04/12/2016 12:47
•
Posted by: MK News
Во судар на камион и школски автобус, кој превезувал група на чирлидерки од средно училиште во западен Тексас, настрада едно лице, а седум се повредени. Загина Елизабет Поуп (52), една од спонзорите на чирлидерките. Од седум повредени кои се префрлени во блиските болници, четворица се пуштени дома. До сударот дошло кога автобусот, во кој се […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2016 12:45
•
Posted by: MK News
Вчера во 16.15 часот во с.Добри Дол, Ж.Т. (52) од с.Копанце, собирајќи смет со товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, враќајќи се наназад го потиснал и нагмечил во столб С.Ј. (59) од с.Брвеница, тетовско. Лицето било пренесено во Медицински центар Тетово, а потоа поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар Скопје. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2016 12:44
•
Posted by: MK News
Вчера вечер околу 21.30 часот на магистралниот пат Охрид-Струга, кај с.Подмолје, патничко моторно возило „КИА“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (37) од с.Мороишта, струшко, излетало од патот. Од незгодата повреден е Б.Р., кој бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде во 22.40 часот починал. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2016 12:37
•
Posted by: MK News
Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2016 12:35
•
Posted by: MK News
Жител на струшкото село Мороишта го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат во близина на охридскиот аеродром. СВР Охрид ја потврди информацијата, со појаснување дека станува збор за лице на 37-годишна возраст што настрадало при излетување на возило од патот. Причините што ја предизвикале несреќата ќе ги утврди истрагата.
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 21:27
•
Posted by: MK News
Победуваме, победа, победа!, повика Зоран Заев вечерва на митингот во Битола на Коалицијата предводена од СДСМ. – Ве повикувам да ја довршиме борбата. Режим паѓа, живот враќаме. Да го вратиме животот кој битолчани го живееја а заборавија да го живеат. Дозволете да си го дадам својот збор. Знаеме дека режимот паѓа, но тоа не е […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 21:25
•
Posted by: MK News
Бројот на загинатите во пожарот во ноќниот клуб во Оукланд стигна до 40 лица. Ова го објавија американските медиуми, повикувајќи се на шерифот на градот. До сега се соопштуваше дека загинале најмалку 9. Објавена е уште една информација дека за исчезнати се водат меѓу 25 и 50 лица. Шефот на локалната противпожарна бригада Тереса Рид […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 21:21
•
Posted by: MK News
Заев вели дека се збогатил во време на ВМРО-ДПМНЕ и многумина помислија дека тоа е поради добрите услови кои ги воспоставивме и се создаде добра бизнис клима. Но не, тој се збогати кога стана градоначалник. Стана милионер откако стана градоначалник. Заев не само што нема да стане премиер на Македонија, туку по локалните избори во […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 20:52
•
Posted by: MK News
Врховниот суд на Иран ја потврди смртната пресуда на влијателниот ирански бизнисмен, милијардерот Бабак Занџани, јавија ирански медиуми. Бабак Занџани е осуден на смртна казна по неколку обвиненија, вклучувајќи перење пари и нанесување штета на економијата на земјата. Милијардерот беше уапсен во 2013 година за време на акција против корупција во текот на владеењето на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 20:51
•
Posted by: MK News
Француската пејачка и актерка Ванеса Паради (43) е во врска со режисерот Самјуел Беншентри. Таа 15 години беше во врска со актерот Џони Деп, со кого има две деца. Сепак, двојката се раздели, а Џони потоа се ожени со актерката Амбер Херд, од која во меѓувреме се разведе. „По Џони Деп и Бенџамин Биолеј, Ванеса […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 20:50
•
Posted by: MK News
Докторите и вработените во јавното здравство остро се спротивставуваат на најавите за воведување двојазичност на целата територија на Македонија. Познатиот трауматолог професор доктор Виктор Камиловски во изјава за Сител вели дека двојазичноста ќе влијае врз професионалноста на докторите и ќе ја отежни нивната работа во операционата сала. Тој посочува дека неговите колеги албанци и сега […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 20:48
•
Posted by: MK News
Православните верници утре ќе го го чествуваат воведението, односно воведувањето на света Богородица како тригодишно девојче во храмот. Според народните верувања, каков е биде утрешниот ден таква ќе биде и наредната година. Старите кажуваат: „Ако на Воведение паѓа дожд – наредната година ќе биде родна. Ако дува силен ветер – ќе биде неродна. Ако времето […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 18:31
•
Posted by: MK News
Авионот кој ги пренесувал бразилските фудбалери, кој се урнал во Колумбија, паднал бидејќи екипажот ја барал видеоиграта која ја изгубил еден од играчите, било откриено. Имено, поради потрагата авионот доцнел со полетувањето, што довело до тоа да задоцнат да дополнат гориво во Цоби, бидејќи аеродромот бил затворен. Чартер летот на кој биле припадниците на екипата […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 18:30
•
Posted by: MK News
Полицијата од Окланд Калифорнија, потврди дека во пожарот, што избувна во ноќен клуб има многу жртви, но точниот број засега не се соопштува официјално. Пожарникарите велат дека во објектот имало околу 50 луѓе, додека локалните медиуми пренесуваат дека бројот на посетители бил меѓу 75 и 100. Според првичните информации, загинати се девет луѓе, а 13 […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 18:12
•
Posted by: MK News
Предвидено е на аеродромот во Бразил да се појави и бразилскиот претседател Мичел Темер, а се очекува над 100.000 луѓе да се појават на последниот поздрав со фудбалерите. Денеска во градот Чапoкоензе ќе пристигнат телата на фудбалерите кои загинаа пред неколку дена во авионската несреќа која се случи во близината на колумбискиот град Меделин.
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 15:54
•
Posted by: MK News
По неколку недели Северина Којиќ се врати во медиумите. А нејзиниот прв потег беше шега на сметка на нејзиниот поранешен вереник, Милан Поповиќ кој на почетокот на неделата за мајката насвојот син Александар изјави дека не ја видел од почетокот на октомври. -„Господо драга, она је нестала без трага и то целој причи даје чудан […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 15:32
•
Posted by: MK News
Со концерт и изведба на новогодишни песни на хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје, вчера /02.12.2016 година, петок/ беше вклучена централната елка во Скопје која е поставена на Плоштадот „Македонија“. Централната новогодишна елка со висина од 21 метри, и е осветлена со неколку илјади светилки и светлосни фигури, а […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2016 15:01
•
Posted by: MK News
Актерот и режисер Љубиша Самарџиќ утрово е опериран во Клиничкиот центар во Белград. Љубиша Самарџиќ (80) пред три недели имал одредени здравствени тегоби, по што бил хоспитализиран. Утрово бил прв за операција, успешно опериран и лекарите ја следат неговата состојба. Лекувањето ќе продолжи во Клиничкиот центар.
______________________________________________________________________________________________________