01/08/2017 16:59
•
Posted by: MK News
И.Ш.(44) вчера во 19 часот пријавил дека истиот ден околу 3 часот на ул. „Патрис Лумумба“ две лица со возило ја зеле неговата малолетна ќерка. Кога неговите две малолетни ќерки се враќале од продавница кон домот, зад нив застанало патничко моторно возило од кое излегле две лица (кои претходно се познавале со двете малолетни девојчиња) […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:25
•
Posted by: MK News
Премиерите на Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов денеска во Скопје го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.Премиерот Зоран Заев рече дека овој договор претставува историски чекор и го повика Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка. Договорот, кој е потпишан на македонски јазик согласно Уставот на Македонија и на бугарски […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:20
•
Posted by: MK News
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната седница на Собранието на Република Македонија на која се расправа за ребалансот на буџетот, со транспаренти го истакнаа своето незадоволство од ребаланост на буџетот и од кратењата и необезбедување на средства за многу значајни проекти во интерес на граѓаните. Дополнително пратениците потенцираа дека единствено зголемување […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:15
•
Posted by: MK News
Една од главните теми на Твитер овие денови е твитот кој се појавил на оваа социјална мрежи. Твитот се однесувал на високите цени на изнајмување лежалки во Будва и предизвикал голем број на коментари. На него реагирала и пејачката Гоца Тржан, која се насмеала кога го прочитала а еве што напишала.
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:14
•
Posted by: MK News
Додека фановите со нетрпение ја очекуваат секоја епизода од новата сезона на „Игра на тронови”, хакери објавија дека ги имаат „украдено“ наредните епизоди и се закануваат дека ќе ги пиратираат пред нивната премиера. Имено, како што пренесува „Ентертејнмент Викли“, заштитата на ХБО е пробиена, и оттаму се преземени 1,5 терабајти податоци. Од украдените фајлови, хакерите […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:12
•
Posted by: MK News
Пред неколку дена медиумите во Америка објавиле снимка од сигурносна камера која покажува како граничната полиција му кажува на тинејџер да испие отровна течност од која подоцна починал. Круз Веласкез имал 16 години кога во 2013. се обидел да прокриумчари течен метамфетамин од Мексико во САД. Граничната полиција го запрела на преминот во Сан Диего. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:09
•
Posted by: MK News
Уште еден жител на селото Симница во текот на вчерашниот ден е примен на Инфективната клиника, но засега нема симптоми на треска посочи министерот за здравство, Арбен Таравари. Тестирањето за останатите пациенти е завршено и било негативно. Таравари изјави дека е поминат целиот терен во селото, секоја куќа и бачилото се деретизирани.
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:08
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи формирало посебни оперативни штабови кои ќе бидат активни за цело време на прославата на Илинден, но и за време на фудбалскиот натпревар Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид на 8 август во Скопје , велат од МВР на прашање на Плусинфо во врска со информациите што ги лиферуваше ВМРО – ДПМНЕ дека […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:06
•
Posted by: MK News
Никако да завршат проблемите на поранешниот светски тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ. Тој иако одби да оди на операција поради тешките повреди на лакотот, на тенисерот ни лекарствата против болка не му помагаат. И како тоа да не е доволно, Ноле има и други проблеми кои гои мачат, а особено го погоди постапката […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:02
•
Posted by: MK News
Познатиот холивудски актер Џим Кери се обидува на сите начини да докаже дека не е одговорен за смртта на својата поранешна девојка Катриона Вајт. Холивудскиот актер Џим Кери (55) е обвинет за соучество во самоубиство на својата поранешна девојка Катриона Вајт (27). Мајката на починатата девојка Бриџид Свитман го тужи актерот за соучество бидејќи верува […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 14:00
•
Posted by: MK News
Четириесет годишниот Т.С. од Р.Словачка, вчера попладне летајќи со параглајдер од Мечкин Камен-Крушево, паднал и починал, информираат од полицијата. Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица-Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 13:12
•
Posted by: MK News
Летувањето во Калитеа во соседна Грција за пет другарки од Македонија се претворило во кошмар, откако сопствениците на апартманот во кој биле сместени предизвикале инцидент, кој завршил со физички напад пренесува 24 вести. На четвртиот ден, од планираните седум, сопственичката и нејзиниот син, ги исфрлиле од станот под изговор дека не ги почитувале правилата и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 13:09
•
Posted by: MK News
Пратениците на денешната собраниска седница ја утврдија потребата од изменување на Законот за пушење по скратена постапка. Како што образложи еден од предлагачите на законот, пратеникот Томислав Тунтев, ова е истото законско решение што го предложи СДСМ лани, кога беше опозиција. – Предлагаме бришење на една алинеа, измена на еден став со цел да се […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 13:04
•
Posted by: MK News
Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов по повод 2-ри Август, Националниот празник на Македонија, помилува 58 лица Дваесет осуденици добиле помилување од по 3 месеци, девет од по четири месеци и шест осуденици се ослободуваат од издржување на затворска казна од по половина година.
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 13:01
•
Posted by: MK News
Пожарот во атарот на село Требовље е сè уште активен на м.в. Лутоец и покрај патот што води од село Самоков, м.в Дреноец кој се протега низ борова шума од двете страни на патот, а особено жариштето е присутно на м.в Јасикоец, кое се наоѓа во непосредна близина на патот и населеното место село Растеш. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2017 13:00
•
Posted by: MK News
Дванаесетгодишниот Никола од Штип, не успеа да излезе од кома по минатонеделниот пад од незаштитена тераса, во станот во кој неговото семејството живеело под кирија, пишува Канал 77. Во игра со далечинскиот управувач, одејќи назад, без да забележи, Никола несреќно паднал низ отворената врата на терасата без ограда од третиот кат на здрадата во населбата […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2017 19:18
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се појави неверојатна видео снимка на која се гледа како пилот „на слепо“ го приземјува својот тешко оштетен авион. Пилотот Александар Акопов кој работи за турската компанија Атлас Глобал, награден е со украински „Медал на храброста“, откако приземји видно оштетен патнички авион на аеродромот Ататурк во Истанбул по силната олуја која го […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2017 19:13
•
Posted by: MK News
Гром усмрти 11 работници додека работеле во оризово поле во источна Индија, соопшти денеска претставник на индиската Влада. Тој посочи дека во инцидентот во индиската провинција Ориса се повредени уште осум лица, кои веднаш се хоспитализирани.
______________________________________________________________________________________________________