Archive by Author

Вака изгледал мостот на смртта во Џенова пред уривање: За падот е виновна човечка грешка

Мостот, кој Италијанците уште го нарекуваат и Понте Моранди (мостот Моранди) спрема италијанскиот инженер Рикардо Моранди кој го проектирал, се градел од 1963 до 1967 година. Долг е 1 102 метри, го потпираат три столба од армиран бетон со висина од 90 метри. За сообраќај е отворен во 1967 година. Надвозникот е oбновен во 2016-та […]

______________________________________________________________________________________________________

Девет мостови се срушија во пет години – дали жртвите во Џенова ја платија цената на организираниот криминал?

Многу Италијанци за катастрофата го обвинуваат организираниот криминал. Планирањето на мостот Моранди почна во почетокот на 60-тите и автопатот чиј дел е надвозникот беше отворен во 1967 година. Иако нема докази за криминални дејствија во неговата изградба, Првата италијанска република (1948-1992) беше ноторно позната по вмешаноста на христијанските демократи со организираниот криминал во земјата. Партијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Закана: Дај 10.000 евра или видеа од жена ти ќе завршат на Интернет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ј.Б. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уцена”. -Пријавениот по телефон го уценувал Т.Р. од Дебар дека преку социјалните мрежи ќе објави слики и видео записи со недолични содржини од неговата сопругата, доколку не му даде парични средства во […]

______________________________________________________________________________________________________

ДСЗИ: Загадена храна од „Гала кујна“ причина за цревните инфекции кај децата во ФФМ

Согласно стручното мислење на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, затекнатата загадена храна од објектот „Гала кујна“ која во трпезарија на ФФМ ја консумирале седумте деца фудбалери е причина за појава на цревни инфекции кај нив, односно постои основано сомнение дека се работи за алиментарна токсоинфекција. Ова го соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), […]

______________________________________________________________________________________________________

Времето викендов стабилно и суво, од понеделник дожд

Времето до недела ќе биде стабилно и суво време, но локално не е исклучена појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, велат синоптичарите. Но, од понеделник на повеќе места повторно се очекува времето да биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, соопштуваат од УХМР. Температурата за време на викендот ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

Васко Ѓурчиновски нов началник на ГШ на АРМ

Со Указ на претседателот Ѓорѓе Иванов генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска е назначен за нов началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Неговото назначување беше соопштено на централната прослава на 18 Август – Денот на АРМ, на која учествуваат државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор. Ѓурчиновски доаѓа на местото на генерал-потполковник Методија […]

______________________________________________________________________________________________________

Дезинформации во пресрет на референдумот

Со интензивирање на кампањата за претстојниот референдум за Договорот меѓу Македонија и Грција, се засилуваат и разни дезинформации и шпекулации. Ден по отворениот ден на oбуката на копнените сили на САД на армискиот полигон „Криволак“, на социјалните мрежи се појавија информации дека на овој полигон ќе се користи муниција со осиромашен ураниум, која е опасна […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за синоќешната престрелка во Чаир

Педесет и едногодишниот скопјанец К.И. синоќа пред маркет на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје пукал кон Б.Б. (23) и Р.Б. (20), откако претходно се расправале поради нерасчистени должничко-доверителски односи. МВР информира дека Б.Б. и Р.Б. успеале да побегнат и да останат неповредени, а К.И. го напуштил местото. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче качено на дрво на „Партизанска“ спасено од пожарникари

Противпожарната бригада на Град Скопје ноќеска по еден часот интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво на улицата „Партизански одреди“ бр.85 Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Момчето било качено на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 01:30 до 02:10 […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајка на 13 години, омажена за макро на 19 – животот на легендата Арета Френклин

Претседатели, музички легенди, холивудски ѕвезди и други јавни личности ѝ се наклонија на Арета Френклин, кралицата на соул музиката и вистински уникатен вокал, која почина денеска на 76-годишна возраст по тешко боледување. Суперѕвездата која списанието „Rolling Stone“ ја прогласи за најдобрата пејачка на сите времиња, почина на 76 години во нејзиниот дом во Детроит, опкружена […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонки повредени во сообраќајка во близина на албанско македонската граница Ќафасан

Четири македонски државјанки се полесно повредени во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случила во близина на преминот „Ќафасан“, на албанско-македонската граница. Во несреќата учествувало и возило со македонски регистарски таблички. Елетронското издание на весникот „Шекули“ пишува дека во несреќата полесно се повредени македонските државјанки Валерија К. (25), Орхидеа В. (38), А.В.(17) и Андреа К.,кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Досега 990 пријави за гласање од дијаспората, најмногу од Берн и Лондон

Вкупно 990 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. се доставени до денеска во 13 часот преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mkдо Државната изборна комисија. Од нив, 965 пријави се прифатени, 23 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 83, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина Арета Френклин

Арета Френклин, kралицата на соул музиката, почина денеска на 77-годишна возраст. Таа за последен пат настапи во ноември минатата година за основањето на фондацијата на Елтон Џон за борба против СИДА во Њујорк. Пред тоа, таа пееше во Филаделфија во август. Таа е првата жена која е вклучена во Рокенрол салата на славните во 1987 […]

______________________________________________________________________________________________________

Престрелка во Чаир, полицијата на терен

Околу 19:00 часот вечерва на улицата Лазо Трповски во Чаир по претходна расправија помеѓу три лица дошло до меѓусебна престрелка, но за среќа нема повредени. Инцидентот се случувал во близина на маркетот кој е лоциран на улицата. Според неофицијални информации причина за претстрелката биле меѓусебни нерасчистени имотно правни односи. Полицијата за Сител го потврди случајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Давиде Капело: Паѓав 30 метри од мостот, чудо ме спаси (Видео)

Поранешниот голман на Каљари Давиде Капело , раскажува како го преживеал падот од надвозникот . За сега во несреќата загинаа најмалку 35 лица. Најголем број од загинатите се најдени во нивните автомобили. Спасувачите се уште наоѓаат тела , а од автомобил извлекле и четворица преживеани. – Во тој момент врнеше и грмеше. Одев во Џенова, […]

______________________________________________________________________________________________________

Елена Велевска: Се разедувам, семејното насилство стануваше неподносливо

Познатата пејачка Елена Велевска ги потврди гласините дека се разведува. – Би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Шилегов купил викендичка во Маврово

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на почетокот на годинава купил викендичка во Маврово во вредност од 55.000 евра. Оваа инвестиција на Шилегов е уредно пријавена во неговиот анкетен лист. Куќата треба да се догради.

______________________________________________________________________________________________________

Македонци од дијаспората се жалат дека неможе да се регистрираат за гласање за референдумот

Македонци од дијаспората се жалат дека неможе да се регистрираат за гласање за референдумот. Читател на MKnews ни испрати и фотографии и вели иако претходно го имало на избирачкиот список, сега го нема, а неможе ниту да се обрати до Државната изборна комисија бидејќи маиловите му се враќаат Еве што вели: ,,Пробувам веќе 15 пати […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1