29/12/2020 17:32
•
Posted by: MK News
Првите сцени од Петриња се ужасни, половина град е уништен. Се слушаат врисоци, има повредени и мртви. Според последните информации, во Петриња загинало 12-годишно девојче и 20-годишно момче во близина на гратчето Глина. „Почина 20-годишно момче од Мајске Полјане, куќата му се урна врз него“, потврди за 24сата заменик-градоначалникот на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ. Најмалку […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2020 17:29
•
Posted by: MK News
Поради силниот земјотрес кој денеска ја погоди Хрватска, а беше почувствуван и во Словенија, превентивно е прекината работата на нуклеарната централа Кршко. Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтерова скала го погоди денеска во 12:20 часот централниот дел на Хрватска, односно подрачјето околу градот Петриња, но го потресе и остатокот од земјата. Нуклеарката Кршко […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2020 17:28
•
Posted by: MK News
Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ и до семејствата на настраданите во земјотресот во Петриња. – Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и од и до семејствата на сите настрадани, напиша Пендаровски на Фејсбук. Земјотрес со интензитет од […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2020 17:27
•
Posted by: MK News
Татко и дете се спасени од урнатините на една зграда по силниот земјотрес во Петриња. Улиците на Петриња се полни со урнатини. Голем број згради се оштетени, а спасувачите трагаат по преживеани. Сите достапни противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња да помогнат во акцијата за пребарување и спасување. Европскиот медитерански сеизмолошки центар […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2020 17:25
•
Posted by: MK News
Градоначалникот Даринко Думбовиќ по земјотресот со јачина од 6,3 степени кој ја погоди Хрватска рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена до Петриња. Една куќа се урнала на автомобил, луѓето успеале да го спасат детето кое се наоѓало внатре, но не е позната состојбата на возачот. „Извлекуваме луѓе од […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2020 17:23
•
Posted by: MK News
„Врисоци и извици се слушаат на снимките на телевизијата Н1, чии репортери се јавуваат во живо“, пренесува порталот „Индекс“, а сопред првичните податоци од терен сцените се страшни и има повредени и загинати. Во Петриња очигледа е сериозната материјална штета, но засега не се знае дали има жртви во потресот. „Извлекуваме луѓе од автомобили, не […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2020 17:21
•
Posted by: MK News
Денеска во 12:20 часот централниот дел на Хрватска повторно беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала. Петриња и Сисак претрпеа најмногу штети во разорниот земјотрес што денеска ја погоди Хрватска.Главнот град Загреб исто така претрпе големи штети. Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2020 17:21
•
Posted by: MK News
Советодавниот одбор на американската Управа за храна и лекови – ФДА, која ја анализира вакцината на компанијата „Модерна“ против коронавирусот, забележа одредени несакани ефекти кај луѓето кои имале филери. – Во овие случаи, сите пациенти имаа оток и воспаление во областа каде што луѓето имале ставено филер. Неколку пациенти имаа филери во образите шест месеци […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2020 17:14
•
Posted by: MK News
„На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице. При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2020 17:08
•
Posted by: MK News
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против скопјанец на 55-годишна возраст, кој се товари дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. На 28 септември, обвинетиот со употреба на сила и закана принудил на обљуба една жена. Оштетената ја […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2020 17:07
•
Posted by: MK News
Додека Филипче спие, вакцини стигнаа во соседните земји и стартува вакцинацијата против корона, а во Македонија ни трага ни глас. Во Македонија, Владата допрва ќе формирала комисија за директни преговори со фирмите производители на вакцини. Македонија доцни со месеци зад другите земји во регионот. Да го потсетиме Филипче како тече процесот во земјите од соседството. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2020 17:06
•
Posted by: MK News
Католичките верници ширум светот денеска го слават Божик во малку поинаква атмосфера, без големи семејни собири поради пандемијата на коронавирусот. Празникот што го слави раѓањето на Исус, 25 декември, според Грегоријанскиот календар, Божик е еден од најголеми христијански празници. Милиони верници беа принудени да ги откажат или ограничат прославите на тој празник во време кога […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:50
•
Posted by: MK News
Битолчанец е најбогатиот граѓанин кој лани заработил 3,5 милиони евра. Највисоката плата пак, била исплатена на лице од Струга, од индустријата со метали – кој годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра или месечната плата му била 156 илјади евра. Според Управата за јавни приходи, во споредба со 2018 та година има значително намалување […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:17
•
Posted by: MK News
Боки 13 денеска поднесе шест нови кривични пријави во обвинителството. Неговиот адвокат не кажа конкретно против кои лица се поднесени. Кривичните пријави се за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно лекување на болни, тортура како и обид за убиство. Дуковски кажа дека Боки поднел 6 кривични пријави против повеќе лица меѓу кои доктори, функционери […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:14
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека казната од 45 евра за возачот на „Бентлито“ кое вчера влета на плоштадот во Скопје меѓу луѓе, е само првична казна, а ќе следува и друга поголема. „Постојат и елементи на кривично дело и тоа ќе биде процесуирано“, објасни Шилегов. Тој сепак вели дека е задоволен што властите […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:09
•
Posted by: MK News
Водечкиот американски експерт за инфективни заболувања, д-р Ентони Фаучи, ја прими првата доза од најновата вакцина против Ковид-19.Фаучи ја прими вакцината заедно со други здравствени власти, кои го надгледуваа нејзиниот развој. Фаучи беше вакциниран во Националниот институт за здравство (НИХ), каде што работи како директор за алергии и заразни болести, во предградието на Вашингтон. Тој […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:08
•
Posted by: MK News
Британскиот производител на лекови „АстраЗенека“ соопшти дека нивната вакцина против Ковид-19 треба да биде ефикасна против новиот вид на коронавирус, додавајќи дека во тек се студии за целосно испитување на влијанието на мутацијата. „AZD1222 (кандидат за вакцина на „Астра Зенека“) содржи генетски материјал на спиралниот вирус САРС-КоВ-2, а промените во генетскиот код што се гледаат […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2020 16:06
•
Posted by: MK News
Коалицијата на Алијанса и Алтернатива жестоко реагира на новиот концепт за основно образование кој предвидува албанскиот јазик да биде изборен предмет од шесто одделение “Зошто македонскиот јазик да не биде изборен предмет за албанските ученици? Ова е хибридно решение кое е политички пазар помеѓу СДСМ и ДУИ. Ова не беше предизборно ветување на ДУИ и […]
______________________________________________________________________________________________________