12/09/2020 09:11
•
Posted by: MK News
Полициски службеници од Свети Николе во моментов постапуваат по телефонската дојава од 56-годишната Атиџе Муратова, главната хероина на документарниот филм „Медена Земја“, која реагирала дека соседот ја вознемирува и се заканува. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека откако полициските службеници ќе ја утврдат фактичката состојба меѓу 56-годишната Атиџе Муратова и нејзиниот сосед јавноста ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2020 15:17
•
Posted by: MK News
Како бомба одекна веста во британските, па и во светските медиуми дека Бекамови со месеци криеле дека се заразени со коронавирус. Наводно, брачната двојка Бекам се заразила на 1 март, додека била во САД, а по враќањето во Велика Британија, Дејвид ги почувствувал првите симптоми, а потоа и Викторија. По враќањето во Англија, тие одлучиле […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2020 15:07
•
Posted by: MK News
Укинат 30 дневниот притвор на бизнисменот и советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро. Браќата понудиле гаранција од 850 илјади евра која охридскиот суд ја прифатил. Претходно за да излезат од затворскиот притвор тие понудија 30 илјади евра кои беа одбиени од битолската апелација поради сомневањето дека може да избегаат и да бидат недостапни за […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2020 15:03
•
Posted by: MK News
Започна најавениот протест против поскапувањето на струјата од пред Регулаторната комисија во Скопје. Еден час со автомобили ќе бидат блокирани крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија. Владо Мисајловски, кој даде изјава за медиумите, ги пренесе нивните барања – враќање на цената на струјата и оставка од членовите на Регулаторната комисија и претседателот. Мисајловски кажа […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2020 16:22
•
Posted by: MK News
До 23-ти септември имаат рок хронично болните да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа. Ова е заклучокот од утринската средба на министерот за здравство и здруженија на пациенти. За да можат тоа да го реализираат Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2020 16:19
•
Posted by: MK News
Поради отсуство на првообвинетиот Бојан Јовановски, судијката Софче Гаврилова Ефремова го одложи денешното рочиште за случајот Меѓународен сојуз. Јовановски пред два дена беше итно опериран поради проблеми со желудникот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски, каде што и се наоѓа во моментов. Во случајот „Меѓународен сојуз“, обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2020 16:17
•
Posted by: MK News
Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, најави дека сумата од 10 илјади евра која ј бара како отштета од Вмро Дпмне, ќе ги донира во хуманитарни цели. -Доколку судот одлучи во моја корист, парите ќе ги донирам во СОС детското село, изјави Рускоска. Русковска покрена тужба пред граѓанскиот суд […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2020 16:16
•
Posted by: MK News
Врховниот суд на Република Македонија, постапувајќи по жалбите на обвинетиот и на обвинителството во предметот со сообраќајната несреќа кај Универзална сала, во која животот го загуби Фросина Цековска, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи во делот на кривичната санкција. Со ова […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 18:37
•
Posted by: MK News
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го започна граѓанскиот протест кој е прв од серијата протести, највени од раководството на партијата. Протестот вечерва е против зголемувањето на цената на струјата – започна пред Министерството за правда, а ќе заврши кај Регулаторната комисија за енергетика.
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:37
•
Posted by: MK News
Триесетгодишен жител на Сарај загина денеска откако паднал во канал за лифт во зграда во скопската населба Кисела Вода. Алсат јави дека станува збор за Мујадин Муртезани кој околу 9:30 часот го загубил животот. Засега не е познато како се случила трагедијата.
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:29
•
Posted by: MK News
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска почнува со најавените тематски граѓански протести. Протестот најавен за вечер со почеток во 18 часот е против поаскапувањето на струјата. Според најавите, протестот ќе почне пред зградата на Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. -Имаме скапа струја, а сиромашен народ, и тоа е првата причина поради која […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:28
•
Posted by: MK News
Неисправност на електричната инсталација е првичната причина поради која утринава во 06:50 избувна пожарот во поранешен објект на Комерцијална банка во која се сместени неколку државни институции, вели првиот човек на противпожарната бригада Владимир Симоновски. Симоновски вели дека пожарот зафатил 6 простории но можно е да се опожарени и други. Тој додава и дека ЕВН […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:26
•
Posted by: MK News
Сите градинки ги добиле алгоритмите како да постапуваат доколку некое дете или пак вработен има симптоми слични на Ковид-19. Во тој случај, како што појасни министерката за труд и социјална политика, има посебна просторија каде ќе биде изолирано по што се известува родителот или старателот а потоа и епидемиолог. Шахпаска на првиот ден од стартот […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:25
•
Posted by: MK News
Професор кој беше во затвор поради силување, си го одзел животот, пишува Алсат. Лицето С.М. беше обвинет за обид за силување на малолетно лице на возраст од 8 години. Настанот се случи во почетокот на годинава, а во полиција го пријавила мајката на девојчето.
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:25
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи стартува со акциски план кој предвидува поставување на видео надзор во сообраќајот. Целта на проектот е да се зголеми безбедноста на учесниците и да се намали бројот на сообраќајни инциденти. Како што рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на првата прес конференција по повторното преземање на МВР, новиот концепт за […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:22
•
Posted by: MK News
Шеснаесетгодишна кавадарчанка е позитивна на Ковид-19. Ова е најновиот регистриран случај на коронавирус во Центарот за јавно здравје во Кавадарци, во изминатите 24 часа. Како што изјави доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, девојката не знаела како се заразила со вирусот. Била со лесна клиничка слика и е на домашно лекување. Се работи на утврдување на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:10
•
Posted by: MK News
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го именуваше Александар Пандов за претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ кој се воведува согласно новиот демократски статут на партијата. Пандов, кој е долгогодишен член на партијата досега бил вршител на повеќе партиски функции. НА Синоќешната седница на извршниот комитет на партијата, била донесена одлука за именување и потврдување на мандатите […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2020 14:07
•
Posted by: MK News
По 6 месеци, градинките ги отворија вратите за децата, но под строги протоколи за заштита од Ковид-19. Во функција се по неколку влезови за да нема мешање на децата. Нема прием без мерење на температура, дезинфекција на раце и лекарска потврда дека детето е здраво. Сите вработени се со маски а во групите е дозволено […]
______________________________________________________________________________________________________