11/12/2016 12:00
•
Posted by: MK News
Канцеларијата на Народниoт правобранител информира дека на денот на одржување на Предвремените парламентарни избори 2016, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321 на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 11:59
•
Posted by: MK News
Гласачките места треба да бидат отворени точно во седум часот, а гласањето трае непрекинато до 19 часот. Кој може да гласа? Право на глас има секое лице кое е запишано во изводот од Избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош. Гласањето се врши лично. По доаѓањето на избирачкото место, на граѓанинот најнапред му […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 11:57
•
Posted by: MK News
Во Избирачкиот список запишани за гласање се 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија. Во земјава ќе гласаат 1.531.368 граѓани. Изборите ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и во 46 во седмата изборна единица што ја опфаќа дијаспората. На посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 11:56
•
Posted by: MK News
Излезноста до 10 часот на ниво на целата територија на Македонија изнесува 9.49 отсто. Излезноста е поголема во македонските населени места.
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 11:54
•
Posted by: MK News
Цистерна со гас вчеравечер се удрила во други автомобили и се запалила на автопат во Кенија, при што најмалку 33 лица погинале, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти. Возачот на цистерната ја загубил контролата врз возилото откако со голема брзина се спуштал по удолнина на автопатот од главниот град Најроби кон градот Најваша. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 11:51
•
Posted by: MK News
Избирачкото ливче ги содржи имињата на сите 11 коалиции и партии што имаат 58 листи со 1.092 кандидати. Во онаа изборна единица каде поголем број од жителите се припадници на некоја од заедниците избирачкото ливче е на македонски јазик и на нивниот мајчин јазик. Карактеристично за овие избори е што првпат избирачкиот список содржи фотографии […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 11:50
•
Posted by: MK News
Есма Реџепова, кралицата на ромската музика, почина денеска по кратко боледување на 73. годишна возраст. Таа вечно ќе се памети по неповторливиот глас, како и хуманоста. Есма е родена на 8 август 1943 година, таа е петто дете од шесте на Чанија и Ибраим Реџепови. Се родила во мала куќичка во Скопје. Таткото Ибраим во […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 11:48
•
Posted by: MK News
Утрово, по кратко и тешко боледување на 73 годична возраст почина кралицата на ромската музика, нашиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова Теодосиевска Есма Реџепова, нарекувана Кралица на Ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење, национален уметник, која во 2013 г. ја доби и престижната титула Национален уметник на Република Македонија, а во […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2016 11:46
•
Posted by: MK News
Досега има 38 жртви во двата бомбашки атентати во непосредна близина на стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ во Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, цитиран од светските агенции. -Според последните податоци, во синоќешните напади загинале 38 лица. Од нив 30 се полицајци, седуммина се цивили, а идентитетот на еден од убиените се […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 20:29
•
Posted by: MK News
Најмалку седум лица загинаа, а најмалку 25 се повредени кога товарен воз, кој превезувал течен нафтен гас излетал од шините и експлодирал во селото Хитрино, во североисточна Бугарија. Товарниот воз пренесувал 26 цистерни со пропан бутан. Од се уште неутврдени причини излетал од шините при што дошло до експлозија и пожар, кој уништиле 20-ина околни […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 20:27
•
Posted by: MK News
Голем земјотрес ги погодил Соломонските острови, иако земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер го погодил градот Киракиру, не постои непосредна опасност од цунами, велат од Пацифичкиот центар за предупредување на опасност од цунами.Пред два дена земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погодил островите во јужниот дел на Тихиот океан и нанел голема […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 20:16
•
Posted by: MK News
Кој му наредил и под чија команда денеска лице од Струмица се обидувало да влијае врз утрешното гласање? Ова се двете најважни прашања на кои ке треба да одговори претстојната истрага во која засега е опфатено само едно лице. Имено, 52 годишен струмичанец , според сознанијата кои ги добивме од полиција, кружел низ градот со […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 20:12
•
Posted by: MK News
Вистинска трагедија се случи во Њујорк кога две девојчиња загинаа поради расипан радијатор. Таткото ја заспивал двегодишната Ибанез и едногодишната Скајли и излегол од станот, а пред тоа само го вклучил греењето. Мајката на девојчињата стигнала дома дури по неколу часа, но кога влегла во собата, затекнала просторија исполнета со врела пареа, а децата не […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 15:05
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи односно надлежните подрачни единици од областа на управните работи, по повод предвремените парламентарни избори на 11.12.2016 година ќе работат на издавање на лични карти, но само за лица кои што ја загубиле или им е украдена како и на лицата на која им е оштетена личната карта. Воедно истиот ден ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 15:02
•
Posted by: MK News
„Има уште многу песни што Наум Петрески ќе ни ги испее во иднина, на свој оригинален и маестрален начин и затоа тој е се’ уште „Грло ненапеано“, како што се вика неговиот нов албум по повод три децении успешна кариера“ – напишаа колегите новинари по промоцијата која се случи завчеравечер, среда, 7-ми декември 2016 во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 15:01
•
Posted by: MK News
Народната банка на Република Македонија од 15 декември годинава ќе ги пушти во оптек книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе ги повлече од оптек банкнотите од 5.000 денари. НБРМ информира дека одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 14:58
•
Posted by: MK News
Студентаката на Универзитетот во Пенсилванија, Медисон Холеран, во својата 19-та година се самоубила. Овој несреќен случај се случил минатата година, а сега нејзините родители решиле да го објават нејзиното проштално писмо со надеж дека ќе им помогне на луѓето кои патат од депресија. -Себе. За тебе мамо, за ѓерданите. За вас бабо и дедо, и […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2016 14:53
•
Posted by: MK News
Во понеделник и вторник ќе има продор на студена воздушна маса од север, што ќе услови засилен северен ветер, особено од понеделник попладне. На места ќе провејува слаб снег, а дневната температура од вторник позначително ќе опадне. Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 […]
______________________________________________________________________________________________________