Archive by Author

Премиерката Брнабиќ прва во Србија ја прими вакцината против коронавирус

Српската премиерка Ана Брнабиќ утрово во 10 часот, прва во Србија ја прими вакцината на „Фејзер“ против коронавирусот. По неа, се вакцинираше и докторката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, актуелна министерка за труд и социјални работи. По исполнувањето на условите, земањето анамнеза и пополнување на образец, мерењето на температура, премиерката ја доби својата прва доза од вакцината. […]

______________________________________________________________________________________________________

Влада: Бремените жени ослободени од работа со физичко присуство, до крајот на пандемијата

Бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација, објави Владата. Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВН Македонија спроведе акција за новогодишни донации низ целата територија на државата

ЕВН Македонија обезбеди 300 пакети со хранливи производи за социјално ранливите категории на граѓани и 650 Новогодишни пакетчиња за деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост низ Македонија. Пакетите за деца беа донирани до Црвениот крст на Република Северна Македонија, додека пакетите со храна ЕВН ги донираше до Македонската православна црква (МПЦ), […]

______________________________________________________________________________________________________

Додик позитивен на коронавирус, во стабилна состојба

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, има пневмонија на двете белодробни крила. Тој e трет пат тестиран на коронавирус, а резутатот од тестот е позитивен. Денес, советот на лекари се состана во Универзитетскиот клинички центар на РС и разговараше за здравствената состојба на Додик. Откриено е дека има тешкотии со дишењето […]

______________________________________________________________________________________________________

За помошта од 6.000 денари поднесени 70.000 приговори, парите може да се трошат и во кеш

Шесте илјади денари за купување домашни производи Владата веќе ги префрли во банките, а тие на трансакциските сметки на граѓаните. Овие пари, како што беше неодамна најавено, можат да се користат неограничено, без краен рок. Овој пат средствата нема да бидат на платежни картички каде што потрошувачката ќе биде ограничена само македонски производи, туку граѓаните […]

______________________________________________________________________________________________________

Изгласан законот: Поевтина регистрација на странски возила – еве ги деталите

Собранието го изгласа Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици. Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки […]

______________________________________________________________________________________________________

МОН уверува дека не се бришат содржините од наставните предмети

Новиот концепт за основно образование што го најави Министерството за образование и наука, а со кој се планира спојување на предметите историја со географија и граѓанско општество, и биологија со физика и хемија изминатите денови предизвика реакции во јавноста. За таа цел, вчера Министерството за образование и наука (МОН) преку презентација ги појасни дел од […]

______________________________________________________________________________________________________

Бајден јавно ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден ја прими првата од двете дози на новата вакцина против Ковид-19 на „Фајзер/БиоНТек“ во присуство на голем број медиуми. Преносот од клиниката во Њујарк, во Делавер, каде беше извршена вакцинацијата, го вршеше Си Ен Ен. Бајден носеше заштитна маска и му се заблагодари на персоналот во клиниката.

______________________________________________________________________________________________________

Првата пратка од вакцината на „Фајзер“ стигна во Србија

Во Србија пристигна првата пратка од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ и „Бионтек“. Како што јавија српските медиуми, во оваа пратка што пристигна утрово на белградскиот аеродром има 4.800 дози од вакцината, а први ќе ја примат лицата од старските домови Пред четири дена Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија даде согласност за […]

______________________________________________________________________________________________________

Шведска првпат ги затвора границите

Шведска нема да дозволи влез на странски државјани од Велика Британија и од Данска поради појавата на новиот мутиран вид коронавирус во тие земји. Ова е првпат од почетокот на пандемијата Шведска да ги затвори своите граници. Повеќе од 40 земји досега забранија влез на британски граѓани. „Со цел да се намали ризикот од ширење […]

______________________________________________________________________________________________________

Села хоспитализиран на клиниката кардиологија

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје поради силна болка во градите. Веста на Фејсбук ја потврди и портпаролот на Алијансата за Албанците, Флакрон Беџети. Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да […]

______________________________________________________________________________________________________

И Македонија се затвора за патници од Англија по новата мутација на Ковид-19

Забрана за летови во двата правци и задолжителен 14 дневен карантин за сите граѓани кои од Велика Британија доаѓаат во Македонија. Овие ригорозни мерки следуваат по паниката во светот од мутираниот Ковид-19 кој е со многу висока заразност. Комисијата за заразни болести не планира и задолжителен ПЦР тест, со образложение дека засега нема потреба од […]

______________________________________________________________________________________________________

Како се пренесува и колку е опасен мутираниот вирус?

До 70 отсто попренослива е новата варијанта на коронавирусот која во изминатите недели се појави во Англија. Тамошните здравствени власти предупредуваат дека се пренесува многу полесно од човек на човек, но според досегашните податоци, оваа мутација е помалку смртоносна од оригиналната, иако ова допрва треба да се доиспита. Сепак, мутацијата може дополнително да ја засили […]

______________________________________________________________________________________________________

Агенцијата за лекови на ЕУ ја одобри вакцината на Фајзер/Бајонтек

Европското регулаторно тело за лекови ЕМА препорача вакцина против Ковид-19 од фармацевтските компании Фајзер и Бајонтек. ЕМА препорача Европската комисија сега да додели условно одобрение за ставање во промет на вакцината, што треба да се случи за два дена. Дистрибуцијата на првите вакцини против Ковид-19 меѓу земјите-членки на ЕУ би започнала во исто време – […]

______________________________________________________________________________________________________

За пет минути, ова семејство си доби телевизор во квизот НА ТЕПКА! (видео)

Во време на лоши вести и пандемија кога во медиумите слушаме само негативни информации, пред почетокот на празниците започна првиот он-лајн квиз во Македонија, „На Тепка“. -Иако изгледа како телевизиски проект сепак квизот можете да го гледате само на интернет преку стримингот во живо на Фејсбук фан страната и Јутјуб каналот на квизот „На Тепка“. […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина Мирко Голомеиќ, сопственик на ланецот Рагуза во Скопје

По кратко боледување од срцеви компликации денеска почина Мирко Голомеиќ. Тој пред само неколку дена наполни 59 години. Мирко го знаеме како основач и сопственик на семејната групација „Рагуза”, меѓу кои се и бутик-хотелот „Вила Рагуза” на Водно, ресторанот „Рагуза 919“, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк, како и ресторанот „Рагуза360“. Погребот […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре на сила новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата

Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести. Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници. Со новите мерки е предвидена реорганизација на […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски најави засилени контроли во викендиците, полицијата ќе врши увид и ќе казнува

Да не се издаваат викенд куќи и било какви објекти за новогодишната ноќ, затоа што ќе следат санкции, им порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на издавачите на викенд куќи на денешната прес-конференција на која даваше отчет за сработеното во изминатите 100 дена Влада. Овие мерки никој не ги посакува, но се неизбежни […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1