18/08/2017 22:33
•
Posted by: MK News
Во врска со одржувањето на ридскиот натпревар во автомобилизам, што во организација на АКК „Проспорт“ ќе се одржи задутре на Водно, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за движење возила и пешаци. Така, утре, за кога е предвидено одржувањето на официјалниот тренинг, како и задутре во периодот од 9 до 16 часот, ќе биде […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 22:33
•
Posted by: MK News
Починато лице чие тело било во фаза на распаѓање било пронајдено вчера попладнето во стан во Скопје. Утврдено е починатиот е 73-годишниот Д.Д. кој во станот каде бил пронајден живеел сам. Не се познати причините за смртта на Д.Д., а повеќе детали се очекуваат по завршување на обдукцијата. Случајот во полиција го пријавила Брзата помош.
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 22:31
•
Posted by: MK News
Интегрално го пренесуваме соопштението на Министерството за здравство во врска со акутното труење со храна од „Сендвичара 7“ во Скопје: На ден 18.08.2017 година Државниот санитарен и здравствен инспектор од подрачно одделение Карпош беше информиран од ЈЗУ Центар зајавно здравје – Скопје за добиени пријави за заразно заболување –Dg: Toxoinfectio alimentaris од страна на ЈЗУ […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:51
•
Posted by: MK News
Здравствена услуга ќе добие секој граѓанин кој е осигуреник. Тој само ќе треба да покаже лична карта, пасош, стара здравствена легитимација или електронска картичка со поминат рок, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари откако во јавноста се информираше дека се враќаат сините картони бидејќи на електронските здравствени картички им изминал рокот а […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:48
•
Posted by: MK News
На девојче од Индија, на возраст од само 10 години, лекарите му забраниле абортус, бидејќи е премладо. Ја силувал нејзиниот вујко, а во фазата на бременоста во која се појавила во болницата, лекарите заклучиле дека абортусот не е опција. Родила здраво девојче тешко 2,5 килограми во градската болница во Чандигаргх, пренесува Би-Би-Си. Родителите на девојчето […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:46
•
Posted by: MK News
Машко лице на возраст од околу 50 години, чиј идентитет засега не е познат претпладнево паднало од браната Младост. Лицето паднало во провалија, а не во езерото. Екипите се на терен, ангажиран е и хеликоптер. Мажот е извлечен од спасувачките екипи. Мажот бил во контактибилна состојба, имал скршеници на нозете. Дали има и други повреди […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:44
•
Posted by: MK News
Каталонската полиција денеска соопшти дека уапсила уште едно лице во врска со нападите во Барселона и Камбрилс, со што бројот на осомничените достигна четири лица. Неколку часа претходно во каталонскиот град Рипол беше уапсено третото лице. Во најпопуларната туристичка улица во центарот на Барселона, Лас Рамблас, вчера попладне комбе влета во пешаци при што загинаа […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:36
•
Posted by: MK News
Со 64 гласови „за“ и ниту еден против и воздражан Собранието на Република Македонија денеска попладне на продолжението на шестата седница го разреши државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Собранието требаше да започне со работа по осмата седница на која на дневен ред беше Предлог-одлуката за именување на функцијата […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:34
•
Posted by: MK News
Македонски граѓанин, кој во моментот на нападот во Барселона бил во непосредна близина, се здобил со скршеница на зглобот на ногата. Тој не е во животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби, соопшти изутринава македонското Министерство за надворешни работи. Претставник од македонската Aмбасада во текот на ноќта се упатил кон болницата […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:33
•
Posted by: MK News
Шпанските власти синоќа јавија дека во атентатот во центарот на Барселона биле убиени и повредени државјани од 24 земји. Според првичните информации, на кои се повикува БТА, меѓу настраданите има државјани на Франција, Германија, Шпанија, Холандија, Аргентина, Венецуела, Белгија, Австралија, Тајван, Хонг Конг, Унгарија, Перу, Северна Ирска, Грција, Куба, Македонија, Кина, Италија, Романија и Алжир. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:30
•
Posted by: MK News
Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:29
•
Posted by: MK News
Од 1 септември градинките треба да почнат со двосменско работење, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава, првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/08/2017 15:27
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расветли кражбата на златен накит во куќа во тетовското село Боговиње, пријавена пред два дена околу 21 часот. Според пријавеното, непознати сторители преку незаклучената врата влегле во куќата и додека снаата била во бањата, од невестински фустан во регал, во една од спалните на катот, одзеле повеќе парчиња […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2017 13:40
•
Posted by: MK News
Полицијата во Србија привела маж на информативен разговор во врска со убиството на Кристина Каплановиќ (19) на бензиската пумпа во Велики Мокри Луг. Кристина била убиена во вооружен грабеж на бензиска, кога ја застрелале во глава. Несреќната девојка настрадала поради 10.000 динари. Убиецот по грабежот е во бегство, а полицијата трага по него со месеци. […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2017 13:16
•
Posted by: MK News
Скандал од невидени размери се случи на грчкиот остров Закинтос кога девојче од Ниш било претепано бидејќи пеело. Како што пренесува српскиот Курир, туристичкиот водич Ш.К. ја нападнал и повредил ќерката на Владимир Петковиќ, 17-годишната А.П. а тој веднаш случајот го пријавил во полиција. На девојчето му констатирале повреда кај лактот, има скршеница на ногата, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2017 13:15
•
Posted by: MK News
Ова се нарекува венчавка на векот. Руски милијардер Алексеј Шаповалов, само за прстенот на својата избраничка, супер моделот Ксенија, даде 10 милиони евра. Иако со години ја нарекува сопруга, со мајката на своите деца дури сега стапна на лудиот камен, а венчавката повеќе од луксузна. Таа има прстен со дијамант од 10 милиони евра, од […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2017 13:12
•
Posted by: MK News
Либанскиот Парламент укина закон со кој му се дозволуваше на извршителот на кривичното дело – силување, да избегне казна доколку се ожени со жртвата. Со тоа, Либан стана трета арапска држава што укина таков закон. Со законот се одобруваше запирање на процесот против личност што извршила силување доколку се ожени со жртвата. Денешната одлука е […]
______________________________________________________________________________________________________
17/08/2017 13:10
•
Posted by: MK News
Аца Лукас синоќа требало да настапува во една дискотека во Сребреник, меѓутоа тој не се појавил на настапот бидејќи му се слошило и бил пренесен во болница Неговиот тим на социјалните мрежи објави соопштение со кое ги извести фановите дека е пренесен во болница. Соопштение! Драги пријатели, на сите кои бевте во дискотеката во Сребреник […]
______________________________________________________________________________________________________