Archive by Author

Цукерберг ќе одговара на прашања во Конгресот

Аферата со личните податоци на Фејсбук, во посредство на компанијата Кембриџ Аналитикс ја натераа таа социјална мрежа сериозно да се позанимава со заштитата на податоците на своите корисници, а првите промени доаѓаат уште денеска. Поголемиот дел од корисниците уште денеска на врвот на својот Њус Фид ќе можат да видат кои апликации ги користат, но […]

______________________________________________________________________________________________________

Лоши вести за туристите: Грција воведе нов данок- скокнаа цените за сместување

Од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето, ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите, поради новиот данок на престој што стапи во сила на почетокот на годинава. Претседателот на грчката федерација на хотелиери и претседател на Сојуз на хотелиери од Халкидики, Григорис Тасиос, за МИА објаснува […]

______________________________________________________________________________________________________

Танкер се заби во историска палата на истанбулскиот Босфор (Видео)

Танкер се заби во историска палата во Истанбул на брегот на Босфор, откако откажала опремата за управување, јави Си-ен-ен Турк и додаде дека сообраќајот е сопрен во двете насоки. На местото на инцидентот се испратени реморкери и пловила на крајбрежната стража, а танкерот „Витаспирит“ кој плови под малтешко знаме е извлечен на брегот. Засега нема […]

______________________________________________________________________________________________________

Села нема да биде дел од Владата на Заев без избори

Алијансата за Албанците на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да претходи парламентарен изборен процес. Оваа едногласна одлука на партијата се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето […]

______________________________________________________________________________________________________

Луфханза откажа над 800 летови поради штрајк на аеродромите во Франкфурт и во Минхен

Авиокомпанијата „Луфтханза“ откажа повеќе од 800 летови од германски аеродроми поради штрајк, јави АФП. Германски синдикат соопшти денеска дека негови членови утре ќе организираат штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт. Штрајк ќе биде организиран и на аеродромот во Минхен. Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација. Синдикатите бараат зголемување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Орбан: Остваривме историска победа на парламентарните избори

Унгарскиот претседател Виктор Орбан прогласи победа откако прелиминарните резултати од парламентарните резултати покажуваат дека избирачите му дале доверба за трет последователен мандат, и четврти од 1998 година. Коалицијата на Фидес и помалиот партнер христијански демократи, убедливо победија на изборите и најверојатно освоија двотретинско мнозинство односно 133 од 199 места во парламентот, јавија локални медиуми. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Поради статус на Фејсбук, прилепчанец претепан и ограбен

Ноќеска во 01,00 часот во Полициската станица Прилеп, Б.М.(36) пријавил дека на 08.04.2018 година околу 19,00 часот додека се движел пеш по улицата “Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“, во кое бил И.Р. (37) заедно со уште едно лице. Тие излегле од возилото и почнале да му се закануваат на Б.М. во врска со […]

______________________________________________________________________________________________________

Карпош: Татко и ќерка (13) искасани од ротвајлер

Вчера вечер во 22,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во паркот за кучиња во населбата Карпош, 13 годишно девојче, кое било со нејзиниот татко Д.Д.(43), било каснато од куче–Ротвајлер, водено од женско лице. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а нејзиниот татко кој се […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ ја достави интерпелацијата во Собрание

ВМРО-ДПМНЕ достави до Собрание интерпелација за Владата на премиерот Зоран Заев. Ова за ТВ21 го потврди координаторот на партијата, Драган Данев. Интерпелацијата ја достави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ без да даде изјава за медиуми поради празникот Велигден. Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски истакна дека очекува да се изгласа во среда недоверба на Владата.

______________________________________________________________________________________________________

Крвав Велигден: Малолетник прободен со нож во Ѓорче

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ во Полициската станица Ѓорче Петров Е.С.(51) пријавил дека на 07.04.2018 година околу 22,30 часот додека неговиот син Е.С. (17) се движел по улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица. Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил пренесен […]

______________________________________________________________________________________________________

Православните христијани го слават Велигден- Христос Воскресна, Вистина Воскресна

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, […]

______________________________________________________________________________________________________

Летни температури во Македонија – ова е најновата временска прогноза

Времето денеска е сончево и релативно топло, со слаб ветер претежно од источен правец. Во попладневните часови утре ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, потоа ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина легендата на југословенските филмови

Актерот Божидар Смилјаниќ почина на 82. години. Тој беше дел од многу југословенски хит филмови. Синот на великанот напиша дека тој починал на 7. април дома и дека агонијата не траела долго. Тој глумеше во Битката на Неретва, Забранета љубов, Одмори се, Заслужи, Козара и други.

______________________________________________________________________________________________________

Потресна исповед на Надица од Скопје, која ја загуби мајка си во поплавата во Стајковци

Животот знае да ти удри шамар кога најмалку очекуваш и се надеваш. Големината на човекот е да се соочи со кошмарот и од него да излезе уште посилен. Прочитајте го статусот на Надица од Скопје, која ја загуби својата мајка во поплавите кои се случија пред непони две години во скопскиот регион: “Кога ти реков […]

______________________________________________________________________________________________________

Преживеа 22-годишниот Флорим Мисини кој беше ранет во Мала Речица: Лекарите му го спасија животот

22-годишниот Флорим Мисини кој по престрелката во Мала речица беше пренесен во Ургентниот центар во Државната болница „Мајка Тереза“, е надвор од животна опасност. На Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување му бил извршен оперативен зафат и докторите успеале да му го спасат животот. Од КАРИЛ за „Фокус“ велат дека Мисини бил донесен на […]

______________________________________________________________________________________________________

Фудбалерите на „Пелистер“ покосени: Сите имаат труење од храна

Натпреварот помеѓу Шкупи и Пелистер не започна денес, причина за тоа е труење со храна на играчите на битолскиот тим. Фудбалерите на Пелистер тргнаа накај Скопје но не стигнаа, хоспитализирани се во велешката болница поради труење со храна. Нивната состојба е добра, дадена им е инфузија, но не се во состојба да го играат денешниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Велес: Бебе починало во рацете на својата мајка, телото на обдукција

Во Општата болница во Велес било донесено починато седуммесечно бебе од велешкото село Бузалково. – Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот, соопшти МВР. Случајот вчера, во 13 часот, бил пријавен во СВР Велес од Општата болница […]

______________________________________________________________________________________________________

Бобан Илиќ во притвор ќе ја чека правосилноста на пресудата

Бобан Илиќ, кој во 2016 година со своето возило го усмрти четиригодишниот, Алмир Алиу, по барање на обвинителството е однесен во притвор до правосилноста на пресудата и отпочнување на издржување на казната. Кумановскиот суд во четвртокот му изрече на триесетгодишниот Илиќ затворска казна во траење од 6 години за делото кое го извршил по расправијата […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1