Авион со 103 патници се урна во Мексико – сите 103 патници се преживеани


Патнички авион со 103 патници и членови на екипажот денеска се урна во Мексико. Несреќата се случила непосредно по полетувањето од аеродромот во гратчето Дуранго.

Вистинско чудо е што во уривањето нема ниту еден загинат. Извори од местото на несреќата брифираат дека патниците и екипажот успеале да се извлечат од авионот пред да избувне пожар.

Авионот од моделот „Ембраер 109“ летал на релација Дуранго – Мексико Сити.

Авион на компанијата „Аеромексико“ со 103 патници и членови на екипажот, се урна веднаш по полетувањето од мексиканскиот град Дуранго, но нема загинати. Несреќата се случила околу 16 часот попладне, по локално време, а паднатиот авион е од типот „Ембраер 190“.

Гувернерот на Дураго, Хозе Росас Аиспуро, потврди дека нема смртни последици, но дека 49 лица се пренесени во болница со повреди. Во критична но стабилна состојба се пилотот и еден од патниците.

Според Аиспуро, во време на несреќата во областа паѓал силен град, а имало и грмотевици, што може да биде причина за падот на авионот. Претставник на аеродромот во Дуранго исто така ги посочи лошите временски услови како причина за несреќата.

Авионот прво се урнал, а веднаш потоа се запалил, но патниците биле во можност на време да побегнат. Засега нема информации за идентитетот на патниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1