Авион се урнал во станбена зграда – 9 жртви (Видео)


Девет лица меѓу кои и двајца пилоти загинале во авионска несреќа што се случи во областа Акрон, во Охајо. Малиот авион којшто летал кон аеродромот Фултон во Акрон закачил една станбена зграда која што се запалила по што жителите останале без елекстрична енергија.akron ohajo

„Првин мислевме дека воз излетал од шините, потоа слушнавме огромна врева, а кога го кренав погледот видов како висат жици. Потоа се појави црн чад. Се запали и другата зграда. Пожарникарите спасија едно девојче и нејзиното куче“, изјави Бренда Вајт, станар на зградата.

Нема загинати ниту повредени меѓу жителите на зградата.

Малиот авион, познат како „хокер 800“ има двочлен екипаж и може да пренесува 13 патника.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1