02/03/2018 16:25
•
Posted by: MK News
„Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ. Владата должни објаснување, кој врши притисок врз полицајката Јасмина Jаначковска да ја смени изјавата за инцидентот кај Мавровка. Ако не ја заштитиме Јасмина, Македонија ќе биде држава на силеџии како Беќир Асани! Брука!“, напиша Насер Селмани, претседател на ЗНМ, на својот Фејсбук профил.
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 16:23
•
Posted by: MK News
Претседателот на Државната комисија за спречување на коруцијата (ДКСК) Игор Тантуровски вели дека не чувствува никаква одговорност, бидејќи на никаков начин не е посочен во ревизорските извештаи и од тие причини нема намера да поднесе оставка на функцијата. Смета дека случајот е инструиран. Ревизорскиот извештај, потенцира Тантуровски, бил за внатрешна употреба со препораки како да […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 13:59
•
Posted by: MK News
Полициската службеничка која вчера беше нападната од Бекир Асани, денеска на средба со министерот Спасовски тврди дека функционерот на ДУИ само вербално ја нападнал а повредите ги добила случајно удирејаќи се во пајак возилотот. Полициската службеничка Јасмина Јаначковска настанот лично му го објаснила на Спасовски кој пак ситуацијата ја искористи и за да се фотографира […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 13:57
•
Posted by: MK News
Лестер Бо Мекејлеб повеќе не е играч на шпанскиот прволигаш Сарагоса. Тој си замина од клубот и градот поради смртта на неговата мајка, а потоа го известил раководството дека повеќе не се враќа. Во Сарагоса тој играше само два месеца и настапи на девет натпревари, но и на нив беше еден од најдобрите со просек […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 13:53
•
Posted by: MK News
Полициската станица од општа надлежност Струмица поднесе кривична пријава против 27- годишниот М.В, државјанин на Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена’’. М.В. во текот на декември 2017 година, преку профил на социјалната мрежа ,,Facebook’’, побарал од лице од Струмица да му испрати фотографии со интимна содржина. Откако оштетената […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 13:52
•
Posted by: MK News
За следниот петок, 9 март, одложено е рочиштето во Врховниот суд по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Еден од двајцата адвокати од грчкиот тим што ги брани двајцата поранешни разузнавачи, беше отсутен поради болест, па затоа неговиот колега побара одложување. За разлика од минатиот пат, на првото рочиште во Врховниот […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 13:38
•
Posted by: MK News
Полицајката Јасмина Јанчовска која вчера беше нападната од функционерот на ДУИ Беќир Асани, не била физички туку само вербално нападната. На заминување од местото на настанот, таа самата со левата рака се удрила во специјалното возило „пајак“, но не се здобила со сериозна повреда. Ова му го кажала Јанчовска на министерот за внатрешни работи Оливер […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 13:35
•
Posted by: MK News
Хидрометеоролошкиот институт на Србија прогласи црвен метеоаларм од денеска до недела, што значи дека предвидува „особено опасни метеоролошки феномени“. Првиот ден од март Србија беше под студ, снег и мраз, а температурите паднаа до минус 24 степени, измерени во Сомбор и во Сјеница. Поларниот студ во Србија веќе зеде два живота, а екстремниот студ им […]
______________________________________________________________________________________________________
02/03/2018 13:32
•
Posted by: MK News
Пообилни врнежи од дожд денеска ќе има во западните делови од Македонија, каде до сабота наутро се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 23:04
•
Posted by: MK News
Околу 200 граѓани само во Скопје со повреди здобиени од пад на снегот и мразот побарале лекарска помош во Ургентните центри изминатите пет дена. Скршеници и набиеници на рацете, нозете или колковите имале и стари и млади лица. Најмногу пациенти биле примени во Клиниката за хируршки болести, но зголемен број на вакви интервенции бележат и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 23:01
•
Posted by: MK News
Главен мотив ми е да водам отворена и обединувачка политика, а додека сум претседател ВМРО-ДПМНЕ нема да реагира емотивно, туку мудро, трпеливо и математички прецизно, порача вечерва лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски. – Имаме проектирана цел да ја составиме идната влада, а патот тоа да го постигнеме ќе го моделираме. Единствена цел ни […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 16:07
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање пред парламентот соопшти дека Русија развива нова интерконтинентална балистичка ракета, која ќе има дострел до која било точка во светот. Русија развила нова генерација на хиперсонични проектили, рече денеска Путин, предупредувајќи дека глобалните сили сега мораат да водат сметка за руската воена моќ. Путин, кој очекува за неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 16:04
•
Posted by: MK News
Пејачката Емина Јаховиќ пред одредено време објави дека става точка на бракот со Мустафа Сандал. Оваа вест изненади многумина, а последните денови вниманието на јавноста го привлече нејзината преписка со Марко Мишковиќ. Иако тие двајца пред одредено време биле во врска, се чини се застанало поради ненадминливите препреки. Сега кога Емина е слободна, најверојатно страста […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 15:41
•
Posted by: MK News
Хашкиот затвореник Ратко Младиќ тврди дека во 1994. година некој од српската мафија ја убил неговата 24-годишна ќерка Ана, но сигурен е дека тоа не бил Жељко Ражнатовиќ Аркан. Ова го открива синот на Ратко Младиќ: – Тврдењата дека Аркан е вмешан се неточни. Не е Аркан сигурно, тоа можам да го тврдам. Се смета […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 15:39
•
Posted by: MK News
Словачката полиција уапси две лица кои планирале да набават оружје и да одат во селото Велка Мача на 23 февруари, и кои се поврзуваат со убиството на новинарот Јан Куциак и неговата вереница, соопшти полициски претставник. полицијата завчера извршила претрес во домовите на лица, кои одамна биле осомничени за трговија со дрога. Претресите биле извршени […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 15:38
•
Posted by: MK News
Шпекулација е дека ВМРО-ДПМНЕ се договорила со владејачките партии да се врати во Собранието и да се изгласа законот за јазици, а за возврат на тоа да бидат ослободени притворените за случувањата во Собранието на 27 април, рече денеска претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по неговата прва средба со претседателот […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 15:35
•
Posted by: MK News
З.Т. роден 2001 година денес околу 12:40 часот бил избоден со нож на автобуската постојка Рекорд, информираат од МВР. Момчето било нападнато од две лица и прободено со остар предмет во пределот на стомакот. Со возило на Итна медицинска помош е префрлен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2018 15:33
•
Posted by: MK News
Беќир Асани од ДУИ нападнал полицајка за време на сообраќајна контрола кај трговскиот центар Мавровка. Според информациите во полицскиот билтен, денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје, при подигање на патничко моторно возило “Ланд ровер” со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на […]
______________________________________________________________________________________________________