Archive by Author

Се самоуби познатиот актер

Актерот и хокеар Мајкл Мантенуто пронајден е мртов во својот автомобил во Вашингтон, а причината поради која си го одзел животот засега не е позната. Полицијата потврдила дека Мајкл се самоубил пукајќи си во главата во автомобилот. Актерот се прослави со филмовите “Вистински играчи” на Дизни и ”Dirt Bags” и ”Surfer, Dude”. Потоа се откажа […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешко повредено 4 годишно дете, прегазено од трактор кој го управувал дедо му

Четиригодишно дете се здобило со тешки повреди по телото откако паднало и било прегазено од трактор, што го управувал дедото. По укажаната помош во гостиварската, болница, итно е пренесено на скопските клиники. Според СВР Тетово, несреќата се случила вчера попладне на нива во месноста „Дунаиште“ кога Р.А. (60) со трактор вршел земјоделски работи. Детето било […]

______________________________________________________________________________________________________

Куче убиено со секира во Дебар маало

Во близина на кафулето „Радио Бар“ во Дебар маало, попладнево еден од жителите на населбата излегол надвор и со секира во глава го усмртило кучето кое што лежело на тротоарот. Сведоците на настанот во шок бурно реагирале, а човекот што го убил кучето рекол дека „јадело луѓе“.

______________________________________________________________________________________________________

Го нашле исчезнатото девојче мртво под креветот на соседот

Девојче од Индија било најдено во кутија под креветот на соседот. Полицијата се шокирала од глетката, кога го видела телото на шестгодишната Харшита во кутија под креветот на 30-годишниот Анил. Еден ден девојчето излегло од дома, а потоа почнало да врне. Родителите излегле да ја викнат ќерката, но ја немало. Потоа повикале полиција, но од […]

______________________________________________________________________________________________________

Османи: Изборот на Џафери ќе го одблокира собранието

ДУИ го поздравува изборот на Талат Џафери за претседател на собранието и го оценува како значаен чекор кон одблокирање на таа институција, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по завршувањето на претседателството на партијата во Мала Речица. Давајќи оценка за случувањата во собранието, Османи, во име на партијата, ги осуди насилствата и побара да се […]

______________________________________________________________________________________________________

„За заедничка Македонија“: Ако не сме заедно ќе нè нема, ќе ја нема ни Македонија

-Ова сценарио е за разнебитување на Македонскиот народ, ако не сме заедно ќе не нема, ќе ја нема ни Македонија, ќе ја крстат како што сакаат, ќе пејат химни, ќе менуваат знамиња, рече во своето обраќање Борис Дамовски на протестот пред канцеларијата на ЕУ во Скопје. -Сите овие настани се завеса низ која лесно гледаат […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Се запали камион на кумановската патарина

Камион во пламен ги вознемири граѓаните на кумановската патарина. Засега нема информации дали во инцидентот има повредени лица.

______________________________________________________________________________________________________

Чавков: Употребата на сила врз разгневената маса во тие услови можеше да значи десетици жртви

Полициските службеници се под заклетва дека ќе го бранат уставот и законот на Република Македонија, дека ќе го штитат територијалниот интегритет на државата и дека ќе бидат гарант за безбедноста на граѓаните и дека ќе го чуваат јавниот ред и мир. Полициските службеници токму тоа вчера го правеа, полиција веќе две ипол години се справува […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитриев: Го осудувам насилството од секој облик

Македонија вчера преживеа драматичен,непријатен, тежок и непосакуван ден, за жал бевме сведоци на настани кои не му одговара никому и од кои сите ние како граѓани сме засрамени пред се заради имиџот на Република Македонија, изјави Емил Димитриев на прес конференција во Владата на Република Македонија. -Го осудувам насилството од секој облик, физичкото насилство врз […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети повика на смиреност, нема да оди на лидерската средба кај Иванов

Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека нема да одат на лидерската средба што ја закажа претседателот Иванов, бидејќи како што рече, Иванов е дел од проблемот, а не од решението и изрази осуда на состојбите во државата. Ахмети кој изјавата ја даде во седиштетото на ДУИ во тетовска Мала Речица пред да започне состанокот […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата го блокираше пристапот до Собрание

Полициски кордон го затвори пристапот до Собранието. Пред парламентарната зграда со седум автобуси пристигнаа околу 400 полицајци кои на себе носеа заштитна опрема. Полициски кордон е поставен под Триумфалната капија, пред Градската болница, покрај Градскиот трговски центар и покрај полициската станица Центар и не дозволуваат движење. Во меѓувреме пред тревникот на Собранието се уште има […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Вчера беше обид за убиство со умисла и со план

Направиувме голем чекор, избравме нов спикер и процесите ќе продолжат до формирање на влада која сите ја очекуваат. Упатувам честитика до спикерот Талат Џафери и порачувам дека одлучно стоиме зад вракањето во земјава.  – Да останеме мирни и присебни. Вработените во институциите да постапат според законите на земјава. САД, ЕУ и меѓународната заедница гледаат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Нападната вработена во македонското Собрание

Во 23 часот синоќа, 63-годишната Ј.Ш.Л. од Скопје, инаку вработена во Собранието на Република Македонија, пријавила дека истиот ден околу 18 часот и 30 минути во Собранието, во нејзината работна канцеларија, додека извршувала службени задачи, од страна на поголема група непознати маскирани лица била физички нападната со повеќе удари во пределот на телото. Полицијата информира […]

______________________________________________________________________________________________________

Новинари нападнати во Собранието на вчерашните инциденти – настрадаа и новинарот на Мета и камерманот на Макфакс

Во 21 часот и 45 минути 37-годишниот Т.Д. од Скопје, новинар во новинска агенција „Мета“, пријавил дека истиот ден околу 19 часот и 40 минути во прес салата во Собранието на Република Македонија, додека фотографирал со неговиот приватен мобилен телефон, од страна на пет непознати лица му било извршено разбојништво. Најпрво му пришло едно лице […]

______________________________________________________________________________________________________

СМИСЛЕНА ПРОВОКАЦИЈА: Зошто Џафери беше избран баш во 18 часот?

Зошто Талат Џафери беше избран баш во 18 часот, а не во 14 часот кога немало народ пред Собранието, запраша поранешната пратеничка Солза Грчева, која вели дека сето ова е смислена провокација од алчни и уценети политичари

______________________________________________________________________________________________________

Уписите на првачињата ќе почнат на 2 мај

Почнуваат уписите на првачињата во сите основни училишта во Штип. Соња Николова, советник во Одделението за обраозвание во Општина Штип, денеска на прес-конференција рече дека уписите за првачињата родени од 1 јануари 2011 до 31 јануари 2012 година почнуваат од 2 мај. Според податоците што ги има Одделението, во штипските основни училишта на 1 септември […]

______________________________________________________________________________________________________

Непребол: Пред 16 години беа масакрирани овие припадници на АРМ и МВР кај Вејце

Денеска се навршуваат 16 години од масакрот кај Вејце, во кој загинаа осум припадници на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи во конфликтот во 2001 година. Во заседата кај Вејце загинаа бранителите Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството презема дејствија за расветлување на настаните

Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека будно ги следи настаните. Во текот на вчерашниот ден беа воспоставени и вонредни дежурства, информираат од обвинителство. Надлежните јавни обвинители во континуитет се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи. -Се преземаат дејствија за расветлување на настаните и утврдување на фактите. Согласно своите надлежности, Јавното […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1