11/04/2018 15:27
•
Posted by: MK News
Од Александар Македонски на скопскиот плоштад веќе нема да се слуша музика, а светлосните ефекти и натаму ќе ги осветлуваат споменикот и фонтаната, објави „Независен“. Ова е одлука на градоначалникот Петре Шилегов, а по барање на жителите од околните згради. Група граѓани се жалеле дека музиката која „излегувала“ од споменикот им пречела, особено во вечерните […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2018 15:24
•
Posted by: MK News
Повеќе од 31.000 јајца се поништени како небезбедни во инспекциските контроли пред велигденските празници, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Спроведени биле 181 вонредни, засилени контроли во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар. Од нив, 110 биле во малопродажните објекти, а 35 на зелените пазари и 36 на сортирници за […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2018 15:19
•
Posted by: MK News
Хашкиот трибунал го прогласи Воислав Шешељ за виновен и го осуди на казна затвор во времетраење од 10 години. Сепак, Шешељ нема да оди во затвор со оглед на тоа што во притворот на Хашкиот трибунал за време на судскиот процес помина вкупно 11 и пол години. Со првостепената пресуда, судот на Хашкиот трибунал на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2018 15:14
•
Posted by: MK News
Инцидент се случил вчера во амбулантата во Шуто Оризари, медицинската сестра претепана. Како што информираат од МВР, во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 12:30 часот било пријавено дека на улица „Индира Ганди“ во ходникот на амбулантата „Шуто Оризари“ медицинската сестра Н.З.(26) била физички нападната од страна на П.А.(33). Имено, на настанот претходела расправија […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2018 15:10
•
Posted by: MK News
На Твитер објава Доналд Трамп ја предупреди Русија да се „подготви” откако Москва вети дека ќе пука кон секој проектил упатен кон Сирија. Твитот се чини дека е неофицијално објавување на одлуките за кои Трамп рече дека Вашингтон наскоро ќе ги донесе во врска со наводниот хемиски напад во Сирија. Денеска претставникот на Москва во […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2018 15:08
•
Posted by: MK News
Во падот на воениот авион Супергалеб Г-4 утрово во Ковачица, се катапулитурале двајцата пилоти, но за жал, пилотот Роберт Калоци (49) починал. Другиот е тешко повреден и префрлен на ВМА. Итната помош е на лице место, а пилотот кој е во тешка состојба пренесен е на ВМА. За жал, Калоци веќе бил мртов и дежурната […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2018 15:07
•
Posted by: MK News
На местото на падот на воениот авион „супергалеб Г-4“ кај Ковачиќ остана кратер. Пилотот и копилотот успеале да се катапултираат од авионот, еден од нив загина, а другиот е во тешка состојба. Авионот паднал во нива, а мештаните тврдат дека слушнале престанување на работа на моторот. На самото место може да се види кратер, како […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2018 15:04
•
Posted by: MK News
Српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон почина вчера на 85-годишна возраст. Жигон почина во болница во Белград по кратко боледување, соопштија српските медиуми. Таа е најпозната по улогата на Јелена во филмовите „ Жикина династија“. Во текот на својата кариера глумела во многу филмови, серии и театарски претстави.
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2018 21:22
•
Posted by: MK News
Пожарот што избувна попладнево во канцеларии на Министерството за правда во центарот на Скопје е изгаснат. Повредени нема, причинета е материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарна бригада на град Скопје изјави дека во пожарот изгореле три канцеларии на четвртиот кат, но оти од големата топлина има оштетување и на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2018 21:10
•
Posted by: MK News
Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општина Сарај, Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Шуто Оризари. Од 08:30 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од селата Кондово, Кучково, Бојане, Копаница, Рашче Грачани, Рудникот Радуша, викенд населбата Веле Поле и Караулата Чашка […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 15:25
•
Posted by: MK News
Околу 54.000 српски граѓани како долготрајно невработени лица во Германија месечно примаат по 416 евра без да работат ништо. 16.924 хрватски граѓани на крајот на 2017 година примале ваква помош во наведената земја. Тоа е за 1.8 проценти повеќе од една година претходно. Оваа помош се разликува од социјална помош. 5.933.000 граѓани добиваат социјална помош, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 15:20
•
Posted by: MK News
Медицинската сестра Мелиса Микс, поранешна сопруга на најсекси криминалецот Џереми Микс, за „Дејли мејл“ открила дека имала спонтан абортус поради претрпениот шок откако сопругот ја оставил заради богатата наследничка Клои Грин. Мелиса (39) тврди дека кога со Џереми (34) имале секс за разделба, таа забременила. – Кога еден ден дојде по децата, едвај функционирав. Не […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 15:18
•
Posted by: MK News
Пчеларот Милош Богадновиќ од село во Србија се впуштил во бизнис со собирање на отров од пчела, за кој светските фармацевстски компании нудат вистинско богатство, односно за килограм од оваа состојка се плаќаат 20.000 до 100.000 евра. Отровот од пчела се користи за производство на лекови за реума, кардиоваскуларни болести и околу 40 видови автоимуни […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 15:16
•
Posted by: MK News
Од 48 родители кои во Белград се прогласени за виновни за одбивање задолжителна вакцинација, 15 се казнети со парични казни од 10.000 до 30.000 динари (85 до 254 евра), пишува „Блиц“. Пред Прекршочниот суд во Белград наскоро ќе се најдат уште родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца со ММР вакцината, затоа што инспекцијата […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 15:15
•
Posted by: MK News
Се поголем број кучиња има на скопските улици, особено во попладневните и вечерни часови. Трчаат во глутница, напаѓаат минувачи особено се нафрлаат врз оние кои носат ќесе во рака или пак возат велосипед. Освен во Аеродром, голем број агресивни кучиња има и на Плоштадот Македонија. – Само во месец март во полиција се пријавени 32 […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 15:12
•
Posted by: MK News
Холивудската актерка Шенон Доерти (46), која се прослави со улогата во серијата „Беверли Хилс“ на социјалната мрежа објавила дека лекарите на нејзините последни анализи воочиле зголемени тумор маркери. „Анализи и наоди. Едниот тумор маркер е добар, другиот е зголемен. Тоа само значи дека ќе морам на набљудување и на други анализи. Но, дури и по […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 15:11
•
Posted by: MK News
Секоја домаќинка за Велигден вапца повеќе јајца, па најчесто дел од нив се фрлаат. Треба да бидеме внимателни од каде купуваме јајца, како и колку дена ги чуваме и јадеме. Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии. По варењето се […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 15:10
•
Posted by: MK News
Дали Џенифер Анистон и Анџелина Џоли конечно се смирија? Добро информирани извори тврдат дека информацијата е точна. Процесот на помирување се одиграл на забавата која ја оргранизирала Reese Witherspoon, пишува американскиот таблоид Woman’s Day. Двете актерки поминаа повеќе од една деценија избегнувајќи се, ама и двете прифатија да дојдат на роденденската забава на својата колешка, […]
______________________________________________________________________________________________________