02/08/2017 16:11
•
Posted by: MK News
Момче од Сараево кое за време на спортување починало е првата жртва на екстремно високите температури, кои изминативе денови се регистрирани низ целиот Балкан. Поради бранот на пеколни температури, екипите на Брза помош имаат сѐ повеќе работа. Докторите препорачуваат граѓаните да не излегуваат од дома без потреба во периодот од 10 до 17 часот, да […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 16:07
•
Posted by: MK News
На 01.08.2017 година во 14:15 часот во Полициска станица во Битола, В.Т. пријавила дека на улица „Партизанска“ од станот каде живеел нејзиниот син 41-годишен Ѓ.Т. се ширела непријатна миризба. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, влезено е во станот и на подот во дневната соба било пронајдено безживотното тело на […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 16:06
•
Posted by: MK News
УХМР соопшти дека продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од Македонија максималната температура ќе биде над 35, а на некои места долж Повардарието ќе надмине и 40 степени. Особено топло ќе биде утре кога максималната температура во најтоплите региони ќе достигне до 42 степена, а УВ индексот вредност 9. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 16:04
•
Posted by: MK News
Во сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 13 часот на преминот Стража повредени се пет лица, соопштија од МВР. Од сé уште неутврдени причини „фолксваген тигуан“ со белоруски таблички кој го управувал белоруски државјанин излетал од коловозот и паднал во длабока бездна во непосредна близина на Стража откако возачот загубил контрола. Покрај него, во […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 16:03
•
Posted by: MK News
Четириесет и четиригодишен маж со нож избодел момче на градскиот плоштад во Кичево. На инцидентот му претходела расправија, а повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Инцидентот се случил утринава околу 03,30 часот пред обложувачница што се наоѓа на плоштадот. Најпрво почнала расправија меѓу С.И. (44) од с.Гарани-кичевско и Ш.И. (23) од с.Србјани-кичевско. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 16:01
•
Posted by: MK News
Три лица се водат како исчезнати откако туристички брод потона денеска во Средоземно Море, покрај брегот на турската провинција Мугла. Меѓу изчезнатите е и сопственикот на бродот, соопштија локалните власти. Во бродот се наоѓале 11 лица кога тој потонал во близина на познатото туристичко место Мармарис. Досега се спасени осум патници. Причината за несреќата засега […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 16:00
•
Posted by: MK News
Пожарот во атарот на село Требовље, општина Македонски Брод, се уште е активен, но засега е избегнато негово ширење кон селата Растеш и Требовље. ЦУК соопшти дека на терен дејствуваат два авиона на ДЗС, а се очекува активирање и на два хелихоптера на АРМ. Пожарот го гасат и екипи на територијалните противпожарни единици од Македонски […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 16:00
•
Posted by: MK News
Треба да бидеме горди што пред повеќе од еден век нашите предци зборувале и се бореле за слобода, за почитување на човековите права, за соживот и толеранција, за мултикултурно и мултиетничко општество. Водачите на Илинденското востание Никола Карев, Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и други знајни и незнајни херои, покажале дека имале високоразвиени цивилизациски […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 15:58
•
Posted by: MK News
Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, се поклонија пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Заев порача дека на 114 години од Илинден и 73-годишнината од Првото заседание на АСНОМ изразува одлучна верба за јасна иднина. „Има светла иднина за нашата Република Македонија и има иднина […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 15:57
•
Posted by: MK News
Република Македонија денеска ги одбележува двата историски Илиндена – 114 години од почетокот на Илинденското востание и 73 години од Првото заседание на АСНОМ. Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2017 15:54
•
Posted by: MK News
Вчера во ПС-Центар, В.Б.(54) од Скопје пријавил дека во периодот од 25.07.2017 до 01.08.2017 година од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во неговиот стан на ул. „11-ти Октомври“, при што сторителот насилно ја отворил влезната врата од станот. По влегувањето внатре извршил пребарување и одзел разновиден златен накит (пари, ланчиња, обетки, нараквици, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 17:23
•
Posted by: MK News
По наредба на министерот Оливер Спасовски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши проверки за настанот во саботата при протестот по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка oпрема во Скопје, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. – Утврдено е дека од страна на четворица полициски службеници врз четири лица неосновано […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 17:22
•
Posted by: MK News
Осумгодишната Рокси Гетер од Флорида во САД е најмладо девојче кое се искачи на планината Килиманџаро во Танзанија. Рокси и нејзиното семејство се искачија на највисоката планина на африканскиот континент, на највисокиот врв Ухуру, кој се наоѓа на 5.865 метри надморска височина, јави Би-Би-Си. – Беше многу тешко затоа што моравме да се искачуваме по […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 17:19
•
Posted by: MK News
Семејството Мифтари од гостиварска Симница, кое минатата недела доживеа трагедија, откако двајца нивни членови починаа од последиците предизвикани од хеморагична треска, доби финасиска помош од општина Гостивар. На последната 39. седница на Советот на општина Гостивар, беше изгласана предлог одлуката за доделување на 180 илјади денари, како помош на ова семејството од Симница. Таткото и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 17:19
•
Posted by: MK News
Неопходна е Меѓународна помош за справување со пожарот кај Македонски брод.. Ова е заклучокот од состанокот на координативното тело за заштита на шумите од пожари одржано во Центарот за управување со кризи. Претставници на ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Македонски шуми – утврдиле дека е неопходно да пристигне странска помош од авиони и хелихоптери […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 17:17
•
Posted by: MK News
Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9. Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а в петок и в сабота […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 17:15
•
Posted by: MK News
Дали некогаш сте се сретнале со црвените мравки? Овој вид мравки каснува и луѓе и животни, а има околу 200 подвидови. Отпорни се на сите временски услови. Распространети се по целиот свет. Нивното каснување остава црвен траг на кожата, но ткивото може да загнои од течноста која мравките ја испуштаат. Во некои ситуации отровот може […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 17:13
•
Posted by: MK News
Трагедијата која се случи во саботата, кога 13-годишно момче се удави во морето на Брач, Хрватска одекна во светот, особено во светот на спортот. Таткото на удавеното момче Лука Милинковиќ, веднаш по дознавањето од Аргентина се упатил кон Хрватска. Лука бил на одмор со своето семејство на местот каде што се случи трагедијата. Резултатите од […]
______________________________________________________________________________________________________