Родителите собраа потписи за референдум


За само три часа родителите ги собраа потребните 100 иницијални потписи за покренување референдум на државно ниво за образовните реформи на министерката Царовска.

Се собираа во подрачните единици на Државната изборна комисија во Битола и во скопски Центар.

Родителите сметаат дека Царовска нема да ги земе предвид нивните барања и забелешки, затоа и се одлучија на ваков чекор, преку рефенрендум да го искажат своето незадоволство за образовните реформи.

-Референдумот е законско право на секој граѓанин. Апсурдно е што таа воопшто не не слуша нас. Апсурдно е да не ги праша родителите дали се за овој Закон или против овој Закон, вели Драгана Спасевска од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“.

МОН, пак, смета дека е апсурно да се блокира осовременување на образованието преку дигитализација на учебниците.

Царовска рече и дека секогаш е отворена за Дијалог со сите засегнати страни. Толку поради тоа што Царовска не отстапува од реформите, родителите најавија дека ќе ги радикализираат протестите. Во 18 часот протестот ќе започне пред МОН а ќе заврши пред собранието. Најава за протести има и во другите градови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1