21/09/2020 15:30
•
Posted by: MK News
Во текот на вчерашниот ден приведен е С.А. (32) од Скопје кој нападна лекар на Клиниката за токсикологија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од МВР. Инцидентот на Клиниката за токсикологија се случи вчера, е лекарот што бил нападнат завршил со неколку хематоми и расекотини по телото. Осуда за нападот на лекарот, во […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:29
•
Posted by: MK News
Британскиот премиер Борис Џонсон размислува за повторно воведување карантин во земјата поради брзото зголемување на бројот на нови случаи со Ковид-19. Според британските медиуми, бројот на нови инфекции во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000 дневно, а бројот на пациенти кои се примени во болница со Ковид-19 се удвојува на секои осум дена. Се […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:27
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех денеска поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на коронавирус во земјата. Премиерот Андреј Бабиш му се заблагодари на Војтех за неговата работа. Бабиш на Твитер објави дека Војтех можеше да биде запаметен како најдобриот чешки министер за здравство доколку не мораше […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:22
•
Posted by: MK News
Регулаторната комисија донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Согласно одлуката на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:21
•
Posted by: MK News
Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21)од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје. Секторот за меѓународна полициска […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:15
•
Posted by: MK News
Група на околу триесетина луѓе утрово ја скршиле вратата на инфективното одделение во болницата во Струмуица и го земале телото на починат пациент кој бил тестиран за коронавирус, пишува Фокус. Пациентот бил примен утрово како сомнителен случај на Ковид-19, веднаш му бил земен брис, но во меѓувреме неговата состојба се влошила и починал. Резултатите од […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:11
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски денеска соопшти дека на Инфективната клиника во Скопје како последица на Ковид 19 починало 22-годишно момче од Свети Николе. Според неговата информација, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје. Коцевски апелираше до сите жители на општина […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2020 16:17
•
Posted by: MK News
Родилка и нејзиното бебе синоќа починаа на скопската клиника за гинекологија . Докторите велат причина за смртта на мајката била згрутување на крвта по извршениот царски рез . Внатрешна контрола ќе го испитува случајот . Родилката која била во деветти месец дошла на преглед, а по направеното ЦЕ-ТЕ-ГЕ, и било кажано да почека оти снимката […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2020 16:15
•
Posted by: MK News
Директорот на струмичката градинка, Васил Бубев изјави дека уште две деца од градинката од истата група од која е првото, се позитивни на Ковид-19. -Не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на Ковид- 19 во групата, бидејќи едното од децата воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2020 16:13
•
Posted by: MK News
Изминативе три дена е зголемен процентот на позитивни случаи на Ковид-19 од вкупниот број на направени тестови. Според министерот за здравство Венко Филипче имавме тренд на опаѓање од 10 проценти, стигнавме донекаде 6,5, а сега е околу осум. Министерот вчера информира дека деновиве се прават анализи за зголемениот процент на позитивни случаи што ќе продолжи […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2020 16:08
•
Posted by: MK News
Родилка и нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија. Четириесет годишната трудница К.Ј. од населбата Шуто Оризари, Скопје била примена во приемната амбуланта на ЈЗУ У ГАК-Скопје на 18 септември, на нејзино барање со образложение дека е дојдена да ја види состојбата на нејзиното бебе. Таа, како што соопштија од Клиниката, не знаела […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2020 19:33
•
Posted by: MK News
На помалку од две недели пред почетокот на новата учебна година, обезбедувањето на компјутерска опрема за наставниците кои ќе одржуваат „онлајн“ настава е неизвесно. Друг проблем е и недостигот на компјутери и таблети за учениците. Вчера, министерката за образование Мила Царовска излезе со констатација дека околу 40 илјади ученици од основните и средните училишта немаат […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2020 19:28
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2020 19:25
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи презема стандарди полициски оперативни мерки и активности, коментираат од МВР во врска со обвинувањата кои ги упати поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска дека зградата во која живее е под опсада. -Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2020 17:12
•
Posted by: MK News
Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на дексаметазон за лекување на пациентите со Ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето. Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респриратор. Испитувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд во јуни покажа дека дексаметазонот ја […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2020 17:09
•
Posted by: MK News
Викендов Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали има услови за повеќечасовно згрижување на децата во училиштата. Министерот Филипче вели добро е што се работи за истиот број на ученици кои заедно ќе слушаат и настава. „Разговаравме вчера со министерката Царовска, анализата е направена. По комисијата ќе одлучуваме во понеделник на Влада. Бројката е толку […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2020 17:07
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство, изрази загриженост за зголемената смртност кај пациентите заразени со Ковид-19 и соопшти дека прават анализа зошто е тоа така. Според неговите последни информации, во последното деноноќие починале уште пациенти. -Точно е дека последните денови е зголемен бројот на починати како последица на ковид-19, и тоа последиве три дена. Претходно процентот беше 6,5, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2020 20:27
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени […]
______________________________________________________________________________________________________