонија не ѝ се потребни избори

На Македонија не ѝ се потребни избори, избори ќе има само доколку се неопходни, вели премиерот Зоран Заев во интервју за сервистот на грчки јазик на „Еуроњуз” и додава дека во тек се консултации со пратениците. Mакедонскиот премиер истакнува дека само доколку не успеат сите можни начини за постигнување на двотретинско мнозинство во собранието, само […]

______________________________________________________________________________________________________

Шест години затвор за Гордана Јанкулоска за „Тенк“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ С600 за кој Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение познато како „Тенк“. Пресудата денеска напладне во Кривичниот суд ја изрече претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска. На изрекувањето на пресудата не присуствуваше Јанкулоска, само нејзините адвокати и претставници на СЈО. […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сте уценети со мојата пресуда, не прифаќајте! Името е најважно!

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на Фејсбук објави статус со кој го повикува ВМРО-ДПМНЕ да не подлегне на никакви притисоци за да поддржи промена на уставното име на државата. Груевски ги повика пратениците да не направат ниту една отстапка со која ќе предизвикаат штета на државните и националните интереси. Тој смета дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Филмот „Ругање за Христос“ од утре слободно ќе се прикажува

Државниот правобранител на Република Македонија утре ќе го повлече предлогот до Основниот суд Скопје 2 за изрекување на мерката времена забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос”. Како што соопштија од Државното правобранителство за МИА, решението е донесено по направи дополнителни и целосни согледувања и правни анализи. – Од страна на Државниот правобранител, после […]

______________________________________________________________________________________________________

Се прекачувал преку тераси и крадел по станови – уапсен скопски крадец

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Кисела Вода, Аеродром и Драчево до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.Н.(32) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, една „Кражба“ предвидено и казниво по член […]

______________________________________________________________________________________________________

Правобранителот побарал од Основен суд привремена забрана за емитување на „Ругање на Христос“

Државниот правобранител, на барање на Министерството за култура, побарал од Основниот суд Скопје 2 привремена забрана за емитување на филмот „Ругање со Христос“, пренесува Алсат. Во барањето се наведува дека содржината на филмот е навредлива, пред се на етничка основа, ќе поттикне верска омраза, поделби во општеството и може да наштети на соживотот во земјата. […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца полицајци од затворот во Штип уапсени за поткуп

Двајца полицајци вработени во затворот во Штип вчера биле уапсени откако зеле пари од затвореници, дознава МКД.мк. Според информациите на МКД.мк, станува збор за затворските полицајци Борче Б. и Злате Ш. Полицијата против двајцата поднесе кривична пријава за поткуп. Судија на претходна постапка му одредил притвор на полицаецот Борче Б.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1