14/03/2017 17:21
•
Posted by: MK News
Во семејната куќа на ул. „11-ти Ноември“ во Куманово, вчера вечерта пронајден е починат И.С. (36). Од МВР соопштуваат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и доктор мртвопроверител. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2017 17:11
•
Posted by: MK News
Поттикнат од политичките случувања во нашата земја, популарниот пејач Наум Петрески денес преку Фејсбук го искажа своето мислење и порача дека треба да ја сакаме и да ја заштитиме Македонија. – Добро утро на сите. Не можам, а да не ја искоментирам оваа сериозна ситуација во која не вовлекоа нашиве (не можам да ги наречам […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2017 15:12
•
Posted by: MK News
На граничниот премин Табановце е спречен обид за изнесување од државата на 27.700 фалсификувани евра. Царинската управа денеска соопшти дека случајот е откриен вчера околу 7 часот наутро. Парите се пронајдени во патничко возило со српски регистарски таблички. Биле сокриени во наслонот меѓу предните седишта, во врзано снопче со ластик замотани во бела хартија. – […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2017 15:12
•
Posted by: MK News
Обвинителството за организиран криминал отворило нова истражна постапка против лидерот на СДСМ Зоран Заев, дознава Press24 од добро упатени извори во истрагата. Обвинителството утрово преку писмено соопштение потврди дека се води истрага против висок функционер во општина Струмица, но не откри детали. „Осомничениот во 2010 година во исти ден повластувајќи исто правното лице од Струмица […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2017 15:08
•
Posted by: MK News
Во Македонија се уште е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед каква е временската состојба во моментот. До среда, доколку не поседувате зимска опрема можете да бидете парично казнети од полициските службеници. Ваков закон има насекаде низ светот, а верувале или не ако во Австрија не поседувате зимска […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2017 15:07
•
Posted by: MK News
Случајот во СВР Битола вчера утрината, околу 9:50 го пријавил сопругот. -Во период од 9:35 до 9:40 сопругот излегол од зградата и отишол во гаражата претходно заклучувајќи ја влезната врата од станот однадвор. Кога се вратил влезната врата била отворена, по што И.Д. ја пронашол сопругата облеана во крв во горниот дел од телото, велат […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 15:48
•
Posted by: MK News
Џилијан Џонсон од Калифорнија имала добра бременост со своето прво дете. Синот Ландон го родила со царски рез, а по сите рутински прегледи, докторите заклучиле дека детето е потполно здраво. Џилијан го доела своето бебе на секои два часа по 30 минути. Но, два дена по неговото раѓање, малиот Ландон не се одвојувал од нејзе. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 15:44
•
Posted by: MK News
Јово Вангеловски е избран за претседател на Врховен суд. На вонредната седница на Судскиот совет денеска за него гласале 12 членови на Советот, а еден бил против. На истата седница за в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 е назначен Стојанче Рибарев, откако денеска судскиот совет ја констаираше оставката на досегашната в.д. претседателка Татјана Михајлова. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 15:39
•
Posted by: MK News
Вчера во 18.40 часот во Скопје, на ул. „376“, во дворот од куќата сопственост на А.А. (52), насилно влегол А.Џ. (37) и со секира ги нападнал сопственикот, неговите ќерки С.А.(21) и А.А. (30) и неговата сопруга Х. Б. (50). Од ударите со повреди се здобил А.А. и моментално се наоѓа во Ургентен центар Скопје. Се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 15:37
•
Posted by: MK News
Двајцата сме по потекло Мијаци од Галичник. Ти си од едно од познатите и прочуените творечки семејства од периодот на македонската преродба. Преродбата беше време на национално будење на македонскиот народ. Следејќи те како настапуваш, изгледа дека тоа будење кај тебе се уште не допрело. Презимето на твоето семејство потекнува од грчкиот збор „фрча“, што […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 15:34
•
Posted by: MK News
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот М.Б. од ресенското село Царев Двор. Како што соопшти СВР Охрид, пријавениот кон крајот на минатата година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, договорил средба со Ќ.И. од Охрид и во неговиот дом со лажно […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 13:56
•
Posted by: MK News
Пациент починал додека се поправал дефектот на возилото од Брза помош со кое тој бил испратен од Крива Паланка во Ургентниот центар во Скопје. Дефектот настанал после наплатната рампа кај Романовце. В.д. директорот на Здравствен дом Крива Паланка Јоцко Стефановски за порталот Сакам да кажам изјавил дека пациентот бил во многу тешка состојба и дека […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 13:41
•
Posted by: MK News
Во Париз беше спречен самоубиствен напад на Ајфеловата кула кои планирале да го спроведат муслиман и муслиманка по повод “прослава на нивниот брак” .. Тие сакале да стапат во брак и покрај тоа што се премногу млади и без разлика на противењето на нивните семејства. Планирале младоженецот да се разнесе со бомба, а младата невеста […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 13:39
•
Posted by: MK News
Четиригодишно девојче одело речиси осум километри низ сибирска тајга полна со мечки и волци за да ѝ помогне на својата баба која била на умирање, објави RT. Ова се случило во руската република Тува во јужен Сибир минатиот месец, но властите го потврдија случајот во неделата. Четиригодишното девојче, идентификувано од страна на локалните медиуми како […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 13:34
•
Posted by: MK News
Приштинскиот адвокат Азем Власи бил ранет од огнено оружје, потврди косовската полиција. Неговата сопруга Надира Авдиќ-Власи изјави дека едно лице го ранило Власи во рамото и дека тој се наоѓа во Ургентниот центар на Клиничко-болничкиот центар на Косово и е вон животна опасност. „Утринава кај него дојде едно лице кое бараше од Азем да го […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 13:32
•
Posted by: MK News
По повод смртта на доајенот на македонската изворна музика, Вања Лазарова, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска упати телеграма со сочувство до нејзиното семејство. Канческа-Милевска го изрази своето жалење за загубата на оваа маркантна личност која со своето повеќедецениско дејствување ја промовираше македонската култура и уметност на национално ниво, но и во меѓународни рамки. -Со […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 13:18
•
Posted by: MK News
Иако помина веќе 5 децении од смртта на Мерилин Монро, една од најубавите актерки и понатаму е предмет на интересирање кај светксите медиуми, но и кај обожавателите кои се трудат да дознаат што повеќе за добро чуваните тајни од животот на славната блондинка. Негодувања за оваа можност постојат од порано, особено по она што гинекологот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2017 13:17
•
Posted by: MK News
Почина вчера скопски осуденик во Идризово. Како што инфромираат од МВР, вчера околу 22.20 часот преку телефонски повик во полицијата од страна на командирот на смена во Казнениот поправен центар Идризово било пријавено дека во 20.00 часот, осудениците кој биле заедно во собата со А.Р.(21) од Скопје, истиот го затекнале во бесознание, по што со […]
______________________________________________________________________________________________________