Archive by Author

Познат идентитетот на жената која загина на Бит Пазар

Денеска околу 12.10 часот било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ во правец од Чаир кон Центар автобус на ЈСП (линија број 47) удрил во жена- пешак Е.А. на возраст од 89 години од Скопје. Од здобиените повреди жената починала на местото на настанот. Констатирана била смрт од страна на лекар од итна медицинска помош. […]

______________________________________________________________________________________________________

Поевтини ноќевања во Охрид за жителите на најзагадените градови

Охридските хотели во периодот кој следува ќе ги намалат цените за жителите на Скопје, Тетово и Гостивар како градови со најзагаден воздух во Македонија. Иницијативата на која се потпишани поголем дел од хотелите во градот, има за цел да овозможи барем неколку дена овие луѓе да подишат чист воздух кој што Охрид го нуди, велат […]

______________________________________________________________________________________________________

Ана Дурловски: Премногу си ги отворивме устите!

Оперската певица и национален уметник, Ана Дурловски доживеа драма надвор од сцената е веста која денес ја објави австрискиот медиум Клеине Зеитунг. Певицата и сопруга на осомничениот за тероризам оперски певец, Игор Дурловски, по претставата во „Ариоданте’’ во државната опера во Штутгард се пожалила дека во Македонија луѓето се плашат, не постои владеење на правото […]

______________________________________________________________________________________________________

Србин пред Нова година добил 100.000 евра на Лото

По неодамна извлечената седмица на српското Лото, синоќа е извлечен и џокер којшто чини 12,5 милиони динари (100.000 евра). Добитната џокер комбинација гласи: 6, 1, 1, 1, 6, 9. Наградата отишла кај лице коешто тикетот го уплатило во Белград. Шестката во последното коло пак, ја погодиле 11 играчи, кои добија по 241.952 динари (2.050 евра). […]

______________________________________________________________________________________________________

Брат и сестра физички нападнати при симнување од автобус

Три непознати лица вчера во 12. 50 часот го нападнале осуманесетгодишниот С.Б. од селото Љубин и неговата сестра додека се симнувале од автобус на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“. Министерството за внатрешни работи информира дека во моментот кога заедно со неговата малолетна сестра излегувале од автобус кој сообраќа на релација бр. 32, момчето било […]

______________________________________________________________________________________________________

Продолжен притворот за 29 лица од крвавиот четврток, двајца одат во куќен

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им го продолжи притворот на 29 лица во врска со настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија. На 23 лица им е продолжен 30-дневниот притвор, на четири лица им е продолжена мерката куќен притвор, додека на две лица им е замената мерката притвор со куќен […]

______________________________________________________________________________________________________

ОТА ќе прислушува ама нема да слуша

Оперативно-техничка агенција или скратено ОТА треба да биде институцијата во која ќе се преселат уредите преку кои се вклучува и исклучува сигналот за следење на комуникациите. Таквите уредите досега се наоѓаа во Петтата управа во УБК и таму ќе останат сè до крајот на октомври идната година бидејќи од 1 ноември 2018-та е планирано да […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Никој што работи чесно нема да биде избркан

Премиерот Зоран Заев вели дека Владата нема намера да отпушта работници и оти никој, кој чесно работи и си ја заработува платата нема да биде избркан, но, како што посочи сите треба редовно да доаѓаат на работа. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали и зошто од работа во Владата се отпуштаат Роми кои претходно биле […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собранието

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на утрешната седница посветена на пратенички прашања, изјави за МИА привремениот координатор на парламентарната група Влатко Ѓорчев. Ова решение е донесено по одлуката на Кривичниот суд за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27 април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Бесплатен јавен превоз за сите од утре – на работа одете со автобус!

Градот Скопје воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, сè до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. Ги повикувам сите градоначалници од скопскиот плански регион да помогнат во субвенционирањето на јавниот транспорт за полесно да ја поднесеме новонастанатата ситуација, рече денеска градоначалникот […]

______________________________________________________________________________________________________

Татко, мајка и нивните деца претепале полицајци

Четиричлено семејство завчера истепале полициски службеници од полициското одделение Ранковце и полициската станица Крива Паланка, кои сакале да им го одземат тракторот, поради немање соодветна документација. Како што соопшти МВР завчера околу 10:25 часот Д.Т. (54) од Одрено, општина Ранковце, заедно со неговата сопруга З.Т. (40) и малолетните синови, физички нападнале полициски службеници од полициското […]

______________________________________________________________________________________________________

Села излегува од Владата, неговите заменици министри поднесоа оставки

Замениците министри од редовите на Алијанса на Албанците си поднесоа оставки, објави Телма. Информацијата дека заменик министерот за надворешни работи, Арта Точи и заменик министерот за транспорт и врски, Ремзи Мемети си поднесоа оставки, за потврдил за Телма, лидерот на Алијансата, Зијадин Села, кој додал дека тие денеска или најдоцна утре ќе ги достават до […]

______________________________________________________________________________________________________

Автобус на ЈСП прегази жена

Женско непознато лице починало во сообраќајна несреќа денеска околу 12:10 часот, објави Курир. Од МВР за Курир велат дека на булеварот Крсте Мисирков во правец од Чаир кон Центар, во близина на Бит пазар, автобус на ЈСП број 47, удрил во засега непознато лице. Од добиените повреди жената починала на лице место, а смртта ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Не запира таксиметарот на македонските пратеници – за патни трошоци секој ден им плаќаме по 3.000 евра

Пратениците од земјава се најплатени во регионот. Податоците кои ги објави истражувачката мрежа СКУП покажуваат дека во периодот од 2011 до 2016, 120-те народни избраници во Македонија искеширале од државната каса близу 5 милиони евра само за патни трошоци, пренесува ТВ 21.Просечно секој пратеник побарал надоместок во износ од 40 илјади евра за 6 години, […]

______________________________________________________________________________________________________

Француски свештеник почина среде божиќна миса

Свештеник почина за време на миса којашто тој ја предводел на Бадниковата вечер во црква во Бретања на северозападот на Франција. Тој имал 45 години, како причина за смртта се наведува срцев удар. На свештеникот му се слошило уште на почетокот на мисата. А, кога колабирал, лекарите од Брза помош не успеале да го реанимираат, […]

______________________________________________________________________________________________________

Американка добила сметка за струја од 284 милијарди долари

Жителка на американската сојузна држава Пенсилванија останала вџашена кога на интернет ја проверила сметката за струја, каде што во моментот вкупната сума доспеала 284 милијарди долари. Мери Хоромански дури и помислила дека божиќните украси ја направиле сметката толкава. Потоа, таа заедно со нејзиниот син ја контактирале компанијата Пенелек, којашто ги снабдува со струја. Од компанијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Американците ни се пријатели, ама санкции кон Русија не прифаќаме

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТВ Пинк изјави дека Србија ќе побара во преговорите со Приштина, која инсистира на учеството на САД, да се вклучи и Русија која не ја признава независноста на Косово. – Разговарав со Путин и тој потврди дека по потреба ќе учествува во разговорите. Србија нуди компромис, оди колку […]

______________________________________________________________________________________________________

Кинески цар наредил потрага по еликсир на бесмртноста

Првиот кинески цар Чин Шихуанг им наредил на своите слуги да му пронајдат еликсир на бесмртноста, стои во две илјади години стар текст, откриен во археолошко пронаоѓалиште во Кина. Имено, тој наредил изградба на огромен подземен мавзолеј, со речиси 8.000 војници, со цел да го чуваат во „задгробниот живот“. Оваа „војска“ била откриена во 1974 […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1