16/02/2018 23:14
•
Posted by: MK News
Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Скопје и околината. Земјотресот е регистриран во 15 часот и 43 минути и потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот е на само неколку километри источно од централното градско подрачје, со локална Рихтерова […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 23:09
•
Posted by: MK News
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека во понеделник ќе се знае кој е одговорен и кој ќе ја понесе одговорноста за случајот со 13-годишното девојче, штитеник на Јавната установа за деца со социјални проблеми „25 Мај“. – Одговорност ќе има откако комисијата во понеделник ќе ги даде препораките и ќе постапи […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 23:06
•
Posted by: MK News
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 23:04
•
Posted by: MK News
Билатералниот договор меѓу Македонија и Германија за меѓусебно признавање на возачките дозволи е постигнат, велат извори на Дојче веле. Тоа е особено важно како за македонските државјани кои имаат постојано живеалиште во Германија, но и за оние кои често патуваат во земјата, бидејќи досега правото да управуваат со моторно возило во Германија го имаа само […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 18:28
•
Posted by: MK News
Новото решение за името со географска одредница да не биде на штета на трети држави, е ставот на претседателот Ѓорге Иванов, кој на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев на новинарско прашање за спорот потенцира дека преговорите ќе продолжат под покровителство на Обединетите нации, а решението ќе се бара од Резолуцијата на ООН, Привремената […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 18:23
•
Posted by: MK News
Народниот правобранител смета дека случајот со сексуалната злоупотреба на малолетничката од ЈУ „25 Мај“ е резултат на, како што посочуваат оттаму, индолентниот однос на институциите. Вистина е велат оттаму, дека институцијата е од отворен тип, но вработените и старателот требало да се заинтересираат зошто таа толку често ја напуштала установата и каде го поминувала времето. […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 16:39
•
Posted by: MK News
Федерацијата на планинарски спортови го суспендираше водичот на групата која изминатиот викенд се искачуваше на планината Ниџе кога двајца македонски планинари загинаа. Водичот Зоран Костадинов е суспендиран пред се од морални причини, потврдуваат од Федерацијата на планинарски спортови. Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд.
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 16:38
•
Posted by: MK News
„Во врска со случајот со 12 годишното девојче штитеник на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, од страна на МВР постапувано е од крајот на 2016 и во текот на 2017 година и 2018 година и според евидентираните оперативни сознанија и комуникација со надлежното ОЈО, ја информираме јавноста за следното: Малолетното девојче во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:52
•
Posted by: MK News
Актерката Катарина Радивојевиќ е исфрлена од серијата „Ургентен центар“ зашто ѝ удрила шлаканица на организаторката што работи на проектот, објави српски „Курир“, повикувајќи се на изјава на Горан Стаменковиќ, сопственик на продукцијата што стои зад серијата. Претходно Радивојевиќ изјавила дека била спорна сумата што ја барала од продуцентите и дека наишла на отпор кај луѓето […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:36
•
Posted by: MK News
Силуваното тринаесетгодишно ромско девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“, имало макро, според неговите изјави давани во полиција, а за кои информира и Министерство за труд и социјална политика. МВР и дополнително истражува дали девојчето доброволно ги вршело сексуалните дејства бидејќи тоа посочувало лица со име и презиме за кои велело дека […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:27
•
Posted by: MK News
Градот Скопје денеска потпиша договор со компанијата Chariot Motors за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци. Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар Јане Сандански, булевар Кочо Рацин, улица […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:18
•
Posted by: MK News
Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев го блокираше Скопје. Повеќе сообраќајници десетина минути беа блокирани поради делегацијата на бугарскиот претседател. На видеото објавено на фејсбук, може да се забележи како полицијата не пропушта амбулантно возило кое пренесува пациент, поради странската делегација. Очигледно меѓународните односи и протоколи се поважни од човековиот живот.
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:13
•
Posted by: MK News
Ако уште една го навредите Судот, ќе ве казнам, го опомена судијката Добрила Кацарска, поранешниот премиер Никола Груевски, откако тој рече дека Судот е партиски. Груевски е на рочиште за случајот „Тенк”. Кацарска побара ова да влезе во записникот. Претходно, одбраната бараше да не почне главната расправа, судијката даде пауза од половина час и му […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:09
•
Posted by: MK News
Денеска е доставено отказното решение на анестезиологот од Карил кој бил на породувањето во Санте Плус кога почина родилката од Кичево. Директорот на ТОАРИЛУЦ вели дека одлуката е согласно законот, бидејќи лекарот кој повеќе од три недели не доаѓа на работа, без договор и дозвола бил во приватната болница. Од клиниката велат дека ќе треба […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 14:02
•
Posted by: MK News
Триесет и пет годишен месечар преживеал пад од осми кат, кога во сон излегол низ прозорецот на својот стан во Њујорк. Ренди Потисан паднал на градежно скеле, шест ката подолу од катот на кој живеел. Инцидентот се случил во 5 часот наутро. Набрзо на местото на настанот пристигнале пожарникари кои го подигнале ренди од скелето […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 13:58
•
Posted by: MK News
Јутарњи лист открива во каква лимузина го возеа Вучиќ низ Загреб: Стотка постигнува за 6,5 секунди, чини повеќе од еден милион. Осигурувањето на Александар Вучиќ, од нивните хрватски колеги и домаќините побара српскиот претседател при посетата на соседната држава да се вози во неговото претседателско возило, а на тоа е, како што може да се […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 13:57
•
Posted by: MK News
Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а некако географска карактеристика, сега треба да се најде географска или територијална одредница. Моја желба е името да биде непреведно, на словенски јазик, таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија, вели Никос Коѕијас, Министерот за надворешни работи на Грција во синоќешното интервју за […]
______________________________________________________________________________________________________
16/02/2018 13:41
•
Posted by: MK News
Бугарскиот претседател Румен Радев од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Радев во земјава пристигнува на покана на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници ќе имаат тет-а-тет средба. Радев и Иванов […]
______________________________________________________________________________________________________