Archive by Author

МНР со осуда за инцидентите во Собранието

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека силно го осудува секој акт на насилство, вклучително и вчерашниот насилен инцидент во Собранието на Република Македонија, што никако не смее да биде начин за справување со предизвиците. – Обидот за избор на претседател на Собранието, вон процедурите пропишани со Уставот и законите на Република Македонија, […]

______________________________________________________________________________________________________

Приведени се 8 лица за вчерашните настани во Собранието

За вчерашните насилни настани во Собранието, во кои беа повредени неколку пратеници, во полициска станица Гази Баба приведени се осум лица со кои сè уште се работи, информираше денеска на прес-конференција помошник-министерот за односи со јавноста и за стратешки прашања при МВР, Јордан Ламановски, кој додаде дека обезбеден е видеоматеријал за идентификација и за откривање […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерот Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го осуди синоќешните настани во обранието на РМ и истакна дека дел од структурите на МВР не си ја завршиле работата за што ќе мора да сносат одговорност. “Јас како министер во името на целото министерство ги осудувам вчерашните настани и веднаш сакам да ве известам дека дел од […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре пресврт: Се најавува страшно невреме

Утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, кој попладне и во вечерните часови можно е краткотрајно да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално проследени […]

______________________________________________________________________________________________________

Ердоган за ситуацијата во Македонија: Насилството не е решение

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги опиша како алармантни настаните во Македонија, додавајќи дека насилството не може да биде излез од никаков проблем, соопшти приватната турска телевизија НТВ. – Посакуваме на пријателската и братска Македонија што поскоро да постигне мир и стабилност, изјави Ердоган во денешниот говор во Истанбул. Во одделна изјава на претседателството на […]

______________________________________________________________________________________________________

Бојко Борисов апелира за политичко решение на ситуацијата во Македонија

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов настојува за наоѓање на политичко решение за ситуацијата во Македонија, изразувајќи загриженост поради случувањата во соседната земја. – Македонија како држава е од суштинско значење и за Бугарија да го зачува суверенитетот и интегритетот и да продолжи по патот на евроатланските интеграции. Не е убаво на нашата граница да има […]

______________________________________________________________________________________________________

Ургентен: 19 повредени се полицајци – Села не е во животна опасност

Во Ургентниот центар лекарска помош побарале 28 повредени во синоќешните настани во Собранието, од кои шестмина се хоспитализирани, а другите по укажаната помош се пуштени на домашно лекување со даден совет за контролен преглед, изјави денеска директорот на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Реџеп Селмани. Посочи […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов ги чека одговорите од партиите за лидерска средба

По вчерашната иницијатива на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за свикување лидерска средба, кабинетот на претседателот оствари контакт со парламентарните партии. Дел од нив побараа дополнително време за координација, по што кабинетот на претседателот ги очекува нивните одговори. – Претседателот Иванов останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Рама и Мета апелираа на воздржаност и дистанцирање од насилство во Македонија

Во врска со случувањата во Македонија, вечерва реагираа албанскиот премиер Еди Рама и спикерот на парламентот Илир Мета, кои повикаа на воздржаност и дистанцирање од насилство. – Она што сакам да го кажам со голема искреност и одлучност е Албанците во Македонија да останат смирени и да не потклекнуваат на провокации, да бидат пример како […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Го осудувам насилството, институциите да ги откријат виновниците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го осуди насилството и ги повика институциите да направат брза и ефикасна истрага и да се откријат виновниците. Денес се случи многу лош ден за Mакедонија, кој ќе има свои последици подолг период. Настаните ме затекнаа на моето патување во Австрија, каде имав повеќе средби и активности. Токму кога доцна […]

______________________________________________________________________________________________________

Пред Собранието мирно, во протестите повредени над 100 лица

Безбедносната состојба во централното градско подрачје во Скопје, околу и во Собранието од ноќеска по полноќ е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите на МВР, во протестите се повредени 109 лица. Како што стои во соопштението, до 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми Септември, […]

______________________________________________________________________________________________________

Се утврдува материјалната штета во Собранието

Во Собранието на Република Македонија денеска се работи на утврдување на материјалната штета и за ставање во функција на работните простории кои се надвор од употреба. Собраниската служба за односи со јавност соопшти дека по вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета, и дел од работните простории, прес-центарот, како […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Зголемено присуство на полициски службеници пред Собранието

Пред Собранието денеска е мирно, но со зголемено присуство на полициски службеници. Околу собраниската зграда се поставени метални барикади, а улиците се затворени за сообраќај. Пред главниот влез на собраниската зграда се поставени шатори на поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Во инцидентите што се случија синоќа откако група граѓани влегоа во Собранието по постапката […]

______________________________________________________________________________________________________

Синоќа 48 лица побарале лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“

Во текот на изминатата ноќ на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ на преглед се јавија 48 лица кај кои беа направени сите лабораториски радиолошки иследувања. Од нив хоспитализирани беа шест лица. Доминираа повреди на главата, на вратот, а во подоцнежните часови имаше повреди од шок бомби-со посекотини, изјави денеска директорката на оваа […]

______________________________________________________________________________________________________

Откажана денешната собраниска седница

По вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ се надвор од употреба. Согласно законската регулатива надлежните институции преземаат чекори за ставање во функција на истите и утврдување на штетата. Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Евакуацијата заврши, полицијата врши проверка во Собранието и во болниците

По извршената евакуација, во 22.35 часот издадена е наредба на полициските службеници на терен да извршат проверка на сите работни простории во Собранието на Република Македонија за евентуално останати лица на кои им е потребна медицинска помош. „Исто така издадена е наредба на полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Скопје за проверка на болниците […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ за утре закажа итен состанок на безбедносните служби за настаните во Македонија

Според пишувањето на српски Блиц претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре закажал итен состанок на безбедносните служби за настаните во Македонија. Вечерва тој ги следел настаните од нивниот штаб. – Како претседател на Владата на Србија секога правев се за одржување на најдобри можни односи меѓу Белград и Скопје и меѓу Србија и Македонија. […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Ова што се случува во Македонија не е само македонски проблем

– Ова што се случува во Македонија не е повеќе само македонски проблем, туку е проблем на сите нас кои живееме овде, изјави вечерва премиерот и избраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ. Тој апелираше до граѓаните на Македонија проблемите да ги решаваат на мирен начин. На прашањето како гледа на ова што се случува во […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1