Archive by Author

Докиќ: Треба да се практикува носење две маски на лицето

Потребно е за еден степен да се зголеми заштитата од коронавирусот, бидејќи новиот сој забрзано се шири и луѓето можат многу полесно да се заразат, рече директорот на Клиниката за пулмологија, Дејан Докиќ. – Новиот сој на коронавирусот се шири полесно оти има мутација на протеинот. Ова настанува кај неколку мутации и постојат повеќе агресивни […]

______________________________________________________________________________________________________

Благодарам Србија – пораки од илјадници граѓани од регионот кои денес се вакцинира ФОТО

Илјадници македонски граѓани пред 20 пунктови го чекаа својот ред за првата доза од вакцината. Покрај Македонци, пред Белградскито саем имаше и граѓани на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Унгарија, кои деновиве се пријавија преку системот е-управа, и веднаш им беше закажана вакцинација за овој викенд. На Белградскиот саем денеска се вакцинирани 6.446 […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Вакцинираните во Србија втората доза ќе може да ја примат во Македонија

Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија министерот за здравство Венко Филипче изјави дека граѓаните кои се вакцинирале во Србија, ќе можат втората доза да ја примат во Македонија. „Јас веќе утре ќе разговарам со српскиот колега Лончар да видиме дали можеме да ги добиеме податоците електронски за да ги вградиме во […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина Зафир Хаџиманов поради компликации од Ковид-19

Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов, почина од компликации на Ковид-19. Познатиот музичар, поет и актер беше роден во 1943 година во Кавадарци. Завршил гимназија и музичко училиште во Скопје. Во 1967 година дипломирал на ФДУ во Белград. Паралелно со студиите настапувал како пејач и ги снимил првите две плочи.

______________________________________________________________________________________________________

Табла „Republika e Shqiperisë“ и албанско знаме во библиотеката во Центарот за култура во Кичево

Табла „Republika e Shqiperisë” е поставена во библиотеката во НУ Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево. На таблата има натпис само на албански јазик со знамето на Албанија. Реакција има од вработените во Центарот за култура „Кочо Рацин“, но и од посетителите кои сметаат дека станува збор за провокација и кршење на законите, бидејќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Русковска: Акцијата во Грчец е пробиена, петте главни во бегство, луксузните возила и дрогата сокриени

Акцијата во село Грчец е пробиена, рече на денешната прес конференција шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Како што кажа таа теренот бил исчистен, а пронајдени се пари и нешто повеќе од половина килограм кокаин. „Во претресите одземени се над 80.000 евра, а за пронајдената дрога сѐ уште не се готови […]

______________________________________________________________________________________________________

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

13 години затвор доби обвинетиот Насер Ешрефи за убиството на Ангел Петковски пред речиси 7 години во населбата Ѓорче Петров. Според судот, обвинетиот е виновен бидејќи со умисла го сторил кривичното дело. Останува во притвор до правосилност на пресудата. Во изречената казната затвор се пресметува и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор и […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски државјани ќе се вакцинираат со АстраЗенека викендов во Србија

На Белградскиот саем во тек е вакцинација на голем број странски државјани кои се имаат пријавено преку системот е-Управа, од кои најмногу има државјани на Босна и Херцеговина и Црна Гора. Како што јави дописникот на МИА од Белград, викендов на Белградскиот саем се очекува вакцинација и на огромно мнозинство македонски државјани. Според информациите од […]

______________________________________________________________________________________________________

Закана од Оксфорд: АстраЗенека поради критиките од ЕУ може да ја зголеми цената на вакцините

Ако може да се суди според зборовите на еден од водечките научници од тимот што ја произведе вакцината на АстраЗенека, поради критиките што доаѓаат од ЕУ, цената на таа вакцина може да се зголеми. Џон Бел, канадски имунолог и генетичар и професор на Оксфорд, кој беше еден од клучните научници во развојот на вакцината на […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Има предност што сме земја каде каснат вакцините, можевме да ги согледаме предностите и слабостите

На новинарско прашање денеска во Делчево дали премиерот Зоран Заев очекува отпор за вакцинирање со вакцината на АстраЗенека која пристигнува во недела, Заев кажа дека очекува масовно прифаќање на вакцините во државата. Јас очекувам масовно прифаќање на вакцините во Република Северна Македонија. Има една предност што сме земја со задоцнување со вакцините, земјите членки на […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови рестриктивни мерки нема да има

Нови рестриктивни мерки нема да има, потврдија за Сител од Министерство за здравство. На состанокот на Комисијата за заразни болести беше разгледана актуелната состојба со епидемиолошката слика во земјава каде Комисијата заклучи дека нема потреба од дополнитени рестриктивни мерки во земјата. На сила останува мерката полициски час од 22 до 05 часот, која ќе трае […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема акција со 22 уапсени – Разбиена дилерска група од Чаир, Гази Баба, Сингелиќ и Грчец

22 лица се уапсени во големата акција против трговија на дрога која ја спроведе Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Со асистенција на специјалните единици на МВР се вршеа претреси во четири скопски населби, Грчец, Чаир, Гази Баба и Сингелиќ. Најмалку еден од уапсените е малолетен. Негови роднини дојдоа во Полициската станица Карпош […]

______________________________________________________________________________________________________

До сабота утринските температури под нулата, дневните во пораст

Стабилно време се очекува во наредните денови со значително ниски утрински температури, но дневни кои ќе бидат во пораст. Од УХМР информираат дека до сабота утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот. Од почетокот на работната недела утринските температури ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: На 28 март ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва најави дека во недела, на 28 март во државава ќе пристигне првата пратка вакцини од „Астра Зенека“ преку Ковакс системот. -Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, објави вечерва на својот фејсбук профил министерот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Го повикувам Заев на тет-а-тет средба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во Дневникот на Сител го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите… – Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме […]

______________________________________________________________________________________________________

Вакцината на АстраЗенека нуди 79% ефикасност и штити од хоспитализација, покажува истражување во САД

Астра Зенека вакцината е 79 отсто ефикасна во спречување на симптоми на корона и 100 осто ефикасна во спречување на тешки форми на болеста и хоспитализација. „Ова се резулатите од долгоочекуваната американска клиничка студија за нашата вакцина“, објави фармацевската компанија. Учествувале 32.000 волонтери а 20 отсто од нив се на возраст од над 65 години. […]

______________________________________________________________________________________________________

Реџепи: Граѓаните можат уште некој месец без пари, поважен е законот за државјанство

Пратеникот Скендер Реџепи од опозициската коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива изјави дека граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари бидејќи многу поважен е законот за државјанствата. Тој смета дека оправдана е блокадата на Собранието за законите кои се однесуваат на пакетите со антикризни мерки кои треба да обезбедат финансиска помош […]

______________________________________________________________________________________________________

Лечиќ: Обвинението за силување е гнасна лага која се обидува да ме дискредитира

По обвинувањата на актерката Даниела Штајнфелд дека била силувана од страна на Бранислав Лечиќ се огласи и актерот кој за ова обвинение вели дека е гнасна лага која го дискредитира. „Апсолутно ги почитувам законите и правните институции на државата и подготвен сум во секој момент да одговорам на Обвинителството на ваквите обвинувања. Се работи за […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1