27/09/2017 17:45
•
Posted by: MK News
Венчаницата на Каролина Гочева е од познатиот италијанскиот дизајнер Ермано Шервино, а чевлите се исто така италијански, од дизајнерот Џанвито Роси. Скапата венчаница која ја носеше Каролина на својата свадба минатата недела се најде и на насловната страница на познатиот светски магазин „Вог“.
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2017 17:39
•
Posted by: MK News
Вчера попладне во 15.00 часот во полицијата во Куманово, 38- годишната Ф.С од Тетово, со престојувалиште на улица „Средорек“ во Куманово, пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка го напуштила домот и се оддалечила во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2017 17:38
•
Posted by: MK News
Арслан Валејев, познат видео-блогер и експерт за змии од Санкт Петербург, извршил едно од најбизарните самоубиства: дозволил неговиот домашен миленик, отровна змија црна мамба да го касне, и сето тоа го пренесувал во живо на интернет. Причината за самоубиството бил развод, пренесува Daily Mail. Во крајно вознемирувачката видео снимка, Арслан кратко по касањето почнал да […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2017 17:34
•
Posted by: MK News
Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека пишувањата на медиумите дека Македонија сепак ќе гласа за прием на Косово во УНЕСКО не се точни, бидејќи македонското раководство му рекло дека при идниот обид на Косово за влез во таа организација на Обединетите Нации нема да гласа позитивно. Вучиќ во интервју за РТС сепак додава дека ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2017 13:09
•
Posted by: MK News
Поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации во повеќе институции во РМ како што се МВР, Катастар и други треба да овозможи формирањето на Централен електронски регистар на населението, нов владин проект за кој вчера е усвоена информација на владина седница. Како што изјави за медиумите портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, за реализација на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2017 12:33
•
Posted by: MK News
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го претстави стадионот „Младост“, непосредно пред квалификацискиот меч против Лихтенштајн, и тоа со прекрасни фотографии направени од птичја перспектива. – Фудбалскиот храм во Струмица блеска и официјално може да се нарече дека е вториот најубав стадион во нашата земја, по Арената „Филип Втори“ во Скопје. Фотографиите од птичја перспектива изгледаат […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2017 12:33
•
Posted by: MK News
Само една недела по погребувањето на Љубиша Самарџиќ, непознати разбојници го ограбиле станот на славниот актер и режисер. Разбојниците украле голема сума на пари и накит, а меѓу другото и златниот часовник на Самарџиќ. Актерот тој часовник често го носел и за него имал голема вредност. Грабежот се случил на 22 септември среде бел ден. […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2017 12:30
•
Posted by: MK News
Рио Фердинанд, поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, после долго време искрено прозборе за смртта на својата сопруга и начинот како им ја соопштил веста на своите три деца дека нивната мајка “ќе биде дел од ѕвездите”. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се отворил за смртта на својата сопруга, Ребека Елисон, кој починала пред две […]
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2017 12:25
•
Posted by: MK News
Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 22:41
•
Posted by: MK News
Еден службеник во Берлин добил отказ затоа што било откриено дека на работа го читал оргиналниот текст на „Мајн Кампф“ од Адолф Хитлер. Мажот во собата за одмор го читал изворниот примерок на книгата „Моја Борба“ која инаку е забранета во Германија, во која Хитлер ја изложува својата расистичка идеологија и антисемитизам. Службеникот ја тужел […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:21
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство – Скопје издало наредба за истражна постапка на едно лице поради сомнеж дека сторило свирепо убиство. Лицето се сомничи дека е одговорно за пожарот на ливада кај селото Љуботен на 4 август годинава, по чие гаснење е пронајдено изгорено човечко тело. Жртвата била жена. По издадените наредби од страна на надлежен јавен […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:17
•
Posted by: MK News
Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе дува и умерен, во западните и северните делови повремено силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Како резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, утре дневната температурата на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:04
•
Posted by: MK News
Сo новопробиениот булевар во Бутел ќе се намали метежот во тој дел од градот, а ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, изјави денеска кандидатот за градоначачник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Трајановски вети изградба на патишта, улици и подобрување на инфраструктурата во главниот град, како дел од проектите во неговата изборна кампања. -Жителите […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:03
•
Posted by: MK News
Граѓаните на Ѓорче Петров заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби. Имаме јасна и прецизна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во Ѓорче Петров. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достинство за секој еден жител на Ѓорче, изјави Владо Мисајловски, кандидат за градоначалник на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:02
•
Posted by: MK News
Животот дојде за функционерите на Социјалдемократскиот сојуз, а за сите други граѓани дојде сиромаштија, рушење на стандардот, обвини денеска Никола Србов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПНЕ. „Генералниот секретар на владата, Драган Рашковски, се самоназначил за владин претставник на Собранието на акционери на ‘Телеком’ за хонорар 500 евра по седница.Тој е новиот владин претставник во […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:01
•
Posted by: MK News
По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството Во народните верувања денот се нарекува Крстовден и се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 20:00
•
Posted by: MK News
Нов концепт за развој на градот и на неговите општини, кој ќе се заснова на сериозни и остварливи инфраструктурни проекти, чиста животна средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, понуди денеска кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој заедно со кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Борче Георгиевски, имаа средба со […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2017 19:56
•
Posted by: MK News
Претседателот на ГРОМ и кандидат за градоначалник на Карпош поддржан од Коалицијата „За подобра Македонија“ Стевчо Јакимовски вчера во Карпош на предизборен митинг ја претстави новата програма и визија за понатамошен развој на општината. Јакимовски истакна дека во изминатите два мандата како градоначалник на локалната самоуправа секогаш неуморно работел за решавање на проблемите на граѓаните […]
______________________________________________________________________________________________________