Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, при гостување во емисијата „Четврток во 9“ на РТС, им откри на граѓаните што се случило на небото недалеку од руската граница, кога авионот на „Ер Србија“ бил предупреден од руската конторла на летање да се обиде да идентификува помал авион што летал до него, а тоа бил воен ловец на НАТО.
Вучиќ објасни дека авионот на „Ер Србија“ имало воен ловец на НАТО, кој бил во рускиот воздушен простор.
Претседателот го прочита официјалниот извештај од вчерашниот лет од Москва за Белград.
,,Недалеку од руската граница со Летонија, руската контрола не предупреди, читам од официјалниот извештај, ни побараа визуелно да го идентификуваме авионот до нас. Авионот за кој стануваше збор беше воен ловец, потсетуваше „Еурофајтер“ во сива боја. Бидејќи како ќе пукаат Русите во тој авион ако има патници над него? Тој одеше во правец од лево кон десно, но без да ја загрози безбедноста на нашиот авион. Потоа брзо исчезна од видното поле – го читаше Вучиќ извештајот на пилотот на „Ербасот“.
Утре ќе побараме дополнителни информации од Русите, но ќе побараме и информации од НАТО и да видиме кој се прави паметен, со кои ловци ја загрозува цивилната авијација и ги загрозува цивилите на лет. Зошто се прават паметни, или тоа е случајност, но би било убаво да ни го каже некој тоа“, изјави тој за Српската радио-телевизија (РТС), пренесува Ал Џезира Балканс.
Тој рече дека Србија ги има точните координати на местото каде што се појавил авионот.
„Ова ви го кажувам за да го разберете обемот на притисокот со кој се соочуваме бидејќи Србија е единствената земја која има летови со Москва и Санкт Петербург на исто ниво како што имаше. Тие рекоа дека во нашите авиони има украинска крв. Не се сеќавам на запрени летови Киев – Лондон, Киев – Будимпешта и Киев – Виена кога НАТО ја бомбардираше Србија“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател додаде дека Србија ќе побара објаснување од НАТО за инцидентот.