06/09/2017 21:54
•
Posted by: MK News
Познатиот метеоролог проф. Зоран Задро, автор на страницата “Vremenska prognoza za RH i BiH – svakodnevna”, дал своја прогноза за оваа есен за Вечерњи лист.– Ова лето ги оправда очекувањата од сезонските прогнози за непогоди, жештини и пожари, така што моите анализи се покажаа како точни. Беше конечно нормално, врело лето, за разлика од последниве […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2017 21:53
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ ја соопшти одлуката за уште 9 кандудати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски истакна дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му ги предложи на Централниот комитет следниве кандидати за градоначалници: За Прилеп, актуелниот градоначалник Марјан Ристески. За Брвеница, Стојан Тодоровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. За […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2017 12:18
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчеравечер го прими момчето кое се онесвести за време на неговото обраќање на вчерашната прес-конфренција. Груевски во објава на Фејсбук кажа дека не забележал како паѓа момчето. „На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение“, објави Груевски.
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2017 12:16
•
Posted by: MK News
Прилепчанец лани на велешанка лажно и се претставувал дека е вработен во МВР, односно во УБК и ѝрекол дека ќе посредува таа да биде зачленета во партија, потоа да биде поставена за координаторка за град Велес, како и да стане кандидат за пратеник. Велешанката за „убавите“ ветувања му платила 700.000 денари. СВР Скопје поднесе кривична […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2017 12:11
•
Posted by: MK News
Советот на Општина Карпош денеска на 73. седница едногласно ја прифати предлог-одлуката за распишување на референдум на локално ниво, на кој жителите на општината ќе се изјаснат во врска со населувањето мигранти на територија на Општина Карпош. Во согласност со одлуката, локалниот референдум ќе го спроведе Општинската изборна комисија на Карпош и општинските избирачки одбори. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2017 12:09
•
Posted by: MK News
Еуролинк осигурување организира бесплатна туристичка тура до манастирот „Св. Јован Бигорски“ за стотина граѓани на 16-ти септември. Kомпанијата соопшти дека сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, ќе може да се пријавуваат од денес до следниот вторник на електронска адреса: [email protected], на која треба да испратат: име и презиме, возраст, контакт-телефон. Сите трошоци за организација […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2017 12:05
•
Posted by: MK News
Информативните емисии на нашите телевизии се секогаш помеѓу најгледаните, но дали сте се запрашале како изгледаат најинтересните вести во македонскиот етер? Тие се едукативни, забавни, културни, спортски, спонтани и секогаш искрени, нив ги водат деца од предучилишна возраст и се викаат „МИНИ ВЕСТИ“. „МИНИ ВЕСТИ“ е дневна детска емисија со времетраење од десет минути во […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2017 12:00
•
Posted by: MK News
На фејсбук страницата „Купи-Продај огласи“, еден од корисниците објави неколку фотографии од чипс и напиша дека го продава штотуку купениот чипс, а умрените мравки ги дава гратис. Како што може да се забележи од самите фотографии, таму навистина има голем број умрени мравки, а исто така може да се види дека рокот на траење на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 20:00
•
Posted by: MK News
Додека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска држеше прес-конференција по повод 100 дена од новата влада, едно од момчињата зад него се онесвести. Момчето е добро, на снимката се гледа како веднаш стана и потоа си замина.
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 19:47
•
Posted by: MK News
Сто дена лаги, неспособност, хаос и понижување. 100 дена партизација, кадровски дебакл, незаконско работење и уривање на институциите. 100 дена укинување и блокирање на проекти, економско тонење, задолжувања, неработење и непромислени и површни потези. Ова е тоа што го трпеше Македонија и граѓаните на Македонија изминативе 100 дена. Ова е тоа што Зоран Заев на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 19:41
•
Posted by: MK News
Петмина, меѓу кои и тримeсечно бебе се повредени во сообраќајка кај патарината кај селото Глумово. Комбе со скопски регистарски ознаки со голема брзина удрило во кабина за наплата, а потоа во автомобил, во кој се наоѓалe пет државјани на Албанија меѓу кои и тримесечното бебе, пренесува Макфакс. Сите се пренесени на Клиничкиот центар во Скопје. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 19:40
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека има поголеми перспективи за решавање на прашањето за името, заради воспоставените пријателски односи со Грција. – Убеден сум дека денеска има и тоа како поголеми перспективи за решавање на ова чувствително прашање, проблемот којшто Република Грција го има со нашето уставно име. Зошто, заради пријателскиот однос – истакна Заев […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 19:38
•
Posted by: MK News
Изминаа 100 дена на лаги, неспособност и понижување. Кадровски дебакл и уривање на институциите. Економско тонење и непромислени потези. Ова го трпеше Македонија во изминатите 100 дена од владеењето на СДСМ, изјави денеска на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој изјави дека граѓаните сакаат подобро од ова што сега го имаат и оцени […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 16:37
•
Posted by: MK News
Предлог-законот за употреба на јазиците е последното легалистичко прашање со кое се затвораат отворените прашања од Рамковниот договор, кој е преточен и во Уставот, изјави денеска премиерот Зоран Заев. „Читајќи го Охридскиот рамковен договор којшто е преточен и во Уставот на РМ, ова е последното легалистичко прашање што е во форма на закон, се затвора. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 16:34
•
Posted by: MK News
За малку избегнат судир над македонското небо. Според информациите на ТВ НОВА, на 12 август се случил инцидент кој, можел да ја загрози безбедноста во авиосообраќајот. Извори од македонската навигација велат дека два авиони се разминале на многу блиско растојание, инцидентот не бил пријавен од надлежен контролор и поминал без казни за вработените во Македонската […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 16:29
•
Posted by: MK News
Министерството за економија ги повикува заинтересираните категоризирани угостителски објекти (хотели) во Република Македонија да се пријават на јавниот повик на Министерството за економија за организиран одмор на работници со ниски приходи. Министеството за економија, согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Македонија денеска (05.09.2017) година, објави јавен повик […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 16:13
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја жртвува министерската позиција за партијата. Тој за Нова ТВ потврди дека Алијансата на Албанците морала да понуди кандидат за градоначалник бидејќи не успеале да се договорат со помалите партии, а како најсоодветен за градоначалник на Гостивар, партијата проценила дека е токму Таравари. Заради тоа Таравари ќе се повлече […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 16:12
•
Posted by: MK News
Маж и жена се здобиле со тешки телесни повреди кога утринава возилото со кое се превезувале излетало од автопатот Неготино – Гевгелија. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека возилото било со унгарски регистраски таблички, а повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Незгодата се случила кај тунелите кај Демир Капија околу 7 […]
______________________________________________________________________________________________________