23/03/2021 11:34
•
Posted by: MK News
Поранешниот заменик министер за образование и пратеник на СДСМ Тале Герамитчиоски вчеравечер починал поради компликации од Ковид-19. Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2021 10:50
•
Posted by: MK News
Летовите од Северна Македонија и Албанија, од денеска се дозволени на сите грчки аеродроми, а не само на атинскиот како што беше случајот досега, додека пак прекината е забраната за летови од Турција кон Грција, согласно новите упатства (NOTAM) на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција. Сепак, ова не значи дека македонските државјани можат авионски […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2021 10:48
•
Posted by: MK News
Шест лица се повредени од експлозија од плинска боца што се случила вчера во викендица во село Матејче општина Липково, информираа денеска од МВР. Повредените се на возраст од 27 до 44 години. Лекарите од кумановската општа болница, вчера во 21: 45 пријавиле во СВР Куманово дека кај нив биле донесени шест лица С.С.(34), В.И. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2021 11:27
•
Posted by: MK News
Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Меѓународен сојуз“. Во судницата е и бизнисменот Јордан Камчев, кој е спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор. Тој на денешното рочиште треба да даде исказ во својство на сведок. Судијката Софче Ефремова на последното рочиште за овој предмет најави дека […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2021 16:38
•
Posted by: MK News
Лицата кои прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза од вакцината, согласно стручните препораки. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дека лицата, кои прележале Ковид-19 ги нема во планот за имунизација, со образложение дека имаат антитела. Филипче напомена дека планот […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2021 16:36
•
Posted by: MK News
Нема нови дополнителни мерки, останува полицискиот час од 22 часот до пет часот наутро, ова е заклучокот на комисијата за заразни болести. Според надлежните резулатите од досегашниот полициски час треба да има во наредните четири до пет дена. Доколку во наредните денови бројките на заразени се зголемуваат можни се нови мерки, но не потенцираа какви […]
______________________________________________________________________________________________________
17/03/2021 16:33
•
Posted by: MK News
По повеќе од 6 месеци од породувањето во кое дебарчанката Јилдз Веапоска останала без бубрег, матка и јајник и неколку месеци откако јавноста беше запозната со оваа шокантна судбина, Филипче реши да го разреши Мухамед Асани од директорското место во струшката болница. Новиот директор ќе биде познат најдоцна до утре. Откако минатата недела Лекарската комора […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2021 14:02
•
Posted by: MK News
Откриено што подготвува Европската унија со ковид-пасошите. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по разговорите во Брисел рече дека сертификатот, кој е на дневен ред на Европската комисија, ќе вклучува три категории. „ Трите категории во сертификатот се: оние кои биле вакцинирани, оние кои имаат негативен тест и оние кои го надминале вирусот Ковид-19“, објасни Пленковиќ во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2021 13:56
•
Posted by: MK News
Променливо облачно и студено време со сончеви период со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег ќе следи наредните денови. Од УХМР најавуваат дека температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Утре и во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/03/2021 13:55
•
Posted by: MK News
Четврта недела по ред цените на горивата се зголемуваат. Со новата одлука која ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика дизел горивото од полноќ ќе се продава по цена повисока за еден денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство по повисока цена за денар и половина. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2021 19:29
•
Posted by: MK News
Денеска по кусо боледување почина Горан Гаврилов (54), основач и соственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис. Гаврилов беше основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ). Поради неговото познавање на оваа област и професионалност беше вклучен и во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското […]
______________________________________________________________________________________________________
09/03/2021 20:54
•
Posted by: MK News
Нема пропусти во работата на директорот на струшката болница д-р Мухамед Асани за случајот со родилката која загуби три органи, бубрег, матка и јајник, констатира Лекарската комора. Оттаму не сакаа да коментираат или дадат повеќе информации. Но Министерството за здравство испрати детали од извештајот на Комората. Според стручниот наод, Јилдиз Веапоска била соодветно примена и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/03/2021 20:46
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев во вечерашната Тема на денот во Дневникот на Сител кажа и дека конктатирал луѓе од тајни служби низ светот. -Фајзер договорот е потпишан. До крајот на март 21.000 вакцини ќе стигнат. Од април мај почнуваат да стигнуваат поголемите количини. Преку Ковакс очекуваме 20-30.000 да стигнат до крајот на март. Во март очекуваме […]
______________________________________________________________________________________________________
09/03/2021 20:44
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев на прес-конференција рече дека Владата на денешната седница донела одлука од утре да стапи на сила полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро. Полицискиот час ќе трае дванаесет дена до 22 март до 5 часот наутро. На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2021 20:19
•
Posted by: MK News
Почина музичарот и фронтмен на групата „Балканика“, Александар Сања Илиќ на 70-годишна возраст поради компликации предизвикани од ковид 19. Илиќ е роден е во 1951. година во Белград, негов татко е композиторот Миодраг Илиќ Бели, а брат му е композиторот Драган Илиќ, кој е член во „Генерација 5“. Кога имал 12 или 13 години напишал […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2021 20:15
•
Posted by: MK News
Со тесно мнозинство, 52 проценти „за“, 48 проценти „против“, Швајцарците на референдум одлучија да забранат покривање на лицето на јавни места. Швајцарија на референдум одлучи да се забрани покривање на лицето во јавност, вклучувајќи ги бурките и никабот, кои ги носат муслиманките. Официјалните резултати покажаа дека за мерката гласале 51,2 отсто од гласачите, а против […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2021 16:58
•
Posted by: MK News
Актерот Борис Комнениќ, најпознат по улогата на Саша Гуза Попадиќ од популарната серија „Бољи живот“ почина синоќа на 64-годишна возраст, јавуваат српските медиуми. Безживотното тело на Комнениќ било најдено во неговиот стан во Нов Белград, а медиумите објавуваат дека се борел со тешка болест. Првенецот во Народниот театар во Белград, Борис Комнениќ, е роден во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2021 16:51
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство, Венко Филичпе вели дека е стабилна состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника. -Според моето стручно мислење и според информациите што ги имам, неговата состојба е стабилна, одговори кусо Филипче на новинарско прашање по пристигнувањето на правата пратка вакцини „Спутник В“ на Скопскиот […]
______________________________________________________________________________________________________