10/08/2018 11:24
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.С. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „телесни повреди во вршење семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот Ф.С. на 08.08.2018 година во семејниот дом, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2018 11:21
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапките на доделување договори за јавни набавки во Министерството за здравство. Како што се наведува во соопштението од ОЈО, предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2018 11:17
•
Posted by: MK News
Колку често ви се случува да седнете во кафуле или lounge бар и да ви ја заборават нарачката, да ви донесат само едно мени, предолго да чекате да бидете услужени или уште подолго да добиете сметка?! За среќа иднината е тука со новата Македонска мобилна апликација „Ај на кафе“ која ќе внесе нов иновативен начин […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 14:23
•
Posted by: MK News
Во Полициската станица Карпош, вчера Н.И. (37) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20.30 часот на ул. „Разловечко Востание“ неговиот малолетен син бил нападнат од куче скитник и бил каснат на десната надлактица.
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 14:22
•
Posted by: MK News
Италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин. -„Четворицата странци, од нив еден Косовец (37) и еден Македонец (39), протерани се од Италија поради опасност по безбедноста на земјата. Еден од странците е Французин (28) кој го примил радикалниот ислам, додека другиот државјанин на Тунис (45)“, пишуваат албанските медиуми. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 14:18
•
Posted by: MK News
Авионска дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши на 11 и на 12 август (сабота и недела) во раните утрински часови. Терестична дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши од 12 до 16 август (од недела до четврток) во периодот од 23 до 4 часот наредниот ден. Ова го соопшти РЦУК – Скопје […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 14:15
•
Posted by: MK News
Градските служби реализираат активности против наездата на комарци, напротив коментарите на социјалните мрежи кои прикажуваат незадоволство кај граѓаните, вели портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху. Тој вели дека граѓаните се во заблуда и дека Скопје редовно се проска против комарци, но новите авиони не се толку бучни како претходните и затоа не се слуша. „Деновиве […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 14:10
•
Posted by: MK News
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открила дека во Македонија се увезени два генетски модифицирани производа, ориз и соини шницли и трошки без да бидат декларирани. И кај пченка за пуканки биле утврдени генетски модификации, но само со првичната анализа. Втората, суперанализа, направена во референтна лабораторија, била негативна. Покажала дека пченката не е генетски модифицирана. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 12:51
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде осум. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната температура од 27 до 36 степени. Во Скопје […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 12:48
•
Posted by: MK News
На седница на Владата во вторник ќе се одлучува дали директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски ќе биде разрешен од својата функција, по скандалот со службениот ип на МВР виден во Грција, објави „Слободен печат“. Од Владата очекуваат да го добијат предлогот од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за разрешување на Велковски. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 12:36
•
Posted by: MK News
Од денеска до 23 август почнува да тече еден од клучните рокови за претстојниот есенски референдум за името. Граѓаните ќе може да направат увид во Избирачкиот список, а државјаните на Македонија кои живеат во странство ќе можат да се пријавуваат за изјаснување на референдумот и тоа преку апликација што денеска ќе биде промовирана од Државната […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 12:31
•
Posted by: MK News
Секоја година високите температури влијаат негативно на здравјето на луѓето во смисла ја влошуваат состојбата кај лицата кои страдаат од кардиоваскуларни болести, респираторни болести, ментални нарушувања. Тоа доведува до зголемување на стапката на морталитет во летните месеци кај вулнерабилните групи на населението, а тоа се старите лица, хронично болни лица, доенчиња и работници на отворено. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 12:29
•
Posted by: MK News
Вчера околу 08.20 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево, на крстосницата за с.Ново Село-с.Црвена Вода, патничко возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (37) од Струга, во кое се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет , три и една година, сите од Шведска, преминал на спротивната коловозна […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2018 12:26
•
Posted by: MK News
16-годишно момче од Неготино е спасено од давање денеска околу 16.30 часот во Охридско езеро. Момчето имало среќа затоа што во близина тренирал тим на Дирекцијата за заштита и спасување. Како што информираат од таму настанот се случил на плажата К`ј Дивоно кога е забележано момчето како се дави. „Според информациите добиени од терен се […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2018 20:25
•
Posted by: MK News
Два сомнителни случаи на западнонилска треска евидентирани и во Македонија. Кај дете и повозрасна жена кои се хоспитализирани во болница, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје проверуваат дали вест најл вирусот кој го пренесуваат комарци е причина за нивната состојба, или, пак станува збор за друга инфективна болест. Од ИЈЗ ќе им направат и […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2018 20:21
•
Posted by: MK News
Анџелина Џоли и Бред Пит се во опасност да се вклучат во нов скандал. Актерката го обвинува својот поранешен сопруг дека не ги извршува своите должности како татко, пишува The Sun. Таа рече дека Пит не платил никакви значајни средства за семејството после разводот, како што наредил судот. Поради оваа причина, Енџи одлучи да поднесе […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2018 20:18
•
Posted by: MK News
Три месеци по свадбата, актерот Ричард Гир (68) и неговата сопруга Алехандра Силва (35) го очекуваат своето прво заедничко дете. Тие се заедно три години. Актерот веќе го има 18-годишен син Хомер, а бизнисменката Силва – шестгодишното момче Алберт. Вестите, кои започнаа како гласини пред неколку недели, веќе се потврдени од извори блиски до телевизијата […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2018 20:15
•
Posted by: MK News
Пет оператори продавале мелено месо за ќебапи и плескваци со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано меѓу говедско и свинско. Месото е повлечено од продажните места. Правните субјекти, односно операторите добиле парична казна од по 5 илјади евра, а одговорните лица од по 1.700. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран […]
______________________________________________________________________________________________________