Од среда ќе се вакцинираат луѓето над 75 години


20.000 македонските граѓани постари од 75 години и попушувачите на пописот ќе се вакцинираат како приоритетни, од првите 24.000 дози на „Астра Зенека“ кои пристигнаа во земјава вчера. Вакцините денеска и утре ќе се дистрибуираат во сите градови, а во меѓувреме матичните лекари треба да ги известат своите пациентите кога им е терминот за вакцинација. Министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека вакцината е безбедна и за возрасната популација, дури најави дека ќе се вакцинара со ова вакцина токму поради сомнежот кој се појави за „Астра Зенека“.

„Ставот на стручниот тим е дека апсолутно нема контраидикација на граѓани од која било возраст да се вакциираат со ова вакцина на ’Астра Зенека’. Сите кои што се пријавиле ќе бидат повикани, сепак од матичниот лекар, бидејќи морат да се искомуницира, да се поразговара за здравствената состојба во моментот, евентуално да се сподели ако некој има вложена здравствена ситуација и согласно тоа да се закаже терминот“, изјави Филипче.

Она што може да се очекува како нус-појава, не само оние на Астра зенека, туку од сите е болка во раката.

„Најчесто е болка во раката, отоко на местото на апликацијата. Може да има една малаксаност, може да има некогаш температура, не многу висока, болки во телото, но сите ови симптоми проаѓаат уште истиот ден. Така што, не кај секого, но ќе има пациенти кои ќе имаат вакви несакани ефекти и тоа мора да го знаеме. И да не се плашат“, информираше д-р Дејан Докиќ, пулмолог и координатори на ковид центрите на интерните клиники во Клиничкиот центар.

Вакцината нема да има контраиндикации ниту за попишувачите на пописот за кои во текот на денешниот ден министерството за здравство очекува да му биде доставен списокот за вакцинирање.

Во меѓувреме, додека возрасната популација го чека повикот од матичните лекари за вакцинација, од утре почуваат подготовките салата „Борис Трајковски“ да прерасне во главен пункт за масовната вакцинација во земјава.

„И во текот на неделата ќе биде целосно подготвен. Тука ќе има 30-на позиции во кои што вработени лекари и сестри од Здравствениот дом ќе ја спроведуваат вакцинацијата тогаш кога ги очекуваме и дополнителните колични да стигнат од Кина, а според најавите од кинеската влада тие сега интензивно работата во делот на обезбедување на точниот датум на транспортот“, изјави Филипче.

Но освен кинсеките вакцини месецов се очекуваат и преостанатите околу 76.000 вакции на Астра Зенека од Ковакс механимзот, од кои ќе се врши и ревакцинацијата со оваа вакцина 12 недели од првото боцкање, вклучително и на оние кои се вакцинирале во Србија со оваа вакцина, за што од Србија се побарани податоци кои македонските граѓани се вакцинирале таму.

Филипче денеска информираше и дека компанијата „Фајзер“ конечно го потврдила договорот за испорака на вакцини во земјава, и во текот на неделава треба да се потпишат договорите со земја-членка на ЕУ како трипартитен договор за достава на „Фајзер“ вакцините.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1