Одела да си ги земе децата од училиште: Познат идентитетот на првата цивилна жртва во Лондон


Мајка, која во моментот одела да си ги земе децата од училиште, е првата цивилна жртва од вчерашниот терористички напад во Лондон, чиј идентитет и беше откриен на јавноста.zrtva

Се работи за 43-годишната Ајша Фраде, наставничка по шпански јазик во шестто одделение во училиште близу мостот „Вестминистер“. Ајша била на пат до училиштето на нејзините две деца, на возраст од 8 и 11 години, кога напаѓачот почнал со автомобилот да коси се пред себе.2zrtva

Во вчерашниот терористички напад во Лондон загинаа три цивили, еден полициски службеник и самиот напаѓач. Беа повредени околу 40 лица, од кои седум се во критична состојба.Семејството на Ајша потекнува од шпанскиот град Бетанзос, во близина на Ла Коруња. Таа е родена во Британија и е во брак со Португалец.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1