07/03/2021 16:50
•
Posted by: MK News
Опозицијата не поверува дека понудата на премиерот Заев за широка коалиција е искрена. Алијансата на албанците ја нарече обичен блеф, а ВМРО ДПМНЕ, која вчера прифати да разговара за експертска а не за политичка Влада, денеска оцени дека се работи за провидна игра и сламка за спас на кариерата на Заев. Лидерот на партијата, Христијан […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2021 16:48
•
Posted by: MK News
Вознемирувачки фотографии од тела на две жртви за чии убиства е осомничена криминалната група на Веjко Беливук, синоќа беа прикажани на прес-конференцијата на министерот за полиција, Александар Вулин и претседателот на Србија, Александар Вучиќ одржана по седницата на Советот за национална безбедност. На фотографиите се гледаат безживотни тела на две жртви и голема количина на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2021 16:44
•
Posted by: MK News
Првата пратка од 3.000 вакцини „Спутник V“ кои Министерството за здравство ги купи пристигнаа во Македонија преку компанијата „ДХЛ“.Пратката со вакцините ја прими министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин. Вакцините кои се наменети за три илјади граѓани, се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите. […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2021 16:43
•
Posted by: MK News
Почина градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ на 66-годишна возраст, јавуваат хрватските медиуми. На Бандиќ му се слошило касно синоќа и со Брза помош бил превезен во болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно. Веста ја потврдиле и од Град Загреб. -Со длабока тага ги информираме сограѓаните и сограѓанките, соработниците, пријателите и цела […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2021 16:11
•
Posted by: MK News
Со положување цвеќе на гробот и на спомен-обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 17-годишнината од неговата смрт во авионската несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Како што е најавено, претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2021 16:10
•
Posted by: MK News
Познатиот хирург, 58-годишниот доктор Ѓорѓи Јота вчера вечерта бил прегазен на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, дознава „Слободен печат“. МВР за го потврди случајот: „На 25.02.2021 во 20:30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул еваерот „Мајка […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2021 15:55
•
Posted by: MK News
Под мотото „Слобода, правда и демократија – Стоп на монтираните случаи“ почна денешниот протест на членови на семејствата и поддржувачи на казнетите во, според нив, судските монтирани случаи „Монструм“, „Алмир“, „Алфа“, „Харун Алиу“, „Бродец“ и други судски случаи. Протестот почна од паркот во Чаир и учесниците во протестот продолжија да маршираат маршираат кон судовите, а […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2021 15:53
•
Posted by: MK News
Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир, напиша премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук, по пресудите изречени за случајот „Таргет-Тврдина“. „Правосудниот систем e […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2021 15:52
•
Posted by: MK News
Судечкиот совет го прифати предлогот од Обвинителството и одреди мерка затворски притвор за обвинетиот Сашо Мијалков, укинувајќи ја мерката куќен притвор. – Против обвинетиот е поднесен обвинителен предлог, па предвидено е по објавување на пресудата, притворот да трае најмногу 60 дена. Мијалков да биде примен во затвор КПУ Скопје. Веднаш да го земат Мијалков од […]
______________________________________________________________________________________________________
26/02/2021 15:50
•
Posted by: MK News
Основниот кривичен суд Скопје во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК денеска изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица. На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков Судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2021 19:10
•
Posted by: MK News
Проследете ја во живо прес конференцијата на Премиерот Зоран Заев во врска со појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот.
______________________________________________________________________________________________________
23/02/2021 17:13
•
Posted by: MK News
Сашо Мијалков е во Македонија. Самиот се појави во обвинителство за организиран криминал, да го земе решението и ќе замине во домашен притвор. Рече дека бил во изолација заради висока температура. Мијалков го пречека екипа на „24 Вести“ за кој даде изјава. – Јас кога ќе дадам збор, не го погазувам. Еден ден бев во […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2021 13:46
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев е разочаран што Сашо Мијалков се уште не е пронајден и не е однесен во куќен притвор, што му го одредил судот. Тој очекува институците да направат се тој да биде пронајден и однесен во куќен притвор. Очекува детали од сите надлежни институции за овој случај и како што вели, ако некаде […]
______________________________________________________________________________________________________
22/02/2021 13:44
•
Posted by: MK News
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР за Сашо Мијалков. -Заради интерес на медиумите во однос меѓунардоната потерница за обвинетиот С.М., ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, предпладнево е […]
______________________________________________________________________________________________________
20/02/2021 13:31
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, изјави дека главниот град на Војводина ќе го прогласи денот на погребот на пејачот и текстописец Ѓорѓе Балашевиќ за Ден на жалост. Вучевиќ за ТВ Хепи изјави дека семејството Балашевиќ ќе соопшти кога ќе биде организиран погребот на Балашевиќ. – Ги изгаснавме светлата во Градското собрание за да изразиме […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2021 15:39
•
Posted by: MK News
Тоа што цела влада се покрена да прави маркетинг од пакет вакцини ја покажува мизеријата и неспособноста на Заев и владата. Видовме сервилност и неспособност на владата и лоша порака која ја отсликува неспособноста на Заев да менаџира со државата. 4.680 вакцини колку што доби државава, се за 2.340 луѓе. Министерот Венко Филипче најави дека […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2021 15:38
•
Posted by: MK News
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ослободувањето од вина на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, за поттикнување насилство минатиот месец во Вашингтон е потсетник дека демократијата е „ранлива“ и дека „секој Американец е должен да ја брани вистината“. „Ова тажно поглавје во нашата историја нè потсетува дека демократијата е ранлива“, наведува Бајден во соопштението […]
______________________________________________________________________________________________________
14/02/2021 15:36
•
Posted by: MK News
Американскиот Сенат вчера вечер го ослободи поранешниот претседател Доналд Трамп од обвиненија за поттикнување бунт и смртоносниот напад од неговите приврзаници врз Капитол, седиштето на американскиот Конгрес. За вина на Трамп гласале 57 сенатори и 47 за ослободителна пресуда, но за осуда било потребно двотретинско мнозинство од 100 сенатори , однсно 67 сенатори. На гласањето […]
______________________________________________________________________________________________________