Archive by Author

Од утре дестабилизација на времето

Циклон од Северозападна Европа овој викенд ќе влијае на времето и тоа особено во текот на утрешниот неделен ден. Во текот на утрешниот ден, времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност, а уште во претпладневните часови на запад ќе има услови за слаб локален дожд. Веќе во попладневните часови ќе има локален […]

______________________________________________________________________________________________________

Ердоган со наредба: Не ги користете услугите на компанијата од САД

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им наредил на министрите да престанал да ги користат консултантските услуги на американската фирма Мекинси. Наредбата следувала откако договорот со таа фирма бил критикуван од претставниците на опозицијата. Минатиот месец, министерот за финансии Барат Албајрак, кој е зет на Ердоган, изјавил дека Турција одлучила да работи со фирмата Мекинси за […]

______________________________________________________________________________________________________

Почна чешлањето на учебниците по историја

Заедничката македонско бугарска експертска комисија на последниот дводневен состанок во Скопје ги разгледувала содржините на учебниците.Заедничката македонско бугарска експертска комисија на последниот дводневен состанок во Скопје ги разгледувала содржините на учебниците, а предложила и заедничко чествување на светите Кирил и Методиј во Рим како и важни годишнини поврзани со цар Самоил. Самоиловата држава прва за […]

______________________________________________________________________________________________________

БЕСА на Касами децидно против коалиција со СДСМ при евентуални избори

„Движењето Беса категорично отфрла секаква можност за предизборна коалиција со СДСМ сметајќи дека секое коалицирање на СДСМ со која било албанска партија без да се заокружат уставните права на Албанцитре како рамноправен народ во Македонија би било на штета на интересот на Албанците…“, изјави Абдуш Демири – Беса на Касами. Ако преговорите за обезбедување на […]

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ со три опции за евентуалните предвремени избори

Албанскиот политички блок да излезе со заеднички пратенички листи, ДУИ сама да оди на избори и предизборна коалиција со СДСМ и коалицијата, биле ставени на маса на вечерашното Централно претседателство на ДУИ, доколку се изјаловат обидите да се убедат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните амандмани и неминовно да мора да се оди на […]

______________________________________________________________________________________________________

Шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ преговараат за уставни измени?

Шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ преговараат за можноста да го дадат својот глас за уставни измени, тврдат извори за Телма. Детали не се откриваат, а информацијата практично ја потврдија и од владејачкото мнозинство, пишува телма. За Телма потврдиле дека имало средба меѓу Мицкоски и Ахмети, но не откриваат детали. Со Заев, пак, би се сретнале […]

______________________________________________________________________________________________________

Бојаџи: „Артефактот“ си замина дома, татко ми повеќе не е задржано лице

Почитувани, татко ми повеќе не е задржано лице! „Артефактот“ си замина дома. Бескрајно сакам да верувам во случајности, во погрешно место и погрешно време. И, да, секој чесен човек треба и мора да верува во независноста и непристрасноста на судот и обвинителството. Бескрајно ви благодарам на сите за поддршката кон мене и моето семејство. Не […]

______________________________________________________________________________________________________

Приведени 13 лица за кражба на артефакти, меѓу нив и таткото на режисерот Бојаџи

Вчера се поднесени кривични пријави против 14 лица за дела против културното наследство и природните реткости. 13 лица се приведени, а по едно лице се уште се трага. Операцијата ја изведоа припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Ова денеска го […]

______________________________________________________________________________________________________

МПЦ со став за неменување на името на црквата

На Архиепископскиот црковно-народен собор, што се одржува во струшко Калишта, Македонската православна црква донесе резолуција во која меѓу другото стои и дека се потврдува и реафирмира ставот за неменување на името на Македонската православна црква. Соборот го подржува ставот од 26 декември 2017 година за неменување на името на државата, за неменување на уставната позиција […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимателно во тунелите на патот Демир Капија – Смоквица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете […]

______________________________________________________________________________________________________

Српски адвокат го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум

Српскиот адвокат Срѓан Алексиќ поднесе тужба против НАТО поради употреба на муниција со осиромашен ураниум за време на воздушнита напади врз поранешна СР Југославија во 1999 година. Според Алексиќ, користењето на ваква муниција придонело за „драстично зголемување на онколошките заболувања во регионот“. Тој нагласи дека тужбата ја поднесува во име на неговата мајка, која починала […]

______________________________________________________________________________________________________

Земјотрес на Сицилија, има повредени лица

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во провинцијата Катанија на италијанскиот остров Сицилија. Епицентарот на земјотресот бил на територијата на општината Санта Марија ди Ликодија и на длабочина од девет километри. Според локалните медиуми, неколку лица биле хоспитализирани со мали повреди, и во состојба на шок. Како резултат на […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре Бела Ноќ во Скопје

Скопје утре ќе пулсира 24 часа. Во рамките на културната манифестација “Бела ноќ”, која ќе биде одржана по 14-ти пат, локалите, музеите, кино салите и театрите низ градот ќе работат до раните утрински часови, а на повеќе локации ќе бидат одржани изложби, концерти, уметнички инсталации, детски работилници и поетски читања. Скопскиот градоначалник остакна дека Белата […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан го советувал Заев да не распишува избори

Еврокомесарот Хан го советувал премиерот Заев да не оди на предвремени избори туку да ја искористи можноста да изгради двотретинско мнозинство во Собранието за поддршка на Догворот од Преспа. Во интервју за австријски Курур, Хан вели дека е уверен оти тоа може да се постигне. – Потребни се осум или девет гласови од опозицијата и […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорче Петров: Старец силувал дете

Полов напад врз дете од страна на лице на возраст меѓу 60 и 65 години е пријавен вчера во полициската станица Ѓорче Петров. Како што соопшти МВР, Н.Т. од Скопје пријавил дека вчера околу 8:00 часот во населбата Ѓорче Петров неговото малолетно дете било пресретнато од непознато лице на возраст од околу 60-65 години. Според […]

______________________________________________________________________________________________________

Боро Стојчев поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев денеска во писмена изјава до Советот на општина Ново Село побара неотповиклива оставка од функцијата, поради морални причини. СДСМ, матичната партија на градоначалникот Стојчев, побара од него да си поднесе оставка од функцијата прв човек на општината. – Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Кривичен слушнати 70-тина „бомби“ од „Титаник“

Околу 70-тина бомби за повеќе од три часа се слушнаа денеска во Кривичниот суд во Скопје на судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Во најголем дел од разговорите во „бомбите“ од март 2013 година учествува поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. – Кажи му ако еден член или вработен најдеме […]

______________________________________________________________________________________________________

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор

По денешната информација дека Апелацискиот суд во Скопје делумно ја уважил жалбата на првообвинетиот Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ на СЈО, а во целост ја потврдил казната на второбвинетиот Никола Груевски, Основниот суд Скопје 1 ги објасни следните чекори на судскиот систем. „Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд – […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1