Archive by Author

Дете од скопска градинка позитивно на Ковид-19

Прв случај на дете од градинка позитивно на Ковид 19. Информацијата за заразено дете од скопска градинка ја потврдија и од Министерството за труд и социјална политика,јавува Сител. Родителите позитивниот тест го добиле вчера, а утринава во градинката согласно протоколите бил направен и епидемиолошки надзор. Во изолација ќе оди групата кај што било детето. Инаку […]

______________________________________________________________________________________________________

Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Денеска во 18:30 пред Министерството за правда

Денеска во 18:30 опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно излегува на улица во рамки на третиот протест овој пат за Гоце Делчев и како што велат обидот на Заев далеку од очите на јавноста, во рамки на преговорите со Бугарија да тргува со македонскиот идентитет и историја. Според најавата од опозициската партија, протестот треба да почне пред Министерството […]

______________________________________________________________________________________________________

Настаните на отворено ќе се одржуваат со 50 проценти од капацитетот

Настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот и со ограничен број посетители до максимум 1.000, додека настаните на затворено со 30 проценти од капацитетот на местото и исто така, максимум 1.000 посетители, одлучи Владата. Според одлуката донесена денеска врз основа на општите препораки на Комисијата за заразни болести, задолжителна […]

______________________________________________________________________________________________________

Се враќаат на работа од 23 септември родителите на децата до шест години

Родителите чии деца се до шестгодишна возраст, почнувајќи од 23 септември, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од -ти овој месец, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ. Ова е […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се пролонгира рокот за добивање потврда од специјалист за хронично болните лица

Од Министерството за здравство соопштија дека, хронично болните лица до 23-ти септември треба да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа, но, како што истакнаа, доколку не стигнат да ги обезбедат потврдите, рокот ќе биде пролонгиран. Од Министерството истакнаа дека, за […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасено 9-годишно момче кое паднало во Вардар

На 13.09.2020 околу 14 часот било пријавено дека машко дете паднало во река Вардар помеѓу Камени мост и мост „Око“. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници од ПС Центар и Интервентната полиција и деветгодишното дете било извлечено и спасено.

______________________________________________________________________________________________________

Катица Јанева куќниот притвор ќе го издржува во Гевгелија

Ниту тужителката Катица Јанева, ниту пак обвинетиот Бојан Јовановски не присуствуваа на почетокот на судењето во кое поранешната специјална обвинителка приватно го тужи Боки 13 за нелегално прислушување и фотографирање. Рочиштето беше одложено поради тоа што Јовановски се наоѓа на болничко лекување. Јанева го сомничи дека во временски интервал од неколку месеци, тој тајно ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Четири починати и 37 нови случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денеска по влез во Словенија следи 10-дневен карантин

Од денеска карантинот во Словенија е скратен од 14 на 10 дена, а се однесува на патници кои доаѓаат од земји со висок ризик, како и за лица кои биле во контакт со заразени лица, пренесува СТА. Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада пред неколку дена предложи да се намали времетраењето на задолжителниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Груби: На правдата нарачана по телефон и е дојден крајот

Првиот заменик премиер на владата, Артан Груби најави дека како министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, нема да дозволи различна правда за граѓаните и политичарите. Ќе започнеме да ги мониторираме потребните реформи за потполна рамноправност на граѓаните вклучувајќи ја и неселективната првда преку ветинг. Не може да постои една правда за едниот, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Дел од Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ

Дел од раководството и членството на Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ. Трансферот на заедничка средба го официјализира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски. Зафировски рече дека лидерот Љупчо Ристовски партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење сметајќи се себе си за пророк. Мицкоски рече […]

______________________________________________________________________________________________________

98 нови случаи на Ковид-19 и двајца починати пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-13, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-5, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-7, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-2, Ресен-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенит […]

______________________________________________________________________________________________________

Масовна евакуација во Орегон, Трамп во посета на Калифорнија

Пожарите што горат на западниот брег на САД принудија десетици илјади жители на американската сојузна држава Орегон да ги напуштат своите домови, а вкупно половина милион се под наредба за евакуација. За само неколку дена, илјадници домови во Орегон, најновиот епицентар на големиот пожар во државите на Западниот брег, беа уништени, при што загинаа најмалку […]

______________________________________________________________________________________________________

Петмина скопјани грабнале сопственик на „Масерати“ и го терале да им го препише поради долг

Против пет лица од Скопје јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на возраст од 32, 36, 27, 34 и 30 години, по претходен договор и заедно, […]

______________________________________________________________________________________________________

Во градинки во Скопје и Битола две воспитувачки со корона вирус, децата во изолација

Само три дена по отворањето на градинките, пријавени се двајца вработени заразени со вирусот Ковид 19. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во првиот случај станува збор за вработена во градинката „Мајски Цвет“ во Битола. Според оценките на Комисијата за инфективни болести, пет деца од групата кои биле под грижа на заразената се […]

______________________________________________________________________________________________________

Позитивен случај на Ковид во градинка во Центар

Скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин е втората детска установа каде има потврден случај на Ковид 19 кај вработено лице и тоа во периодот кога градинките по 6 месечна пауза ги отворија вратите за згрижување на деца. За разлика од битолскиот случај, овде нема во изолација деца бидејќи вработената која е позитивна на 9 ти не […]

______________________________________________________________________________________________________

Жан Митрев по апсењето на синот: Го избрал најстрашниот пат во животот

Сакав да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот и дека тој пат е добар – вака пред судот во Франкфурт 25-годишниот германски државјанин со македонско потекло Филан Митрев, објаснил зошто тргнал по погрешен пат. Судењето кое е во тек ја привлече македонскта јавност откако германските власти објавиа дека […]

______________________________________________________________________________________________________

140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1